Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Епизиотомија

Дискусија во 'Бременост' започната од girl.23, 13 октомври 2011.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Мене целосна ми ставија за да ми ја исчистат постелката (дека ич не излезе), па ме сошиле додека бев под целосна. Но после кога се разбудив раната уште многу крвареше и ме шиеја на живо на оладена рана (детали не кажувам за тоа искуство) :D
     
    На TeddyGrey и srekice им се допаѓа ова.
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    :sweat::sweat::sweat: Ту бре девојче си се изнамачила ти .:|
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    9.230
    Пол:
    Женски
    И кај мене со претходната бременост постелката одеше рачно со општа анестезија, па и шиењето со тоа. За среќа добро ме навезале, па бев среќна што не се сеќавам на ништо од тоа.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Мене со вакум мораа дека ептен се имаше налепено на мене, кога ја извадиле била доста деформирана, дека надносен синко (а од рано беше со доста калцификати). И после се разбудив имав газа на мене доле, која и стоеше едно пола саат од кога се разбудив... и дојде време да ме префрлат и ја тргнаа газата и заклучија дека крвари раната и ме подлажаа дека најмало било кончето и немало потреба за анестезија, па се согласив и после се покајав. На крај докторот се откажа дека му се кинеше 4,5 пати и седна друг да ме шие, везена навезена... Раната до ден денес ми пука на односи :( Се надевав дека ке се породам природно со второто и тој проблем ке ми го средат таман, ама со второто завршив царски. И сега се чудам што да правам, што чаре да барам незнам... кај се оди за ваков проблем? Баш на секој однос ми пука, па зараснува, па пак ке пукне, па пак ке зарасне... тоа е некое минимално распукување (но имам и крвче), ама пече корне... :(
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Да побараш чаре на пластична хирургија? Само незнам дали треба општ матичен да те препрати или гинеколог. Прашај и кај едниот и кај другиот.
     
    На meri24 и mariz им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Колку ми е срам да знаеш :D
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.339
    Допаѓања:
    171.210
    Нема срам не срам
    не е ништо срамно ти имаш проблем здраствен
    неможе на секој однос да ти пука и да осекаш болки Башка може лесно да се инфицира
    На пријателка моја породена во Германија при шиењето да фатат да и ја сошијат скроз па беше на нова операцја кај шо и отвараа отвор нов
    Значи ја унаказаа жената шо дека е Германија ке речиш таму не прават грешки
    затоа прашај ја матичната кај да си бараш чарето
     
    На Lolipop23, Kaetana, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    9.230
    Пол:
    Женски
    Па и мене проблемот ми е за на пластична хирургија, нема срам, сепак смета и ти прави проблем. Кај си се измачила па и не го средиле како што треба.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Барав, барав и никаде не најдов.
    Не знам дали е за тука дали е за во закрепнување после пораѓај..
    Нормална ли е непријатна миризба после ова?
    18 дена како сум породена. Имав епизитомија. Не ми кажаа колку, само ми кажаа малку е, тоа е една дупка за која е употребен еден конец, толку знам. Кратко траеше шиењето, не беше болно.Откако се породив ми мириса неубаво си викав од крвта е, сега веќе не крварам, имам некој жолт исцедок, и некогаш многу малку бледо розев, почнав и дневна да носам веќе 2,3 дена.
    Се мијам само со вода на секое одење во вц, раната не ја пипам, користев бони со мрежа, на неа ставав физиолошки раствор дека не крварев многу и сува влошка сува рана и ме стегаше непријатно ми беше, вака со физиолошки ми беше супер, веќе 5ти ден откако се породив си седев без никакви болки и непријатности, нормално функционирав. Не ме боли..
    Дали и кај вас е вака, или јас да фатам на лекар порано :whew:
     
    Последна измена: 26 март 2019
  10. cvekence123

    cvekence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Исто бев и јас само кај мене траеше по долго..мислам дека е нормално,матката се чисти..исцедок имав додека добив менструација..
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    не знам за непријатниот мирис, ама за раната знам дека треба да биде сува, затегањето е нормално и така треба за да се разградат конците. После туширање или миење треба да се исуши местото со чиста крпа и да се носи памучна долна облека. Најчесто гинеколозите не препорачуваат никакви облоги.
     
