Не им дава (од прва) само на такви кои не се нејзин тип, Кјукил. Му фали малку дивост да и е тамам, по ќејф A, Бриџи?
Баш завчера со дечко ми за ова зборам му кажував за концертите , дека изнесува девојка на сцена и ја бакнува во уста и дека и јас си правам такви филмови сега за концертот и дека сега само за Енрике и концертот нешто му зборам и вчера ми вика така озбилен што си се залетала толку по Енрике и значи ти планираш ние да раскинеме а, и му викам зошто, вика па како планираш на концертот тебе да те изнесе на сцена и во уста да те бакне и викам па што, вика е како во уста со друг да се бакнуваш, тоа варање е, абе се утепав од смеење, викам да со Енрике девојката те изварала замисли и вика море и јас требаше карта да земам со тебе да идам викам абе без јазик не се важи, ама ако толку ти е до тоа купи ми вип карта па ако има сликање со него ќе го гушнам и во образ ќе го бакнам само Забегуваме прописно понекогаш и двајцата
Деми, мојов ќе иде со мене тука во Скопје, ама за Белград му фуфка. Купив фан пит карти таму, ептен ќе сум му во прв ред. И го провоцирам ќе си се скоцкам, деколте, ова она, и ми вика е како не, ќе ти купам јас бунда ќе видиш, цела ќе те завиткам. И викам ама знаеш јас со очите ќе го заведам, џабе е тоа, и се мурти и вика море некои наочари ќе ти ставиме, не се сеќирај, ќе смислам јас нешто.
Деми, Кјукил не се саглам. Јас да сум дечко..ич немаше да се сеќирам за тип ко Енрике ко шо вика, Бриџи..не знаеш дал шеќерна волна да му купиш јас по го мислев за лижавче некое, од оние големите,со боите на виножитце.. Бриџи твојот филм по ме бендиса.
@kjukli јас со другарка ќе идам, мојов не го слуша ич, ама сега нека му ја мисли И стварно нашиве не се фер што не кажуваат сигурно дали со вип има сликање, ако беше сигурно вип ќе си земев само за тоа, а вака повеќе на партер сакам. @zhap4e Грешка сте вие, Енрике ти е момак за све и романтика и нежно и грубо...
@Deemy, Мојов го слуша, си го почитува, ќе си заиграме некоја бачата, ама полудува кога се топам по него. Мене ми е љубов од детството. Ем сладок е, ем е секси, таков неодолив.
@kjukli И јас уште од детството го слушам, 15 години трае платонската љубов моја кон него Ама совршен е навистина, сега пак ќе си го изгледам видеото од live chat-от А мојов Курникова ја сакал и прашува она дали ќе дојде ама штета што не дели бакнежи она
Девојка не, извади едно дете и татко му. Пееја заедно околу 15 минути, пиеја алкохол (незнам што точно), и разговараа пред цела публика. Само што таткото немаше врска од англиски и се смееше цела публика на неговите испади. Но знам дека на концертите негови вади и девојки и ги бакнува.
Лелеле ме пресмеавте со дечковциве Ех, да си бев поголема, па да си имава шанси за бакнеж Човеков 40/1 година ние си го сонуваме и му се палиме За сликање морам да најдам врски по хотеливе, татко ми има работено во повеќето луксузни и сега е во Александар Палас, ќе успеам да се бутнам, нека не си фаќаат работа со мене. На ручек ќе му отидам
@srhsejbsk имаш и ти шанса, минатиот пат во Белград 13 годишна извади на сцена и самиот се зачуди кога му кажа дека 13 има и не ја бакна во уста изгледа А за тоа што да правиме, ќе прави 41 сега на 8ми мај ама што ако, кога изгледа како 26 да има уште од кога почнав да го слушам од 11 години, до сега не е многу изменет и остарен, баш напротив поубав станува @Marick14 Ме насмеа, наместо да пушташ среќа, некоја од нас женските да земе на сцена, он сака него да го изнел да пее
На Марик тоа би му било момент да се промовира.. да го заприметат и од музичката индустрија ем момите...потоа сите ќе го распрашуваат,како било,што било Во центарот на вниманието ќе е