Колку кг се роди бебушка за 20 конци, кај нашле толку место да везат толку нека поминува само, ова твоето поретко се случува.
4030грама, ова со епизиотомијава ми е најтрагичниот дел од цел пораѓај, некако многу ми удри на психа мислам
Бивацин спреј ми рекоа нема во аптека. Ми дадоа Банеоцин прашок. Да го користам тоа за ранава или постои некој друг спреј замена за тој? Иначе Банеоцинот и за папочето ми рекоа да ставам.
После колку време почнавте да седнувате? Ја читам сега најдобро било после 2,3 недели. Па ја мислам уште наредниот ден дека седев во болница. А и сега дома некогаш седнувам кога го дојам. Боли,ама издржувам.
Ви се лепи ли од памукот од влошките доле на вагината ? Колку и да тапкам со крпа пак останува влажно пред да се напрскам со спреј. Можно е ради тоа да ми се лепат, се мислев со млак воздух од фенот дс пробам да потсушам доле
Каков спреј ставаш? Може од него да е.. Мене не ми се лепеле, ама јас се миев само и не ставав ништо на раната, најлесно и најбрзо заздравува така според доста искуства.
Одма си седнував. Ако имаш перница за доење, седнувај си на неа.. таман е со дупка и ептен олеснува И не мачкајте ништо на раните, често одмивање само (по секое мокрење), најубаво заздравува така раната.
Веднаш да седнуваш, така добив совет од акушерката, побрзо зараснува. Ќе седнеш со колениците до крај на креветот, не само на газот и на работ од креветот. Значи да седиш и на цел заден дел од бутовите, така не се осеќа болка. Инаку мене втората епизиотомија побрзо ми зарасна без спреј, само со редовно одмивање. Еве и од мене исто искуство како кај многу други.
Мене твојов совет за седење многу ми помогна. Недела дена после епизиотомија,седнувам без проблем и болка. Фала
После колку време престанавте со користење на памучните влошки со мрежа? Икжма поминато веќе две недели од породувањето и значително ми е намалено крварењето , незнам дали да почнам со обични влошки
После колку време може да се почне со бричење или депилирање? Може ли да се бричиме надоле скроз на кај раната?