Не ти е точно ова, мене ме успаа за шиење и тоа 1 конец кај горе блзу клит. Не ме чистеле, ништо такво.Не барав, сами ми понудика. Али за брзо и ме разбудија а не 2ч
Можно е можно, приватно или со врски, или ептен ако се погодил денот на докторите па да понудат такво нешто. Државно среќа бар некаква да стават Мене на живо... урлав плачев, на оладена рана од 2ч ме шиеја..
Јас се породив со епидурална анестезија природно , и во тек на шиењето не осетив ништо. Со првиот пораѓај и те како осетив , мислам по 8 години ги паметам уште тие болки. Сакам да ве прашам , еве 8 дена откако се породив , од вчера имам некоја остра болка при седење таму каде што сум шиена. Ми е страв да не сум направила некој беља кога се премивав на тој дел
Па болката е нормална и мене долго време ме болеше раната,па ја гледав да не случајно ми е пукнат конец. Провери и ти,ако конците се тука немаш гајле,нормално е да боли. Поздрав и побрзо опоравување!
Здраво, Породена сум пред 10 тина дена, пред 2-3 дена конците отпаднаа, и раната не е многу голема малку се отвори... После секое одење во вц се подмивам и прскам со антиб.спреј... се слушнав со матичниот дали има потреба од прешивање, ми рече дека само од себе ќе се затвори. Прашањето ми е дали некоја имала вакво искуство и дали на крај се порамнува местото каде е раната, бидејки сега има како дупка...
Другарка моја така запримети дупче и демек површно ќе го фатиме. Среќа се погодил некој саглам доктор шо ја прегледал и видел дека внатрешно има инфекција и одново ја праеше со целосна анестезија. Значи подобро да те видат отколку да чекаш. А кој спреј го користиш за раната? Мене премногу ме боли па сакам да земам.
Имам спреј Октенисепт. Ми го препишаа во Систина бидејќи имав мало чешање,а примав Утрогестан,докторката рече дека се користи спрејов кога се прима Утрогестан. Вистина брзо ми помина чешањето и малце потрошив од него. Го платив околу 1000ден.. Во упатството пишуваше дека може да се користи и за рана после породување. Дали при епизиотомија сте ставале од овој спреј?
Женски, а да ве прашам конциве кога треба да се апсорбираат? Јас на 17 септември се породив , освен шѕо крварењето престана конците уште си стојат.
Agappi гледам одамна си прошла низ ова. Мене ми се случи слична ситуација. После природниот пороѓај ме шиеа. Кога си заминав дома, 3 или 4 ден пукнале конците од надворешната рана. Бев да ме прешијат и сега пак се разлабавени конците. Докторите викаат дека нема потреба пак да се шие и дека само ќе си зарасне. Какво е твоето искуство?
Забиси од типот на конците, некои се апсорбираат за 7-10 дена, некои за 30-40 дена. Јас имав од тие вторите па ми паднаа тек 40 ден.
Женски за колку време од прилика ви зарасна раната? Јас прв пат денес се осмелив да се видам и не знам дали јас не гледам убо или уште е рано за да се затвори, нема ни 1 недела. Местото кај шо е пресечено не е споено туку како малку одделено. И ме пржи на моменти, некогаш појќе, некогаш не. Се мијам обавезно 2-3 пати и ставам јод, не памтам претходно како ми беше.
И мене ме интересира кога ќе помине. Веројатно кај секој индивидуално,во зависност од телото,конците...мене не ми кажаа колку конци имам(ќе пишува во отпусно писмо?) Ама бааѓи сум сечена надоле и настрана а како што видов изгледа и нагоре Вчера сабајлето и вечерта ми ставија инекции за болки, денес се напив парацетамол. Може зезнав работа денес носев гаќи па ако сум затегнала..осеќам затегнување и печење, сега се измив,ги соблеков и кај и да е ќе се напијам втор парацетамол се надевам ќе пројде
Одделено и ке остане.. тоа кожичето што беше меѓу вагина и анус нема никогаш пак да го има и затоа ке изгледа како одделено. Отокот по 7-14дена ке спласне и ке биде порамно местото, ама никогаш нема да изгледа ни приближно слично како што било Утехава @Sofi.ja по 7-14 дена нема да боли веќе, ке почне да пецка, чешка дека ке зараснува. А инаку скоро сите мислам така ги сецнуваат, јас сум на десна страна накај задникот... Читај совети низ темава, како да седиш, нега едно др.. за побрзо зараснување. Најубаво е да седиш до крај на кревет со грб потпрена и седната на цел задник ( @Kitten го даде советов тука), не криво лево на страна... И не мачкајте ништо, одмивање со вода по секое одење во вц само.
мене изгледа толку добро ме шиеле,штом покрај 20конци имам само една тенка линија како да сум гребната,ниту подуено ниту испакнато ништоо,обичен белег.
И јас имам цртка белег кај задникот, нагоре само малку одделено (дека 2г ми пукаше раната при односи, мн сошиена ваљда). Но делот кај влезот кај вагината кај што сум сечена не ми е ист, таму ми е одделено... а озб како знаете колку конци имавте? Нит пишува некаде, нит памтам да ми кажале... (а бев шиена навнатре, надвор и на клиторис дури, два пати ме шиеја...).
@mariz не накај анусот, на десно кај бутот да речам кај шо е сечено тој дел е ко одделен, ама претпоставувам рано е. Плус то имам и модрица, оток, црвенило абе се со ред. ќе видам оваа недела како ќе ми е, ако не одам на лекар. На другарка така и пукнале конците па наново ја шиеја комплет. од то ми е страв