Здраво денес бев на гинеколог имам болки при крајот на уринирање и последната менструација ми беше многу крвава на ехо е видено задебелување на матката 16 мм и фоликул на лев јакник 17 мм препишана ми е терапија Норетистероне да пијам. Ме интересира дали задебелувањето е исто што и ендометриозата? Ви благодарам
Здраво драги девојки/жени. Во ендометриоза се сомневам веќе повеќе години. Откако добив на 11-12 години, целиот живот имам големи болки за време на менструација, во време на ПМС, па дури и во бодежи во овулација. Никакви апчиња не помагаат. Исто така при односи одредени пози секогаш ме болеле. Болките се во пределот од стомакот, долниот дел на грбот и дури и мигрира кон нозете. Циклусот ми е генерално редовен, со исклучок на 1-2 пати годишно кога знае да касни неколку дена, така да овде не можам да се пожалам. Единствени периоди кога сум осеќала минимално подобрување било кога сум била по фит и сум применувала здрава исхрана. Но како што кажав, сосем минимално подобрување. Не можам веќе вака да живеам, пречка ми е во секојдневниот живот. На гинеколог сум била 2 пати во цел живот, што е лошо и неодговорно, знам. Првиот пат на гинеколог бев на 20-21 годишна возраст, кај еден дрзок стар вампир што ме направи од го**о подоле. Ми рече дека не ми е ништо и дека таква ми била среќата и дека болките ќе ми исчезнат кога ќе родам. Со ултразвук само виде неколку цистички на едниот јајник, а другиот беше чист. Претпоставувам не биле чоколадни цисти бидејки рече дека се нормални и сами ќе си се исчистат. 2-3 години после тоа бев на нов гинеколог, а од тогаш немам појдено воопшто. Жената беше супер и фина, само што прегледот беше пребрз и единствено направивме само многу површинско ехо каде што не може баш нешто подетално да се види и единствено нешто што ми кажа е дека имам превртена матка, поставена обратно и дека болките се најверојатно поради превртената матка. Е сега, имам читано дека може да си родена со таква матка, но може да биде и како последица на ендометриоза. Во врска со било какви цисти на јајниците не спомна ништо, ако воопшто можеше да види како што треба со оглед на тоа што беше површинско ехо. Во случај да немам видливи со ехо - цисти на самите јајници, дали има овде некоја од вас со ендометриоза само на јајцеводи, матка итн.? Сепак, сево ова ми е мене некако како на пљукни залепи, од ракав истресени дијагнози, со оглед на тоа што ендометриозата е позната по тоа што тешко се дијагностицира. Дајте ми некој совет и мислење, дали изгледа како да има некаква шанса за ендометриоза според симптомиве или да не си губам време и нерви. Ако да, ваш совет од каде да почнам, на што да инсистирам кај докторите, на што да сум спремна и што да очекувам.
@Cinnamon Bun апсолутно имаш основ да се сомневаш дека имаш ендометриоза со наведените симптоми. Врвните доктори гинеколози и акушери ќе ти кажат дека менструацијата не смее да боли а доколку боли нешто не е во ред. Односно, дека да, нормални се болки, (секако не можеме да очекуваме дека тој период ни е насјаен), но тие болки ни под разно не смеат да влијаат на квалитетот на живот на жената/девојчето. Не може ни под разно секој циклус да повраќаш, или да не можеш да станеш од кревет, да ти се тресат нозете и да завршуваш на инекции. Не може константно да пиеш таблети против болка, а притоа да не ти помагаат. Не, тоа дефинитивно не е нормално. Што се однесува до матката, да, може да си родена со таква матка и тоа нема врска со болките, ниту со можност за забременување и носење на плодот во иднина. Личен пример за тоа сум јас. Имам таква матка зачнав без потешкотии два пати, од кој вториот пат од само еден единствен однос. Бременостите ми беа беспрекорни и родив здрави деца. Кога мене ми соопштија дека имам таква матка докторот ми направи паралела со левак, како што поголем процент се раѓаат десничари, така постојат и леваци. Никаква маана немаат леваците, исти работи можат да прават како и десничарите, само со лева рака. Така и нашата матка, наназад е само и толку. Како и членката погоре би ти препорачала да одиш кај приватен гинеколог со повнимателен пристап, кој добро ќе го сослуша и уважи твојот терор.
Направи си дополнителни испитувања за да бидеш помирна. И да има нешто да се фати и третира навреме. Супер што размислуваш и се интересираш сега, пред воопшто да се обидуваш да забремениш, многу од нас тек тогаш почнуваме со испитувања. На тема превртена матка и јас се интересирав и мене ми имаа кажано дека ми е превртена. Тоа не е сериозна состојба, но може да предизвика болни менструации, како што ти кажале. Веројатно веќе имаш истражено, но еве и за илустрација, превртена велат кога матката наместо да е наклонета кон бешиката, е превртена наназад накај ректумот, како на сликата. Од останатите симптоми што ги спомена, има една состојба што се нарекува ретроградна менструација, кога дел од менструалната крв оди нагоре во матката и се манифестира со болка, повраќање, вртоглавици, а често причинува ендометриоза, меѓутоа ендометриозата тука се јавува како последица а не примарна причина и не мора да значи дека ја има. Прочитај баш за ова. Најди добар дијагностичар на државно или приватно и слушни други мислења.
Девојки ненадејно ми открија дека имав ендометриоза и треба да правам операција,но јас немав никакви болки и не сакав да правам сепак цистите ми беа 3 цм и читав секаде и најдов дека можат да се излечат со алтернативна медицина.Почнав со тоа и после три месеци немам ништо.Ако имате прашања поставете во приватна порака
Тешко дека може да се излечи со алтернативна медицина, можеби ако имаш болки или друга мака да ги менаџираш ама единствен начин да ги отстраниш е со операција или бременост. Не знам колку години имаш и дали имаш/планираш деца. Доколку планираш бременост, мој совет е да не правиш операција. Ендометриозата може да прави проблеми при забременување, Доколку тоа се случи можеби решение би било операција ама и во таков случај прво треба да се види состојба на хормоните на јајниците па тогаш да се оди на таков чекор. Пред да се одлучиш на било што, обавезно прво оди кај Димитров во Систина на консултации
Кај мене се излечи имам 29 години и едно дете, не гарантирам дека може кај секоја тоа да помогни сепак зошто да не се проба…Исто така заборавив да кажам дека еден месец имав и исхрана без глутен,шеќери,мрсна храна,јадев само мисиркино месо и риба многу зеленчук,овошје за да го смирам воспалението плус алтернативната медицина.
Дали ја излечи ендометриозата, кога беше бремена и го роди детенцето? Многу ми е битно дали ти потврди гинеколог дека немаш ендометриоза, оти братучетка ми цела година оди по гинеколози и имаат кажано дека нема решение за ендометриозата освен операција.
Јас имав две ендометирозни цисти на еден јајник, ( тој ми го викаа закржлавен) и ми се чудеа како сум останала бремена. Во првата бременост после пораѓај ми ја снема едната, сега сум со второ бремена па да видам дали ќе ја снема и другата. И мене ми рекоа дека само операција е решение, но и бременост и ете стварно.
Не,и мене истото ми го велеа и на крај кога почнаа да се намалуваат ми рекоја дека можам да направам вагинално празнење,но тоа ми беше пострашно и си продолжив со исхраната..
Извини ако не ти е проблем, можеш да ми објасниш што е тоа вагинално празнење, прв пат слушам за таков термин. Фала за одговорот и објаснувањето.