Дали може да ми препорачате гинеколог на приватно, што навистина ќе се потруди да откриеме дали имам ендометриоза? Имам неиздржливи болки, обилно крварење, болки во десен јајник надвор од циклус и болки за време на овулација и на мојата матична гин. сето тоа и е нормално и вели дека имам ниска толеранција на болка, што воопшто не е случајот инаку. Од една страна ја разбирам, затоа што имам редовна менструација, хормоните ми се океј и се е добро на ехо, ама сакам некој да ме барем слушне за симптомите. Ај што секој месец умирам од болки, ама и скоро сум слабокрвна затоа што моето тело не постигнува да се опорави после толку крварење, иако се многу здраво хранам. Навистина сомневам дека имам ендометриоза, ама да дојдеш до таа дијагноза ми изгледа како научна фантастика.
Здраво,би ти препорачала да одиш во болница Плодност таму имаат најдобра апаратура или во друга приватна болница…
Малце касно го гледам одговоров. Инаку мислев на одма само што ќе заврши менструацијата, следниот ден-два штом заврши крварењето имам сеуште болки. А за овучација тоа си е башка плус, си ги имам тие овулативни болки од секогаш. Значи да сумираме, имам болки во: 1.ПМС 2. За време на менструација 3. Веднаш по завршувањето на менструација 4. Во овулација. Значи кога ќе видиш скоро цел месец
За жал ендометриоза само со лапараскопија можр да се утврди дали ја има и кој степен. Ако е во напредната фаза може и на ехо да ти ја забележат. Кај мене беше така. Моја препорака да се обратиш кај др Тофоски на Гак, многу стручен и експерт а други го фалат и др Димитров во Систина. И двајцата се со долгогодишно искуство на лапараскопија и хистероскопија. Инаку јас истиот проблем. Кога ќе добијам два дена со апчиња и големи болки. Овулација кога имам исто некогаш знае да ме боли. И при сексуални односи исто. Ова трае мислам цел живот откако прв пат имам добиено и ниеден гинеколог не се позамара за ситуацијата и као нормално е болки да се има. За ендометриозата многу малку се збори за жал а и за терапија и лекови па уште помалку. Плус тоа може да се шири и на други органи наоколу и да ги слепува а плус и јајници може да оштети.