Отворам тема конкретно за енергетска криза, па би можеле да имаме одредена дискусија како ќе се снајде нашата државно во истата.
Од старт сакам да се изјаснам дека енергетска криза нема во целиот свет, туку има во Македонија. Струја на пазарот има, ама е скапа... како приказната со штурецот сме ние, летото не се подготвивме за зимава. Акомулацииите се празни а најбитно резерви на јаглен речиси и да немаме!
Нема само во Македонија енергетска криза... https://www.slobodenpecat.mk/energe...vi-da-se-ublazhi-bolkata-od-rastot-na-cenite/ https://faktor.mk/energetskata-kriz...eznite-vrnezi-moze-da-ja-vloshat-situacijata- https://denar.mk/251942/ekonomija/svetot-ja-dozivuva-prvata-golema-energetska-kriza https://sdk.mk/index.php/svet/tseliot-liban-ostana-bez-struja-srede-golemata-ekonomska-kriza/
Неспособноста на власта ја доведе состојбата со енергијатс до ова дереџе и затоа овие под битно треба да си напуштат фотелја. Ако се подготвува од порано досега ќе имаше и јаглен и мазут а и акумулациите немаше да бидат испразнети до минимум
Секаде има енергетска криза, во Бугарија пример имаат секој ден рестрикции, ако не се лажам уште некоја земја од ЕУ имаше рестрикции. Ама секако стои тоа дека неспремни беа за зимава.
Имаше пред некој ден објава дека сакале РЕК Битола да го трансформираат во гасна централа. Јапонците од "Мицубиши" се понудиле тоа да го направат до 2026г ако не се лажам, се сомневам дека нешто ќе бидне од тоа, ма да РЕК Битола е во ужасна состојба моментално, се кубури со јаглен. Јас сум за нуклеарна енергија, ако добро се сеќавам има нуклеарна централа во Бугарија. Само за таа работа треба голема посветеност, прецизност и одговорност, квалитети шо не ги поседуваат моменталните политички гарнитури.
Таа во Бугарија, Козлодој е исто во лоша состојба и мислам дека ги исклучија реакторите пред едно 10тина години, и сега дали работи уште 1 или 2 реактори само и којзнае со каков капацитет. Толку е дотрајана што беше опасност по цел Балкан. Кога они, немаа капацитет да ја одржуваат, ние па ич. А, и секако план на ЕУ е дистанцирање од нуклеарната енергија, поготово Германија каде се наложува да се затвораат доста нуклеарни централи во блиска иднина, како и термо - централи (една од нив е и РЕК) и префрлање повеќе на природни извори на енергија, ветер, соларни панели, хидро итн. итн. По мене и ова е една од причините за поскапувањето на струјата, како и секако централизирањето на моќта во Европа каде помалите земји им се наложува со овој пакет на еко - мерки да станат зависни од поголемите држави. Ние, иако имаме доста природни извори кои може да ги користиме за обновлива енергија, како хидро, сончеви часови и ветар, сепак овие извори се недоволни за снабдување со електрична енергија, а уште поголем проблем е што се непостојани, каде во одреден период се преполнува мрежата со вишак ел. енергија која нема каде да се складира и е под закана на колабрирање на цела мрежа, додека во други периоди има огромен недостаток на струја. Иднината ја гледам во природните извори како и во мали нуклеарни централи од новиот тип кој се доста побезбедни, без контаминирање, и најбитното, стабилни. Засега, од не знам кои причини, Европа не е расположена да инвестира во оваа технологија. Многу политика, власт, превласт и контрола над други држави се крие овде.
Многу-многу не сум запознат со работата на буграската НЦ, но знам дека пред многу години ги затворија реакторите од 1-4 бидејќи беа дотраени и застарени и како шо рече беа голема закана за околината па и пошироко. Сега мислам функционираат 2 реактори, а беа во план да изградат и уште една НЦ, но нешто не им испадна математиката со изградбата па се откажаа. Сега последно разбрав дека сакале да доградат или веќе градат(не знам) 7ми реактор на веќе постоечкава централа. Затворањето на НЦ во Германија го покрена Меркел, после хаваријата шо се случи во Фукушима(и секако да не го заборајме Чернобил) пропагирајќи ја опасноста од постоењето на НЦ и потенцијалните последици од нив, а замисли таа по професија е физичар! Франција, ако не се лажам, моментално има најголем број на НЦ во Европа и се во план се уште да отвораат/градат. Кај нас би било идеално да се изгради една од овие маливе НЦ. Да се вработи солиден стручен кадар, таман ќе се разработи и Институтот за Физика, плус строг континуиран надзор од надвор, инаку ќе направат хаварија уште неотворена.
Да бе, така даваат нуклеарка да се отворело, после упс извини, ние мала црна дупка напраивме Не, не, друга идеја дајте. Што бидна со гасот уствари?
Заев: Се реализира најголемата инвестиција во историјата на македонската економија Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес.
Според мене , најдобра опција би била со ветерници или евентуално сончеви колектори , па и гас . Е сега колку се безбедни и ефикасни .. Таму не се мешам , бидејќи и не се разбирам баш многу . Некој што се разбира повеќе може да каже колку би била ефикасна на пример , комбинација од трите ( знам , нема нашава држава финансиски капацитет за сите три , ама шта би било кад би било ) , дали би имало доволно ел.енергија за нашава држава ?
не е македонија за нуклеарна централа. Ние рек Битола и Осломеј ги уништивме замисли како би било со нуклеарна. Неспособни сме општа катастрофа би не снашла. Лани или преклани субвенции за клими даваа сега џабе што сме зеле. Најдобро решение е сончеви колектори ама не секој може да си ги дозволи
Не се согласувам дека не е светска криза, напротив, ние ја "увезовме" затоа што сме енергетаки зависни. Инаку, Македонија прва се изјасни на Балканов дека ќе се откаже од јаглен. Со кризава баш нема да ни успее тоа. Инаку за инвестиции во енергетика има цел инвестициски план каде 3миљ. евра се само за енергетика наменети. https://vlada.mk/node/25443
Енергетска криза е на повидок низ цела Европа. Проблемот во Мк е што никогаш не се превземаат мерки да се заштитиме пред време, во случајов како што сме зависни од увоз на струја , туку е се ура ура во моментот.. Идејата за РЕК да биде на гас е најдобрата опција, гасна централа би не спасила долгорочно и голем еколошки бенефит ќе имаме. Иако, според некои ова што беше со Мицубиши го гледаат само како актулена политичка пропаганда, за жал.
Енергетската криза, барем во Македонија, е последица на човечката алчност. Во случајов преку сè позачестеното „копање„ криптовалути (биткоини и сл.) користејќи нелегални приклучоци на струја. Да се надеваме дека шведската иницијатива ќе вроди со плод во ЕУ па дека потоа истото ќе се одрази и во Македонија која е кандидат за истата.
Се надевам дека ќе ги потрошат разумно парите. Оти само глупости праеја до сега. Триста Комисии и разни други тела отворија за проблемот со енергетиката, а ништо не е сработено. Битно стотици луѓе плата земаат секој месец... демек работат
Не ми е јасно, толку сончеви денови имаме, тоа не се искористува. Само не се кради така, повеќе се кради на увезена струја.
Па да ти кажам на толку папири, стратегии и планови, се надевам дека инвестицииве ќе влијаат на зголемување на бдп и овозможување самостојност и одржливост во енергетиката. Бреј колку ќе се пуваме дека МКД прва се ослободила од јагленот