Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Епизиотомија

Дискусија во 'Бременост' започната од girl.23, 13 октомври 2011.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.461
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Јас се бричам, не се депилирам, и се избричив кога можев да ја допрам раната со прст и да не ме боли. Околу 2 недели после пораѓајот мислам дека беше. Дефинитивно не се обидував идеално мазно да биде, само нежно поминував со бричот во насока на растот на влакната. Немав проблеми, да се исечам несакајќи или нешто слично.
     
  2. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Еве јас да ви пишам мое искуство после седум месеци од пораѓај,со епизиотомија прилично големка дека јас сум ситна,а бебчо голем!:D
    Се породив природно,тежок пораѓај имав дека пред време ми пукна водењакот (како што реков бебето беше големо за моето тело),се пораѓав 2 дена на ГАК во Скопје и сум презадоволна од сите вработени и посебно ми се допадна што хигиената беше на ниво и немаше посети,по две во соба,супер беше!
    3 часа после пораѓајот можев да одам,ама нели дека си сечена доле не беше баш најпријатно движењето,ама се трудев. Седнувањето лично мене ми беше мачно,дека раната беше голема,ама помина и тоа. Нормално почнав да седнувам 2 месеци од пораѓај. Раната 40 дена ја миев само со вода и плакнев со раствор,влошките VIR ги користев првите 40 дена дека крварев,откако ми се смири крварењето веднаш добив и почнав со обичните влошки,но дека имаа како најлон одозгора ми се триеше местото кај раната и пржеше,па затоа користев VIR до 4 месец по пораѓај.:)
    Раната откако се затвори убаво после 2 месеци почнав да мачкам со Контрактубекс и сега веќе ништо не се познава.
    Заздравувањето на раната го следев од првиот ден во болница,па се до сега скоро секој ден ја гледав раната и можам слободно да кажам дека како поминуваше времето,така сè одеше на подобро.
    Исто како и многу од вас тука и јас на моменти бев исплашена и барав совети и сега после 7 месеци можам да ви кажам дека секое тело е различно и му треба различен период за закрепнување. Така да не се плашете,не паничете,одете редовно на контроли и најважно не се споредувајте со други! Дајте му време на вашето тело и сè ќе биде како што треба,сите коцки ќе си дојдат на свое место. Само трпение!❤
    Јас после 3 месеци се издепилирав како што треба,пред тоа не чепкав дека не се чувствував подготвена и додека раната убаво не ми зарасна.:)
     
    Последна измена: 21 септември 2019
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.263
    Допаѓања:
    18.377
    Дали ставаат анестезија за шиење? Треба да си побараш сама или спаѓа во редовна процедура?
     
  4. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Да,мене ми ставија без да ја побарам.:)
    Но,најдобро прашај го/ја доктор/ка кај кој/а ќе одиш пред пораѓај.:)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    1.406
    Пол:
    Женски
    Ставаат, ама тоа е локално, и јас искрено не го почуствував дејството на анестезијата, а шиењето и те како го осетив:rofl:
     
  6. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Мене целосно ме успаа,значи не беше локална и ништо не осетив. Тек после 2 ипол саати откако ми ја ставија се освестив и не знаев кај сум ,се дупло ми се гледаше и не можев да зборувам како што треба саат време и после се си беше како што треба.
    Значи има и целосна,само треба да ја побарате.:)
     
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Даваат.Кај мене беше целосна.Ама ја си побарав:D
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    1.406
    Пол:
    Женски
    Ма во тие моменти ни на анестезија ми текнало ни на ништо:D
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.461
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    И мене таква ми ставија, ама ми кажа сестрата дека не ја ставаат на секој. Се јавуваше на некој шеф/директор, кажуваше дека сум и внука нешто, за да дозволат да ми ја стават таа, и те успива скроз саат-два. Можеби да побараш ќе ти стават. Мене реално и ми требаше да поспијам, повеќе од 6 саата не можев да станам од кревет после пораѓај, во споредба со жената до мене што буквално одејќи си дојде од бокс до креветот.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Ти ставиле таква затоа што не ја извадиле целосно постелката најверојатно, па те чистеле со вакум, слично нешто на киретажа. Они по пораѓај ја вадат, ја разгледуваат одма и ако фали нешто обавезно дочистуваат.. мислам ревизија се викаше тоа чистење.

