Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ендометриоза и ендометриозни цисти

Дискусија во 'Бременост' започната од toasumjas, 23 септември 2010.

  1. Cvetche888

    Cvetche888 Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    I jas go preporachuvam. Najdobar
     
  2. MAJA BITOLA

    MAJA BITOLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Треба да одам на операција Лапаратомија, која најверојатно ќе ја правам на ГАК кај Тофовски
    Ве молам за искуства како оди целата процедура дали одма на првиот преглед закажуваат за операција или треба да се чека и колку време?
     
  3. Vanna*

    Vanna* Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki!
    Koj dava boleduvanje posle laparoskopija na cista na jajnik? Ginekologot ili se odi na komisija?
    I kolku vreme otprilika e boleduvanjeto?
     
  4. Feminka1234

    Feminka1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми ја отстранија цистата лапараскопски матичниот гинеколог ми даде боледување од 2 недели и тоа беше се. Опоравувањето е релативно брзо затоа нема потреба од повеќе боледување
     
    На Vanna* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vanna*

    Vanna* Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    I jas znam taka, no ne znam zosto koga ja prasav mojata maticna mi rece taa ne davala boleduvanje, tuku prakala na komisija pa komisijata kolku ke dade tolku...
     
  6. Feminka1234

    Feminka1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    За боледување од 14 дена нема потреба од комисија, ако случајно треба повеќе денови тогаш незнам како иде понатака
     
    На Vanna* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    11.512
    Правев лапароскопија пред 6 месеци на ГАК. Имав еднометриозни цисти, на едниот јакник 6см, на другиот 3см. Ги извадија двете. Преку анализа се потврди дијагнозата дека е ендометриоза.
    Се оперирав кај Тантуровски помладиот. На контрола кога отидов 30 дена по лапароскопијата, не ми препиша никаква терапија.

    Пред еден месец отидов кај матичната на редовен преглед, за пап и ехо и виде дека цистите пак се појавиле.
    Едната е 2см, другата 1см.
    Се изнервира зошто не ми препишале од ГАК терапија со контрацепција, кога веќе не планирам бременост.
    Сега ми препиша таа и ќе почнам да ги пијам.

    Се надевам дека со Крицеата, барем ќе останат иста големина, да не продолжат да растат.
    Не ми се оди пак на лапароскопија - не е толку лесен зафат како што сите зборуваат. Јес, да нема огромна рана како класична операција со рез, ама сепак внатре се работи на органите. Имав, дрен, катетер, инфузија, тешкотии во градниот кош од анестезијата, неможев да земам целосно воздух, со 40% вдишував од што имав огромни болки во ребрата и градниот кош.
    Сите на одделението беа внимателни, културни, немам збор за тоа. Отидов со страв од тоа што имам слушано каков е персоналот на државна- ама излегов со сосема спротивно искуство. Не знам каков е персоналот на другите одделенија ама ваму беа одлични.

    Сепак искуството само по себе си е трауматично. Не би сакала пак да поминувам низ истото.
     
    Последна измена: 20 јули 2023
    На Iva_Iv и izabela.nik им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.645
    Допаѓања:
    79.434
    Пол:
    Женски
    Не знам како можеле без терапија да те пуштат. :x Добро, цистите се мали, гледај внимавај на исхрана... пример, храна без глутен. Можеш, покрај терапијата што ти ја препишала матичната, да пробаш и на природен начин. На Фб има жена што продава мед, бонбони и чај како терапија за ендометриоза. Asel Malik се вика. Околу 4000 денари чини сето тоа. Чај од вирак, исто така, помага. Се надевам ќе поминеш без операција овој пат. :hug:
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.645
    Допаѓања:
    79.434
    Пол:
    Женски
    Вие што сте оперирале ендометриозни цисти и има поминато повеќе од 6 месеци, дали одите се' уште на контроли? Прва контрола имав по еден месец (декември), втора во јануари, потоа во април, тогаш докторката што ме оперира рече добро, наредни контроли кај матичен гинеколог. Кај матичен два пати после тоа се прегледав ама не го прашав, изумив, дали да си правам повремено контроли или само ако има некоја болка или сомнително крварење? Додуша и не е секоја болка за трчање на преглед, некогаш има болни овулации, болни менструации па не знам... :|
     
  10. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Jas pravam kontroli po potreba. Mene posle laparaskopijata pak mi se pojavi i taa znae nekogas bolki da mi pravi.
     
  11. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Дали со ендометриоза добивате редовно циклус или знае да закасни?
     
  12. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Пред да направам операција ми каснеше по 10 дена, од кога направив добивав од 30 до 35.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Мене еве вторпат ми касни, цел живот добивам на 27 - 28 дена, минатиот месец ми закасни неколку дена, овој месец 40 дена еве и немам чувство дека ќе ми дојде, а ме боли кичма и колкови и имам тапа болка во јајници и матка, дури кога ќе седнам на столче ме заболува. На ехо ми викаат дека сѐ е во ред. Не знам каде да отидам веќе, сите доктори ми викаат нема шанси да е ендометриоза. Ова го осеќам неколку месеци наназад, а во март имав киретажа и некако од тогаш откако почнав да добивам циклус осеќам дека нешто ми се случува, не може да е нормално да ги осеќам јајниците толку отечени. Ако знаете да ми препорачате некој доктор, кој било, може и матичен гинеколог што се разбира да отидам директно да ми каже тоа е или нешто друго.
     
    Последна измена: 27 септември 2023
  14. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Јас имав многу болни менструации, имам читано дека 90% ендометриозата се дијагностицира со лапараскопија, ја бев кај доктор Зоран Илиевски во чаир. Тој и ме оперираше. На првиот преглед ми рече 90% имаш ендометриоза за 100% да сум сигурен ќе направиме лапараскопија и во право беше.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.645
    Допаѓања:
    79.434
    Пол:
    Женски
    Редовно и точно. После операција и порано ми иде.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Ми треба упат за да отидам кај Зоран Илиевски или можам да си закажам сама преглед? Фала ти многу за информацијава.
     
  17. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Упат, само незнам кој ден е во амбуланта мене случајно ми се погоди тогаш. Прошлата среда беше во амбуланта бев за паталошката да ми дадат извештај, е сега незнам дали секоја среда е... ако има некоја членка инфо нека каже како да дознаеш. Кој ти е матичен ако не е проблем да кажеш, бидејќи матичниот те упатува на овие работи.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Е тоа веројатно ќе биде проблем зошто неколку пати одам кај матичната и кажувам што осеќам, ми вика што си запнала со таа ендометриоза... Веројатно ќе треба да инсистирам, а еве сега и не ни добив, па може ќе ме сфати сериозно. Фала ти во секој случај, ќе гледам да отидам кај Зоран Илиевски, некако мора да може.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.540
    Немам лично искуство со ендометриоза ама баш преку ехо ретко кој ја открил дека ја има. Или ги има на други органи што гинеколог не посветува нели внимание.
    Обично рентген и лапараскопија мора.
    Баш читав во просек требаат неколку години да добиеш точна дијагноза...
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Да баш затоа и мислам дека имам и барам гинеколог што ќе знае дали е ендометриоза според симптомите, зошто на ехо се е супер, а јас едвај од кревет станувам сабајле.