Форумџика на годината

Ендометриоза и ендометриозни цисти

Дискусија во 'Бременост' започната од toasumjas, 23 септември 2010.

  1. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Здраво, дали беше на преглед и дали утврди точна дијагноза? Јас ги имам истите симптоми како што опиша погоре.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.666
    Допаѓања:
    79.667
    Пол:
    Женски
    Некое време размислувам па решив да пишам во темава.
    Имав ендометриозна циста и хируршки ја отстранив, сега, фала Богу, немам никаков проблем. Меѓутоа, понекогаш на форумов наидувам на коментари "имам ендометриоза" или "се сомневам на ендометриоза иако на ехо нема ништо" и тука нешто не ми е јасно. Читав доста на Интернет за таа состојба и знам дека за дијагностицирање, треба на ехо да се види. Не може да станува збор за ендометриоза ако нема цисти, нели? Освен ако ехото не е направено како што треба, што не мислам дека би можело да се случи, сепак прегледите се за добро да се види состојба.
    Другите симптоми, претпоставувам, одат заедно со цистите. Болки, крварење.
    Друго нешто што ме интересира, искуства после операција на ендометриозна циста, дали сте имале или немале проблеми со забременување и здрава бременост? Не би брзала се' уште за бебе, но понекогаш се прашувам дали може да имам проблем некаков иако тоа веќе помина, па ме интересира да видам ваши искуства.
     
  3. Mawoto-Stefi

    Mawoto-Stefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сум оперирана, лапараскопски, од циста која стигна над 5цм, за која се сомневаа дека е ендометриозна и тоа се потврди. Но при операцијата се виде дека имам ендометриоза низ цела мала карлица, што секако не беше видливо на ниедно ехо. Така да не-не значи дека ако нема цисти нема и ендометриоза, жариште може да се појави насекаде низ телото, и состојбата се поврзува со болни циклуси, пообилни крварења но и изнемоштеност и проблеми со плодноста. Јас конкретно 2 години после операцијата, не успеав да останам бремена, иако повеќето други параметри се добри, па моментално сум во постапка на ивф. Се надевам дека нешто помогнав со споделеново лично искуство.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.666
    Допаѓања:
    79.667
    Пол:
    Женски
    Офф :( Се изначитав коментари, и позитивни и негативни, значи ништо не е сигурно. Фала ти, ти посакувам успешно ивф и да си се израдуваш со бебенце. :l:
     
  5. Mawoto-Stefi

    Mawoto-Stefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    тоа сакав да допишам, има и премногу позитивни приказни, девојки жени со ендометриоза кои немаат скоро никакви симптоми и остануваат бремени веднаш после операција, или воопшто не се ни оперираат ако се работи за помали цисти. Ти посакувам и ти да бидеш една таква позитивна приказна кога ќе посакаш ☺️ и да ни пишеш овде и да охрабриш некои други форумки
     
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.502
    Јас имам ендометриозни цисти, и на двата јајника, по околу 5 цм и едната е двокоморна. Дополнително, имам миом 5 цм.

    Бев на повеќе мислења (матичната, др. Таше во Плодност, др. Трајковски во Newborn, др. Гордана во Систина и др. Димитров во Систина). Сите освен др. Димитров ми рекоа дека морам да се оперирам и да не чекам. И беа поделени мислењата дали лапаротомија или лапароскопија. Др. Димитров (најпоследно бев кај него) ми рече дека не може да ме оперира без да знае дека сум пробала да останам бремена, и сум не можела. Ми рече дека операцијата си доаѓа со ризик од намалување на резервата на јајце клетки, и поголема шанса за да мора инвитро после операција. Ми рече дека ендометриозата може да ми смета во зачнување, ама не и во бременоста. Ако затруднам ми рече, не би требало да имам проблеми потоа.
    И се решив да пробам да останам бремена, и моментално сум 5ти месец.
    Сега ми вика дека и после пораѓај нема да ме оперира, иако цистите и малку се пораснати. Туку дека ќе ме остави да си одам на второ дете. Евентуално ако е царски, ќе зеде примерок за испитување. И кога ќе решам дека не сакам повеќе да раѓам, тогаш ќе ме оперира.

    Јас од се' срце, за било какви недоумици, ти го препорачувам др. Димитров во Систина. Ептен е стручен за оваа проблематика, за оперирање, а и за забременување со истата.
     
    На Iva_Iv, izabela.nik, simonce97 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Да знаеш колку само ми даде надеж сега што те прочитав. :f:
    Дали имаше некакви тегоби или симптоми од цистите пред да останеш трудна?
    Дали бременоста ти е нормална или се водиш како ризична?
    На два ума сум дали да ја извадам цистата пред бременост или не, докторите поделени со мислења, на мене останува да пресечам кому да верувам. Димитров како се вика Горан или Глигор? Ќе закажам и јас кај него
     
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.502
    Глигор Димитров, во Систина. Јас сум кај него.
    Брат му е на ГАК, Горан.
    Инаку од цистите пред да забременам имав поболни менструации, често и нередовни менструации, пообилни крварење некогаш, па поради хормонски терапии покачував на килажа, последно и еден тумор маркер малку покачен беше...

