Здравоо!! Незнам дали на вас ви се случило нешто такво ама мене ми се случува овој месец.. Пред еден месец престанав да вежбам редовно и сега никако да почнам, не дека не сакам туку немам некоја сила, енергија. Значи имам услови, имам мотивација, имам се, само немам ЕНЕРГИЈА за да почнам да вежбам, постои ли нешто што може да ми даде енергија, некој рецепт, совет било што? Позз
Па ако запнеш нагло како порано што си вежбала сигурно дека ќе немаш сила ама постепено почни вежбај и ќе видиш дека не било до 'немањето енергија' ..
Ако ги слушаш Хербалајфовци,да постои,нивниот шејк. Шала на страна,секако дека нема да можеш со исто темпо да вежбаш,се сложувам со Селебрити.Почни пак,редовно,ама малку по малку.И не забушавај пак. И мене ми се случувало,после недела дена ти се `враќа` енергијата.
Барем еден час пред да вежбаш не јади ништо. Тоа е една од најчестите грешки, а со полн стомак не се вежба. Притисокот паѓа, а желудникот почнува да работи повеќе за да ја свари храната. И ти автоматски имаш помалку сила. Ги гледам на пилатес женичкиве што доаѓаат, ручаат пред да дојдат, па одма на вежбање. Не оди тоа така, затоа како папсани се и не можат да вежбаат.
Да, во право сте. Некни почнав со малку кошарка надвор со децата од маалото, па одкога изиграв се осеќав некако поенергично, па пробав кардио, издржав до крај 30мин. и сега имам немам, сакам нејќам, некако навика ми стана, си вежбам и кога не ми се вежба, бидејќи мислам само на тоа што сакам да го постигнам. Фала ви многу на мислењата.