Епизиотомија

Дискусија во 'Бременост' започната од girl.23, 13 октомври 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.747
    Што е епизотомија (Народски речено: сечење, при породувањето)

    Епизотомијата е хируршка интервенција, која се прави непосредно пред породувањето. Епизотомијата се прави така што се сече перинеумот - мускулниот дел помеѓу вагината и анусот, со цел да се прошири вагиналниот отвор.
    Некои лекари оваа постапка ја прават рутински, особено ако се работи за прво породување на жената.
    Епизотомијата се прави со цел да се убрза породувањето и заради уверувањето дека хируршкиот рез од епизотомијата ќе заздрави полесно од евентуалнотот спонтано раскинување на перинеумот. Во минатото многу од стручњаците сметале дека епизотомијата ќе помогне и за да се намали шансата за јавување на неконтролирано испуштање на урина или измет.
    Но во изминатите две декади се направени голем број на студии, кои покажуваат дека овие уверувања не се точни. Всушност овие студии покажауваат дека рутински извршуваната епизотомија, не само што не помага, туку понекогаш и ја влошува ситуацијата. Заради оваа причина во многу западни земји епизотомијата веќе не се препорачува како рутинска процедура.

    Спонтано раскинување или епизотомија


    Истражувањата покажуваат дека жените кај кои дошло до спонтано раскинување на перинеумот имаат помалку компликации и заздравуваат побрзо од оние кај кои била направена епизиотомија.
    Жените кај кои се прави епизиотомија имаат поголемо крварење за време на породувањето, повеќе болки за време на опоравувањето и покасно имаат подолго време неугодност или болка при сексуалните односи. Исто така кај овие жени ризикот од инфекции е поголем.
    Студиите уште покажале дека кај жените - кај кои е направена епизиотомија при првото породување, има поголеми шанси да дојде до раскинување на перинеумот при второто породување.
    Уште е докажано дека кај жените кај кои била направена епизиотомија, имало почесто распукување на перинеумот до ректалните кружни мускули или самиот ректум, што е многу сериозна состојба. Кај жените кај кои била направена епизотомија, доаѓало до распукување до кружните мускули на анусот кај една на 12 жени. Кај жените кај кои немало епизотомија овакво распукување се јавувало кај 1 на 26 жени.

    Објасувањето е следното: ако сакате да раскинете една ткаенина, кога на почетокот ќе направите мал засек, ќе ја скинете многу полесно. Истото важи и при епизиотомијата, кога кожата веќе е засечена, полесно доаѓа до натамошно раскинување.
    Ако дојде до сериозни распукнувања до аналните мускули, тогаш има голема веројатност жената да страда од неконтролирано испуштање на измет или гасови и опоравувањето ќе трае многу подолго.

    Кога е потребна епизотомија

    Во некои случаи епизиотомијата може да биде корисна. На пример кога се работи за многу големо бебе, ако бебето се заглави во родилниот канал или ако при породувањето се употебуваат клешти, па на лекарот му е потребно повќе простор за маневрирање.
    Епизотомијата може да помогне ако бебето при породувањето е свртено наопаку, односно со нозете надолу.
    Епизотомијата може да биде потребна и ако се случи бебето да треба да се роди што е можно побрзо, на пример ако срцето на бебето почнува да дава знаци дека не го поднесува добро породувањето.

    Како да избегнете непотребна епизотомија

    Разговарајте со вашиот лекар за неговиот став кон оваа процедура. За жал кај нас епизотомијата се уште се изведува рутински, заради старите предрасуди. Прашајте го вашиот лекар во кој случај тој би направил епизотомија.
    Можете да почнете со перинеална масажа 4-6 седмици пред породувањето. Според некои истражувања тоа ги намалува шансите за потреба од епизиотомија или раскинување на перинеумот.