    На fana и Eni.r им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Нормален е мирисот, тоа е стара крв, се чисти матката, мириса тешко чудно... незнам како да го опишам мирисот, ептен тежок чуден мирис на железо, витамини, неубаво испомешано. Исто и жолтиот исцедок е нормален.. а и тој мириса, јас си го имав и више од месец... Баш на тетка и се пожалив тогаш за мирисот и она се пошали дека породена е сред лето, па ми рече.. а тек да видиш летно време како мириса, на тие горештини (facepalm) И ме утеши искрено, па после и повеќе искуства сретнав, дека нормално е да мириса така. Ако ти е во мисла, тркни до гинеколог доколку имаш можност... бар мирна глава :)

    Само приметив со првото природно повеќе крварев и повеќе време се чистев, повеќе време мирисаше. А со второто царски, не мирисаше толку долго, помалку крварев..
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Конците се разложија уште првата недела, на болница немав баш некоја можност да ја 'сушам' раната. Страв ми беше вода да помине а не да пипам доле, да тапкам како и да е(уште ми е шубе).. ставав само мрежаста влошка таа впиваше вода и екстремно брзо се сушеше, како и да е ја менував често, на секој сат скоро.
    Докторите ми кажаа со солена вода да се одмивам, самата помисла ми изгледаше болна, па искуство што имала жена до мене ми кажа така правела со физиолошки и супер поминала.
    Многу е болно кога е суво( кога нема крв воопшто) седнувањето е многу по болно, за среќа тоа беа само 2 дена, пред да излезам и кога излегов, после почнав со физиолошки.
    Може е добро раната да е сува ама самото крварење ја навлажнува и не е болно.
    Јас крварење имав само 4 дена, ова после само како исцедок..по малку
     
  14. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    И кај мене е слично,се породив пред 9 дена,напукав па ме шиеја.Крварење имав до пред некој ден,и знаеше наеднаш да престане да немам 2 дена ништо,после пак наеднаш да претече па да сопре.Сега веќе имам само бело жолт исцедок,исто мирис непријатен,а од вчера почна да ме боли и стомак како менструални болки..Од синоќа ми се засилија и осеќам сега десниот јајник ме кине страшно..ваљда матката се враќа во нормала.
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    9.230
    Пол:
    Женски
    Се додека се чисти матката од тие лохии нормален е непријатен мирис, шо од нив шо од хормони. Е сега ако има зголемено крварење, болки што ве загрижуваат, тогаш на лекар. Кога ке се исчисти матката, ке престане и тој непријатен мирис, тогаш ке се потите и ке пиете по литар вода на секое доење, барем кај мене така беше... Треба време додека да се стабилизира организмот.
     
    На Ladyyyy567* и Eni.r им се допаѓа ова.
  16. 2016305

    2016305 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    За колку време ви се распаднаа конците.Јас се породив на 15 март и сеуште конците не ми се распаднати а бидејќи ме шиеја прилично ми направија и два чвора дека на два слоја ме шиеја па сега ми пречат.
     
  17. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Мене ми падна уште првата недела чворот..
     
    На 2016305 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.:)
    Се надевам дека некој има слично искуство како мене,па ќе може да ми одговори.
    Се породив пред 3 месеци со епизиотомија и надворешно раната е зарасната,сè е супер.
    Е сега внатрешно приметувам дека сеуште на местото кај што сум сечена не е споено месото и како отчепено е.Прашањето ми е дали и вие имате вакво нешто,нормално ли е? Знам дека треба подолго време да помине за да заздраве внатрешно раната,но јас се плашам да не треба пак наново да ме шијат,дека ова не верувам само да помине...:(
     
  19. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    9.230
    Пол:
    Женски
    Можеби е само воспалено, можеш да прскаш спреј виоплекс, во него има благ антибиотик, јас го користев после епзиотомија, раната беше воспалена и неможеше да ми зарасне, спрејов ми заврши работа.
     
  20. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Не е воспалено,месото е иста боја како и внатрешноста,само не е споено,има како процеп...
    А внатрешно за колку време ти помина целосно?
    Иначе ќе го побарам спрејот,ти благодарам.