Па едно две три недели по секое одење во тоалет се миев и плус на менување улошка се миев.. имам заборавено пред 3ипол години беше тоа. После почнав гел да користам ама по малку. Се додека крварев повеќе (зашто доста крварев) се миев само со вода ептен често. Кога ке си ја осетиш раната дека е колку толку заздравена, можеш да си користиш гел, медицински сапун.. тоа што си имаш пред тоа користено.
Оооо не се плашам од раѓањето и болките ама ова ми е ноќна мора и општо најмногу страв иман од гинеколог и заболекар можеби нема да има потреба од епизиотомија.... Ама кога ќе ми текне
Јас не ни осетив кога сецнаа, е маката отпосле... ама поминува и се заборава. Рана како рана, секоја рана си боли...
И мене ми беше повеќе страв од епизотомија одколку од самиот пораѓај ама веруј нема ни да знаеш дека те сецнале..јас дознав кога ми рекоа дека ќе ме шијат..и само првите 3-4 дена ми беше малку проблем седењето после нормално си седнував
Ви Благодарам @mariz @Kitten & @cvekence123 на охрабрувањето, ама се изначитав нус појави од епизиотомија.... Extra stitch и компликации понатаму во животот....ептен ми е ноќна мора
Зарем има и нус појави? Затоа, не читај! Еве јас појма неам за ова што си читала, мислев дека е нешто нормално што мора да помине, па поминав лесно со двете епизиотомии.
Даа, како не контролирано мокрење или дефекација, проблеми со сексуални односи, од неправилно шиење може да дојде до зашивање на внатрешните мускули на ректумот, инфекции,..... Хаоси.... Не можам да заспијам кога ќе се сетам што ме чека
За одмивање потоа, само солена вода (никако средства, дури и бебешките се преагресивни) и масло од кантарион, прав мелем е. Во домашни услови и со чај од камилица, многу помага. За нус појави, за жал и во овој вес се случуваат, на една другарка накриво ја сошија и и се направи некое топче, па накнадно го среди на гинеколог, а на друг не знам како ја сошија, ама се потпомокува пред да појди вц, никако не може да се стегни, да задржи. За шиењето, речиси сите кажале дека навистина ги боли, дури повеќе од цело породување, а за епизиотомија не ја вршат сите доктори, има доктори кои не сакаат да те сечат (што е најубаво да не си сечена) и се трудат да шират за да не распука. Има жени кои однапред бараат да немаат сечење. Не е правило дека мора да се распука, тука е и стручноста на докторот да процени. Јас кога кажував дека не сакам сечење, жените ми се потсмеваа (само помлади жени ме разбираа) и среќа е да најдеш доктор кој ќе те разбере (зошто не е исто ако кожата е природно таква и ако е сечено-шиено) и ќе ти овозможи породување без сечење, ама да внимава и да не распукаш. На повеќето доктори полесно им е да пресечат, него да се мислат.
Па дааа... Подобро е да имам царски кој воопшто не е царски, ама ако треба да ме сечат-шијат ко поуба опција е
Јас имав за жал една последица, при секој оснос ми распукуваше раничката и при мокрење ме печеше. Две години скоро секој однос дури и крв имав, после ваљда со тек на време се растегна и така зараснуваше, па сега поретко знае да ми распука. Мислев таман после втор пораѓај може ке се среди таа мака, ама вториот пат завршив царски. Пред вториот пораѓај имав еден така погруб вагинален преглед и ми распука и тогаш, па мислам од тогаш и ми се намали проблемот, си зарасна сама таа раничка. Не сум се осмелила да се ѕирнам доле одамна Ако продолжеше така да ми биде секој однос, ке барав чаре...
Не мисли така. Царскиот рез е исто како операција, сечење, залекување, многу е потешко, а башка што големи предности и за твоето тело и за бебето е природното породување (кое не за џабе е такво какво што е). Ако дотолку ти е страв разговарај со твојот лекар да се потруди до крај при породувањето да не те сечат (па сега ептен во моралност, ако мора, на самиот чин ќе ти каже тој). Се зависи и до докторот.
@Silver.E знам, дека е тешко.... Ама епизиотомија мислам дека е пострашно ... Сепак да, во секој случај ќе разговарам со лекарот кој ќе ме породува....сакам прородно зашто е поздраво и за бебето и за мене..... Ама таа епизиотомија не ме остава да спијам
Не мисли на тоа. Мисли дека сѐ ќе биде во ред Проблеми со неконтролирање мокрење и дефекација е од други причини, многу жени после бременоста се соочуваат со ова.
Јас не го ни сетив шиењето оти сепак ставаат анестезија,првите денови го осеќав онака затегнато местото,кога се видов после 2 недели изгледа како линија исто како кога ќе се исечеш на нешто..со мокрењето немам проблем,а за односи не знам како ќе биде,рано ми е за тоа.. мој совет не читај по интернет за да не си внесеш страв, не значи дека ако некоја имала проблем ќе имаш и ти..мисли на бебенце кога ќе го видиш се ќе заборавиш..јас бев насмеана до уши додека ме шиеа бебенце беше до мене и ме гледаше воопшто не сетив болка..
Ич не е страшна нити па ќе ја осетиш...пушти мозок на пасење...верувај дека секоја болка ќе ја заборајш кога ќе го видиш бебуш...Јас сум сечена нит осетив ко ме сечеја нит ко ме шиеја..Едино малце чудно ми беше за седење неколку дена ама си фаќав положби ..
Јас еве веќе скоро месец дена откако ми е правена епизиотомија и сеуште ме боли и тоа не можам да седнам ме пече се мислам да не имам некој гној на местото ама веќе не се трпиИмала ли некоја мајка ваков проблем и што да ставам не знам веќе пробав со кантарион со чај од камилица ама не помага ништо мн непријатно чувство
Пробај со бетадине за надворешно мачкање ама најдобро на лекар да види дали е бактериска инфекција или габици.
Појди си на контрола.Мене др по 6 недели на контролата ми кажа може и до 3 месеци да те боли.Нормално е.Ај ми помина за 2 месеца , ама при однос чак после 9 месеца почна да ми станува поудобно.Сега после 2 год и неколку месеци уште во некоја поза осекам не лагодност.