И јас од што читав се и сешто се исплашив и веќе не знам што е нормално што не. Јас како што видов од вагина до анус нема веќе празен простор И јас имам оток,црвенило и модрица на моменти како да ме влече надоле,некое станување дури не можам да одам
@Sofi.ja исто, ако стојам подолго време како камења да имам врзани надолу ми тежи и боли. За одење веќе уште ми е страв да ги раширам нозеве да одам правилно. Уф, маки, зато јас овој дел после породувањето најмногу го мразам. @mariz шо да прајме посилно е од нас, тука ми остана умот цел ден и на секое боцкање ми се чини пукнало нешто. Од пусти страв да не ги тргам истиве маки, сега пак се гледав, со светло засега не е уште заздравено, ќе почекаме
Дајте слика да биде поверодостојно Да си направиме "докторска" проценка Едно време гледав резови на стомак по форумов, овде ко за беља мораме со поетски слики да размениме искуства @Sofi.ja ти кај тебе ич не гледај, уште е отечено. Дури после 10 дена види си. Инаку резовите се најчесто странично, накај бутот, ретко накај анус.
Лелелелњ жени аман не ѕиркајте долу нема да се препознаете, мене ми беше страв втор пат да ѕирнам, а за пукање конци и јас прашав и ми рекоа дека не може да пукнат некои нови биле.... Бар овде во Охрид такви имале, мене ми беше страв да одам по голема нужда од пукање.... Сега немам ништо еве 7, 5 месеци после породувањето.
Хемороидиве се пострашни и од рана и од конци Неколку дена беше страшно ,кога си дојдов од болница. 2 месеци од тогаш, сега не ми се познава баш ништо. Само едно чворче,и ми боде очи искрено,само го гледам
И на 20 конци имаш мала цртка? Јас не сум слушнала некоја да има на раничка од епизиотомија толку конци, па ранава од царскиот помалку има И на рана од операција на слепо црево имав дури 5 Може се пошалила докторката, може да биле многу ама 20... тоа треба да е рез еден километар
долга е цртката ама не е потечена или слично како што опишувате,туку баш како белег , иначе имав тежок пораѓај требаше царски ради големо бебе ама инсистираа на природен и покрај тоа што ме сецнаа многу испукав . иначе јас со свои очи видов колкави конци употребија (со еден конец сигурно над 10 чворчиња се прават,а за мене употребија 2такви,така да не се шалела баш)
Абе сфаќам, родив и јас природно 4400 бебе, сецната и испукана бев, конци и на клиторис имав, ама 20 не беа. Два пати ме шиеја (прво по пораѓај, после по 2ч од пораѓај), вториот пат на едно место им се кинеше 5 пати кожата, па тој конец можам да го рачунам х5 Може така рачунала твојата докторка, со се тие што се кинеле, а дека 20 си имала на тебе, тешко.... тоа рез до колена требало да биде со 20 наредени конци
не сум единствена со толку конци бе,само ретко се случува толку да испукаш,плус рачунај дека и внатрешно сум шиена така да не се само 20конци надворешен рез ,а и не е секое тело исто ,јас сум на пример ситна 158цм и 48кила пред пораѓај ,и сеа ти види како мене ми искочило бебе од 4кила
Појди на лекар. Баш ми е чудно. Не би требало да гнои ако се одмиваш правилно. Јас само со вода и благ сапун се одмивав.
Леле не мачкајте ништо значи, мн пати истото го кажуваме... побрзо поминува раната без ништо, само миење со вода. Особено па не кантарион, кога веќе ставаш нешто бар Бетадин нека биде, кантарион никако.
Мене кантарионот многу ми помогна. Една недела се одмивав само со солена вода 5-6 пати на ден, раната ми зараснуваше убаво, ама беше многу сува и чувствував затегање, дури непријатно ми беше да седам. Тогаш дојде патронажната и нејзе ја прашав дали може нешто да мачкам и таа ми рече кантарионово масло. Се мачкав со него 2 дена и одма беше подобро. Не ме болеше на допир веќе, претходно и влошката што ме допираше ми сметаше. Може не треба на почетокот да се мачка, првите денови, зошто од болница ми рекоа само редовно одмивање, ама после некое време мислам дека кантарионот е многу од помош.