Да не се повторувам али па и 1000 пати да се каже малку е. Одличен концерт, супер си поминав се изнаиграв и изнапеав. Инаку бев во првите борбени редови, го гледав од блиску, значи за мене нема поубав човек немаааа! Тоа латино типциве се многу харизматични, има нешто во нив посебно што го нема никој. И згоден и убав. Совршен е значи. И младо и старо паѓа на него . И да се пофалам го пипнав онака убаво го фатив за рака 2 пати и мислам ќе се онесвестев од среќа хахаха. Сакав да се гушнеме ама ете не дојде до тоа, ама и ова е голема работа пак сум си задоволна. Кога ја пее hero многу често зема рандом девојка и и ја пее нејзе песната, а може и да ја бакне, ама ете кај нас не направи. Како и да е супер концерт, и ако некогаш ни се спојат патиштата, пак би му идела на концерт