    И јас добив целосна за првото, дека распадната беше постелката и не излезе ич и мораше да ја чистат. Но кога се разбудив по 1 час кога ми тргнаа газа од доле раната уште крвареше и ме шиеја пак, на живо. Не ставаат туку така целосна ако е се во ред.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Имав тежок пораѓај,два дена се мачев и самата докторка што ме пораѓаше ми стави целосна ,затоа што не сакаше повеќе да ме мачи.:)
    Иначе постелката си ја видов ,излезе одма по бебко.
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Абе и на други одма им излегува, а по 2 дена пак им прават ревизија дека ке приметат парче останато. На цимерка во Чаир 2 пати и правеа. Еднаш по пораѓај и еднаш 2 дена по пораѓај. Пред да не пуштат правеа ехо на сите, па таму одлучуваа која е за ревизија, која не е. Баш дека си имала тежок пораѓај не е убаво целосна да примиш зашто тешко ке се освестиш. И јас имав многу тежок пораѓај и после будење (едвај ме разбудија) се онесвестував со шамарчиња и газа под нос со алкохол ме враќаа и ме ми даваа ни 2мин око да затворам, баш ми викаа Мариииз станувај немој да си затворила очи.
     
  13. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Јас се разбудив после 2 часа од анестезија и бев малку шкљ,дупло гледав и ми се врзуваше јазикот,но по 1 час бев нормална и станав се движев без проблем.
    Така да се зависи од организмот.:)
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Сепак сакам да кажам дека не ти ја ставиле целосната за шиењето повеќе ете може поради тоа што си била намачена. За шиење доле не ставаат целосна, особено па не по желба. Па ни приватно не ставаат.
     
    На fana, Kitten и Стефанни27 им се допаѓа ова.
  15. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Да,можеби дека јуначки издржав два дена и на крај бев капут,хахах!:whew:
    Како и да е,најбитно кај пораѓајот е да се во ред мама и бебко,другото и после има начини како да се среди,фала му на Бога.
    Поздравче и убава работна недела.:l:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    Сигурни сте дека анестезијата траела 2 саати?
    Јас мислам дека е од оние со помал ефект, каде што нема интубација, и трае пола саат.
    Ај може некое медицинско лице ќе ни објасни околу анестезииве.
     
    На mariz и Мариаа. им се допаѓа ова.
  17. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Да,не трае 2 саати. Од тие со помал ефект е.Не сум медицинско лице,ама знам дека се разбудив после 20 минути.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Како што напоменав горе,секое тело е различно и реагира различно.
    Јас се разбудив после 2 часа откако ми ја ставија анестезијата.:)
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Пола саат треба да трае, ама 40мин, саат време не можеа да ме освестат. Баш 6:00 сум породена, а накај 7ипол веќе некако се соземав и малку освестив за да му јават на мм и да му речам дека се породив, после пак паѓав со главата ама на секое ми викаа за да се освестам :D Едно 3,4 саати лежев на бокс и кога ме дигнаа за да ме стават на инвалидска скроз се изгубив и се разбудив пак назад легната (ми викаа, ме тресеа, газа под нос) и едвај на кревет ме преместија (зашто арно мала сум) и со кревет ме бутаа до соба. А нз дали интубираат...
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.461
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Мене во 8 ми е родена малата, додека извадат постелка уште некоја минута, ги видов како пуштија анестезија и ми рекоа ќе ме шијат откако ке заспијам. После кога се свестив беше 10, го видов саатот на ѕид што им беше, се разбудив свежа, наспана, добро се чувствував додека лежев, само нагло ми беше паднат притисокот и не можев да станам на нозе зошто ми се вртеше. 10ипол бев во соба и ми дадоа телефон да се јавам на маж ми. Значи 2 саата сум била успана, интубирана не бев.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.