    Опоравување по епизотомијата

    Ако ви биде направена епизиотомија, раната ќе биде сошиена со конци кои ќе се разложат во телото. Но сепак ќе треба да помине време за нејзино заздравување.
    Некои жени чувствуваат болка 1 или 2 седмици, а некои по 1 месец или повеќе. Тоа ќе зависи од резот и степенот на раскинувањето, доколку дошло до него.
    За да си помогнете, можете да ставате мраз на тој дел од телото во следните 12 часа, но внимавајте мразот да не го држите на местото повеќе од 5 минути, за да не се попречи циркулацијата на крв. Кога ќе бидете дома можете да применувате топли седечки бањи. Местото каде што е раната нека биде суво и чисто.
    Исто така многу важно е да внимавате да не дојде до запек. Јадете храна богата со растително влакна за да го избегнете.
    Кога можете да започнете со сексуални односи
    Перинеумот треба сосема да заздрави во рок од 6 седмици. Доколку се чувствувате спремни и лекарот утврди дека се е во ред можете да почнете тогаш. На почетокот некои жени чувствуваат извесна болка или теснотија. Понекогаш е потребно да поминат и неколку месеци за да ја снема непријатноста. Испитувањата покажауваат дека на жените кај кои била направена епизиотомија, им е потребно повеќе време за да можат повторно да почнат со нормални сексуални односи.
    Ќе во помогне користењето на лубриканти на база на вода и наоѓање на положба која ќе биде најпријатна за вас. Многу жени продолжуваат да користат лубрикант за време на целото доење. Причина за тоа се хормоналите промени кои ги предизвикува доењето. Доењето го намалува количеството на естроген кај жената, а една од последиците е појава на вагинална сувост.
    (твоебебе.ком)

    Какво е вашето искуство при породувањето?
    Сите мои другарки кои досега се породиле кажуваат дека биле сечени и поминале многу болно. :worried:
     
    На Стефанни27, MarchelineAmaru и Peppermint им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    4.649
    Болно малку е отпосле а не додека си на бокс, раѓаш и те сечат. Па и додека те шијат не чувствуваш ништо, можеби некое мало пецкање. После единствено неколку дена не можеш да седиш нормално а инаку онака не боли. Не е исто и помалку страшно од царски рез ;)
    Не слушај секакви муабети, секој си поминува на свој начин. Најболни се (иако зависи за кого како) породилните болки а оваа нема врска.
    Од искуство ти кажувам :$
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.801
    Пол:
    Женски
    Се породив природно, сечена бев.
    И мене кога ми кажуваа другарките страв ме фаќаше, како сечат, со што сечат, колку те сечат, боли ли, па шиење....милион прашања и сценарија ми се вртеа.
    Како поминав?
    Породилните болки не ми беа толку страшни со оглед на тоа дека имав преболен менстр. циклус, на бокс слушнав дека ќе ме сечат ама ништо страшни и ептен болно не осетив, тогаш размислував само да се породам и бебето да е ОК, не ни мислев на себе и на болката.
    Потоа д-рот рече дека треба ме шие, ми ставија инекција (претпоставувам некаква локална анестезија), неколку конци и толку беше.
    Е сега мене ме болеше отпосле раната, искрено кажувам и тоа многу, не можев да седам и кога си одев дома, во кола лежев... толку многу имав болки.
    Како поминав ноќта јас си знам.
    Утредента дојде патронажната сестра, и` кажав дека имам страшни болки, ми побара едно помалечко (единечно) ќебе , го свитка и го направи како капак на тоалетна шоља буквално, со дупка за да седам, а да не ја допирам раната.
    Раната си заздраве за отприлика една-две недели, боли ама се заборава.
    Инаку за заздравување на раната потребно е често миење, мене ми рекоа со ладен чај од камилица и на влошка да ставам кантарион.
    Значи се` е индивидуално, не се потпирај на други искуства.
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    12.865
    Пол:
    Женски
    Браво за темава, која е особено болна за мене, а последиците сеуште си ги чувствувам и секојдневно живеам со нив. Затоа накратко сакам да го пренесам моето искуство.
    Значи кај мене пораѓајот се одвиваше спонтано и многу брзо, така што немаше време за епизотомија. Плодот беше голем (4.300) и дојде до спонтано распукување.

    По неколку години ми дијагностицираа спуштен заден вагинален зид. Работава е многу непријатна и затоа неможам да одам во детали. Се јавува и инконтинанција или народски кажано подмочување. Чарето е хируршка интервенција со затегање на лигаментите.

    Значи, гинекологот ми кажа дека ова се случило затоа што при спонтаното распукување, мускулите распукале неправилно, неконтролирано и затоа ткивото неправилно зараснало и цврстината на мускулот се намалила. При епизотомијата резот е правилен, хируршки и заздравува подобро без поголеми последици. Е сега ова моево е отстапување од научните податоци кои беа наведени претходно.