    Инаку бременоста ми е скроз нормална, без никаков ризик. Со внимателно следење на миомот посебно, за да не смета на бебето. Буквално ни утрогестан не зимав. Еднаш што имав како лажни контракции и бев на итната во Систина кај друг лекар и ми даде утрогестан вагиналети, и после Димитров ми рече дека немам потреба. Немам застането цела бременост, активна сум цело време.

    Не знам, консултирај се со повеќе лекари. Јас се решив да му верувам на Димитров, иако беше неговото против мислењето на другите тројца лекари. И воопшто не згрешив, 36та ја терам веќе.
    Ти посакувам многу среќа! :l:
     
    На Rozevata, simonce97 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Супер за тебе. Мене ме искасапија без да имам пробано да останам бремена и си останав со еден јајник, заради ендометриоза.
     
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.502
    Леле баш ми е жал :(
    Јас се надевам дека ќе успееш, само позитивни мисли. :l:
    И да си најдеш доктор на кој ќе му веруваш, бидејќи и покрај ваквиот исход од операцијата, сепак бременоста не е невозможна. Само патот е потежок...

    Јас кај три доктори по ред кај што бев, сите тројца велеа дека мора прво операција.. И тоа Таше во Плодност, Трајковски во Newborn и во Систина др. Булиќ.
    Па кај Димитров закажав 4то мислење на крај најмногу бидејќи сакав тој да ме оперира, некако Битола далеку ми се виде за патување. А првично се мислев за во Плодност.
    Веќе бев помирена дека ќе мора операција, и после отом потом за забременување... Ама ете, Димитров имаше друг пристап и мојата интуиција ми велеше дека треба да го послушам него.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Веќе правев еднаш пред некоја година, сега пак ми сугерираат дека треба. :(
    Партал ќе ме направат, а уште немам ни пробано за бременост, не ми се иде пак по тој пат.
    Баш ми е жал што си била и ти во таква ситуација, сега како си?
    Операциите воопшто не се лек, се враќа пак за некој период, ама ако имаш болки друга опција нема.
     
  12. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Да и мене ми викаат пак требало па можело без јајници да останам. А деца немам. Немам болки фала богу.
     
  13. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Памет немам што ќе правам.
     
  14. Tory

    Tory Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    На моја блиска и открија ендиметриозна циста на левиот јајник од 5 цм и на десниот 3цм , дополнително уште една со лок и влакна, бевме кај Зоран во ре демика каде што кажа дека има и полип и дополнитело на уште една консулатација оридовме кај Алуловски каде кажа дека полип нема туку тоа било сенка од матката,каде мислите да појдеме на уште едно мислење?
     
  15. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Моја препорака е др. Сотир од Плодност. Јас имав лапароскопија за миом..
     
    На Tory му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Да ретки се тие, моја најдобра пријателка живее во Канада таму студираше... Овде сите доктори истото и рекоа операција мн големи и беа цистите едниот јајник бил скоро 8 цм циста другиот со две помали... И како почна да студира во Канада ја ставија на предвремена менопауза (терапија, редовни контроли) се намалија цистите 3x од големината. Никој не и препорачал да има операција туку да ги одржава додека не реши да роди. Овде ќе ја направија масакар на 18 години...
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Правеше колоноскопија?
     
  18. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Како преку рентген се открива ендометриоза, ако не ти е проблем подетално да објасниш. Дали кога ќе откријат дека има ендометриоза, одма препишуваат терапија. Ти благодарам на одговорите.
     
  19. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Мила, ако не ти е премногу приватно прашањево, ме интересира за колку време остана трудна откако почнавте да пробувате? Кај мене е доста агресивна ендометриозата, со адхезии, не само цисти. По твоја препорака отидов кај Димитров, ми рече првин да пробуваме природно некој месец. Веќе 3 месец нема ништо, почна да ме фаќа страв само на тоа мислам.
    Еднаш имам правено лапароскопија, но ми се повтори и тоа уште поагресивна е. Докторот рече да пробаме првин природно, за да не се иде одма на интервенции, со нив уште повеќе се оштетуваат јајниците.
    И ни вака небива, ниту онака.
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.502
    Јас немам атхезии уште... Кај мене уште првиот месец бидна инаку.
    Претходно пробувавте или само овие три месеци? Бидејќи нормално се смета до година дена обидување.
    Јас мислам да не се обесхрабруваш, само позитивни мисли. И да го послушаш Димитров, што и да те советува. Може спермограм да направите и на сопругот, за секој случај.
    Ние двајцата три месеци пред воопшто да се обидеме, се ставивме на поздрава исхрана, за детокс на телото. Маж ми плус конзумираше мака, повеќе јаткасти плодови, лосос, телешко...
    Ама мислам дека позитивните мисли, а не стравувања и исчекување, многу влијаат.