Закажав ама дури другата недела се надевам нема до тогаш да ми се искомплицира. А колку конци имаше? Леле се надевам дека нема да е така ама навистина не знам зошто не сечат така не им се чека на докторите изгледа природно да си испука тука ајде давај ножиците и што читам тука девојки што не осеќале јас искрено осетив кога ме сецна и вриснав ептен змачи алал да ви е како не осетивте ама болка е реално голема е за шиењето не знам зошто ме успаа среќа инаку ќе им се онесвестев
Од ова мие најголем страв искрено последните недели дури и лошо сонувам за ова аи мислам што после тоа ќе го молам докторот да не ме сецне ако е можно
Немој да паничиш подобро да те сецне отколку да испукаш, мене за првото ме сецнаа малку не осетив голема болка, ме шиеше со анестезија локална ама додека фати веќ беше готово, дали од возбудата и еуфоријата и шиењето не ми беше нешто посебно болно. Во 19 часот се породив вечерта за вц станував без голема мака. Ајде само со лесно
Стварно не им се чека -.- јас кога ми рекоа дека ќе ме шијат и викам испукав ли или ме исековте и вика те исековме нормално прворотка си..мајка ми две деца родила поголеми од моето не ја сечеле.. @saramila09 душо не мисли на тоа..уживај си во бременоста можеби таму кај што ќе се пораѓаш не им е рутина сечењето,а ако веќе дојде до тоа после секое одење во тоалет миј си се со вода,најдобар лек дефинитивно..јас еве немам никаков проблем,а и ептен малку се познава..
Јас ова го читав после породување и се препотував што може све да ми се деси. Не сум сечена, распукав сама, докторката така оцени, според неа ако ме исечела ќе сум распукала уште повеќе оти бебето излезе во еден напон. Имав болки 2 недели, а по еден месец отприлика бев како нова и за секс и за се друго. Така да уживај и царски во никој случај не е полесно за опоравување. Хигиена, после секое идење у вц се миеш со вода, мењаш влошки па и на саат, мене мајка ми и гаќите ми ги пеглаше. А најдобро лутирање командо.
Јас не ни осетив кога ме сецнаа нит кога ме шијеа...Бабицата сакаше да ме сечат пошо машала беба троа поголемка од очекуваното и да не распукам...Мака после тоа нр видов...си станував и за вц...едино дур фаќав позиција за седење првите деној
Нормален е стравот првиот пороѓај ми беше лесен, закрепнувањето исто така ама ете кога мислам дека сега треба на бокс да се качам ме фаќа страв и паника. Мора да мислиме позитивно и се ќе биде во ред, како влегло мора да излезе
И јас викав како влегло, ќе излезит и се смеев на пороѓај и докторот ме уништи психички ми вика тоа 3 грама влегвит ама 3 кила излегвит
Хаха да така е сепак прв пораѓај мие и незнам што ме чека затоа 300 филма си правам ама да боже да поминам лесно
Верувај многу подобро е за прво кога незнаеш што и како, одиш на непознато слушаш сестри, бабица и доктор, инаку колку лесно да си поминала секоја ситуација во глава ја извртуваш еее сега беше вака ама што ако бидне така, ќе помине бркај негативни мисли, биди позитивна и мисли на моментот кога е земеш бебе во раце, тогаш се поминува и се заборава колку и да звучи клише.
Без страв девојки. Сечењето и јас не го осетив. Шиењето малце да. Не прашав колку конци имав не сакав да знам. Немав ич никаква мака. За една недела бев како нова. На 6 недели на преглед ништо не се ни познаваше. Претпоставка ми е дека малце сум сечена. Ништо не осеќам дека ми е сменето таму долу.
После колку време тие што имате епизотомија се депилиравте/бривчете? За првиот преглед на 6 недели како бевте?
Јас после 2риот месец бев на депилација. А за прегледот само малку се подсредив ама надолу не пипав, срам не срам тоа е, не го гледаат они тоа Како што и рекол еден гинеколог на пријателка: Што ке се срамиш, па поарно влакна да имаш него нозете да ти смрдат
Нормално ли е после месец и пол раната да крвари (не многу ама има крв) и да биде црвено местото?кога ќе се изморам и ме боли.. :/ ?