    Епизотомија или не, останува на проценката на стручното лице кое го води пораѓајот, но треба да се земат во предвид големинта на плодот и еластичноста на мускулатурата на мајката.
    После моево искуство, јас сум за епизотомија.
    И на крај навистина не сакам за ги заплашам идните мајки, но добро е да бидат информирани.

    И сепак најважни се сонценцата кои сме ги створиле, и за нив вреди се да се издржи.
     
    На Klijanas mom му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    40.872
    Јас не го ни осетив ова, во тие моменти на се мислев, само не на епизиотомија.
    Имав многу мал плод, па и не ни мораа да ме сечат, т.е. немаше да мораат да не почнев да правам глупости - го заглавив бебето ни ваму ни таму.
    Ми ставија анестезија за шиење, и толку, а раната мислам дека ми беше многу мала.
    Инаку се миев само со вода, така ми препорачаа. Прво се чудев како ќе издржам без гел за туширање, ама се било навика.

    Јас можев да седам, и седев од прв ден, само не баш комотно со цела тежина. Ништо страшно, повеќе лежев. Хоризонтала си е хоризонтала :D
     
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    720
    Една од должностите на лекарот при породувањето е да ја чува меѓичката на родилката. Кога ќе се забележат знаци на пукање, кинење (недоволна еластичност, голем плод) должен е да изврши епизиотомија. Подобро е хирушки да се сецни одколку сама да се скини. Епизиотомијата е контролирана постапка, се знае до каде е резот и што е најбитно рабовите на резот се прави. Потоа се шие слој по слој, за да не настанат подоцнежни компликации, како што имаа спомнато погоре спад на вагина, матка па и целосен пролапс на матка може да настане (излегува матката низ вагината). Затоа можеби и нашите лекари како што кажувате рутински ја вршат оваа постапка. Одат на варијанта подобро спречи него лечи. Ако воопшто не е засегната меѓичката и ако докторот процени дека може да продолжи пораѓајот без оваа постапка, тогаш да подобро е воопшто да не се применува. Но кога се гледа дека меѓичката е пред пукање тогаш подобро да се сечи одколку да се остави сама да се раскини. Се зависи од родилката, плодот и оцената на лекарот кој го води раѓањето, поточно за секоја пациентка е индивидуално.
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.747
    Златушко, ти си кажа убаво, медицински, но за жал повеќето лекари не ни гледаат дали има потреба од сечење, туку уште на невидено одма сечат.
    Прва братучеда се породи во Швајцарија, и кажа дека скоро сите таму не биле сечени, а жените не ни знаеле за сечење. Се пораѓале скроз природно. :?:
     
  8. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Ајде јас ке ја активирам темава,јас најмнугу се плашев од тоа „сечење„но ете се случи ама искрено и ми го олесни пораѓајот,затоа што после неколку напони бабицата ја викна докторката и само што ме исече мислам дека бебушот излета :P ,не болеше сечењето ниту шиењето нешто многу издржливо беше,е само што после тоа 2 недели имав болка онака не можев убаво да седнам и цели 6 недели не можев да издржам за во вц посебно за голема нужда тоа некако како последица,ама подоцна се врати се во нормала :) и се заборава верувајте :$
     
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    727
    Какава иронија цццц како првородка се спасив од ножиците и веке после два часа си седев комотно на газот :D :lol: :lol: ама дојде ред да раѓам по втор пат и си поминав многу лошо бидејки б :lol: бицата кога се качив на бокс ми вика ти првородка си немаш лузна гледам не и велам второ ми е е вика ај да гледаме да не те пресечеме и ние и така си напбував си напнував ама бебето не испага и слушам и вели на другата сечи, сечи ,пука ,пука , и ме сецнаа арно ама сум испукала внатрешно па си офукав повеке конци 2 недели на газот неможев да си седнам :lol: али добро помина тоа и се заборава верувајте
     
  10. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    115
    лелеее сеченје не нема шанси ќе побегнам од боксот ако треба ама не давам да ме сечат :rofl: бррррррр навистина мислам ќе се онесвестам при самата помисла да имам рана ако е така подобро би отисла на царски а не вака ем ќе си се намачиш ем оп рана нееее... :doh:
     
