Во право си,беше патронажната рече може бетадин, а понатака ако има потреба кантарион. Која разлика од вчера до денес,денес сум многу многу подобра
Е така за 5,6 дена ке си супер. Кантарионот е мрсен и на незараснатата рана не и дозволува да се суши... Јас ништо буквално не ставав, само се миев на секое одење во вц.
Мене бетадинот во првата бременост многу ми помогна, и сега се мачкав ама од ко зедов од спрејот овие 2-3 дена сум многу подобра. Знае да ме заболи од време на време ама ништо страшно. Е сега друг проблем се јави Најверојатно зошто содржи антибиотик почна да ме чеша ко кандида. Не многу ама ме нервира. Немам исцедок, дури и крварењето скоро и да престана, ама ова чешањево не ми требаше.
Не те чешкаше првиот пат? Секоја рана што зараснува чешка при крајот... и таа рана доле ме чешкаше кога зарасна раната и раната од царскиот, а и од слепо црево (на 17г бев оперирана и се сеќавам)...
Не ме чеша раната, туку внатре во вагината Раната надворешно ме чеша то сигурно од шо зараснува ама ова другово...
Женки , има поминато скоро два месеци како сум породена. Раната супер ми заздрави иако бев и испукана. При шиењето на два пати сетив болка на мекото место , вајда и на кај клиторисот сум била испукана. Засега немам никаков проблем , но се случува кога одам по голема нужда при напнувањето , дека цело време сум со запек , да осетам како да ми трпнее клиторисот. Дали е ова нормална појава , дали некоја од вас осеќа таква нелагодност. За 10 дена имам закажано ксј гинеколог , ама тогаш којзнае дали ќе ми текне да прашам за ова
Колку време после породувањето осеќавте болка? Крварењето не ми е многу силно,само како слуз и некои парчиња - знам дека е нормално. Прашањето ми е дали е нормално што ја осеќам раната како сува?После секое одење во вц се мијам со топла вода само. Инаку денеска ми е шести ден после породувањето и имам 6 конци.
Кај мене 7-8 дена траеше болката,до 14ти ден се чуствуваѓе по малку и како сува и чешаше,пецкаше...еве 20ти ден денес веќе ништо не осеќам
Исто бев и јас. После една недела кога почнав да ја осеќам сува раната, по препорака на патронажната сестра почнав да се мачкам со кантарион. По 10тиот ден веќе речиси и не ја чувствував раната, не ме болеше, ама сосема зарасна после 20тина дена отприлика.
Нормално ли е првата седмица да имам кафеав исцедок,а денеска веќе 9ти ден свежа црвена нормална крв?
Не осеќам никаква болка во раната и се движам слободно... нормална црвена како на почеток на мензис е...
Здраво женски Ве молам за совет. Породена сум пред месец дена природно крупно бебенце 4.000 кила, ме сецнаа, но за жал после неколку дена пукна два конци. Отидов на гинеколог каде што ме советуваа да се мачкам со витамин Ц ампули, ациди борици и кантарион. Исто така користев и солена вода, но еве тоа место сеуште не е зараснато како крвава раничка е. Ве молам за совет како побрзо да зарасне веќе се пробав многу сум упорна но малку се демотивирам и плашам. Воедно уште чувствувам притисок долу не болка, туку притисок дали е тоа нормално и кога се ќе зарасне и ќе биде како што треба?? Ви благодарам многу, секој совет ми е добредојден.
Да не треба да се сошие пак? Да отидеш кај што роди да ја видат раната... Не е океј уште да крвари по 1 месец. Има крв на хартија од раната ако поминеш или само крвава изгледа?
Мене ме советуваа со бетадин да ја мачкам,а почнав со кантарион. Со кантарион се мачкало откако ќе зарасне. Убаво ти пиша mariz оди кај што се породи да те видат, мене за 20тина дена од раѓање ми зарасна.