  11. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Женски
    I jas poveke se plasam od secenje i sienje otkolku od porodilnite bolki i samiot cin na raganje.Ne mozam da zamislam da imam rana tamu dole...baska krvarenjeto posle porod :tmi:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mrazulka

    mrazulka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Imav strav i jas od sieenje i secenje.......se porodiv pred 4 meseci vo druga drzava,ovde ne se praktikuva secenje nikako,se ceka zenata sama da se otvori e sega sekoja zena koga raga puka samata i se cepi kozata taka da mora da se sie,sega kaj sekoja zena e razlicno nekoja pominuva so pomalku konci........
    Jas dali poradi toa sto moeto bebe bese golemko tripol kilca imav golema rana potesko zazdaviv a i bev loso sosiena.......sepak fala mu na boga dobro ispadna sve.
    Mi se dopadna ovde vo ovaa zemja samiot nacin........ragas ti go stavvaat deteto na gradi........tie si rabotat dolu ti ni gledas sto ti rabotat,ne znaes kolku konci ti stavile .....pogledot ti e vo tvojot svet vo bebceto.....ti pomaga nekoja sestra da go zadois...i taka
    Mili moi vie koga rodite si go gledate bebceto ma ne ve interesiraat nikakvi bolki i ako ve sijat se sie so lokalna inekcija ne se sie toa taka, samo hrabro i se ke bide vo red............
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.016

    Крварењето нема ни да го примеќаш, нема да ти биде чудно, сосема нормално ќе ти дојде и покрај тоа што толку време не си носела и не си се занимавала со влошки. И јас мислев дека ќе пукнам од нервоза толку време со влошка, но не е така, всушност кога ќе бидеш по цел ден со бебето, крварењето ќе биде последното нешто на што ќе мислиш.

    За сечење и шиење не сум компатибилна да зборам, но можам да ти кажам со сигурност дека од болките и раѓањето нема ни да ти текне на шиење и сечење.
    КАко и да е, со лесно нека ти е :)
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.367
    i pri carski ke imash rana, i ushte po losho ke ja gledas sekoj den, vaka barem ne ja ni gledas ...
    sorr za latinica
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.016
    Јуник, не ја гледаш, посебно ако ти е мешето поголемо :tmi: (како мене на пр :emo: )
    ЈАс се на се дали си го имам видено резот 6пати(со помош на огледалце), а не е рана, туку е само како гребнатина која зараснува, воопшто не личи на нешто сечено(со лепенка сум, па за тој царски кажувам, а верувам и се надевам дека сите и секаде го прават на ист начин :?: )
    Е неможам да кажам за болката, незнам како е природно, но царски не осеќаш болка при раѓање, а болка одпосле осеќаш првите два дена(не е страшна и лесно се издржува).
     
    На Dreem.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.924
    Допаѓања:
    104.093
    Пол:
    Женски
    Сите оставаат жената да се отвори природно, ама кога ќе дојде време да помине главата, ако не може, докторите прават епизиотомија. Полошо е да се остави жената да распука, затоа што може да дојде до трајно оштетување на мускулите на перинеумот (меѓичката). Јас не знам каде тоа оставаат да се распукаш сама, па кој доктор ќе го преземе тој ризик... како и да е, шиењето не се ни чувствува после породувањето, па не ставаат анестезија.
     
  17. mrazulka

    mrazulka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Se porodiv vo edna od evropskite drzavi,pred da odis na porgaj potpisuvas dokument dali se soglasuvas so kodeksot na samata bolnica.........ovde NE SECAT nikakvo SECENJE.....jas se cudev kako taka,mi bese mnogu cudno,ja cekaat zenata da se otvori.....sekoja zena i da ne se seci puka samata,eve jas se otvoriv 12sm tolku treba da si otvoren za poragaj koga dojde do naponot za glavickata jas puknav sto e normalno.....sega dali e poubo da secat dali e poubo da ne secat ne znam ne sum strucno lice.....imav poteskotii so ranata dolg period mozebi procesot e pobolen mnogu No NE SECAT.........tolku od menene
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    727
    не ти држи вода ова отварање од 12 см јас како што знам се отрара се на 10 см значи комплет отворена е со 10 см али еве ја анат нека не просветли за секој случај сепак она е медицинско лице :D :D
     
  19. mrazulka

    mrazulka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
     
  20. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    79
    девојки може да напише некоја што и направиле епизиотомија како ја негувала раната? мислам на средства, сум слушнала нешто за борна киселина. дали ви препорачаа во болница што може да се става на раната? дали зараснува за околу 7 дена или подолго?