Сестра ми користеше еден спреј си го купи од аптека почнуваше на буквата Е, не ми текнува името, ама мислам дека за 5 дена и зарасна раната. Прашај во аптека сигурно ќе знаат што да ти дадат, нема многу такви спрееви.
фала ти на одговорот јас сеуште не сум породена ама сакам да се информирам што да порачам да ми купат ако ми направат епизиотомија. добро е што има специјални средства за тоа во аптека. не сум знаела
во болница кога ги прашав ми препорачаа со солен раствор да се одмивам и почесто миење на раната ,пошто беше топло август се породив ,јас уште наредниот ден се туширав било подобро и за конците да се распаднат нели, дома кога дојдов не пробав со солен раствор ама до 40 дена ставав кантарион на улошка,со камилица се одмивав од време на време, инаку за 2 недели ми зарасна раната толку и ме болеше,после тоа полека се вратив во нормала е сега не знам можеби е кај секој индивидуално
изгледа кај секој е различно мислам дека добро што не си ставала солен раствор,некако не ми оди за да се става на рана а ова со кантарионот и камилицата ми е допаѓа,значи може и тоа да се става на раната. јас сум ставала кантарион кога ќе имам исекотина или друга рана,не бев сигурна дали може и на ова место да се употреби
Мислам дека оваа е најсоодветна тема за моето прашање. Значи вака, се породив пред 2ипол месеци, правена сум епизиотомија, но покрај сечењето и испукав навнатре, па си добив и неколку конци плус. Имав болки околу 4 недели, потоа ми поминаа како ништо да не се случувало таму После 2 месеци пробавме да имаме односи со мм, чувствував некое пецкање и мала болка и почнав да крварам по малку. Веќе 3-4 дена имам по неколку капки крв на влошката и некоја тапа минимална болка. Дали е можно раната уште да не ми е зарасната убаво? На гинеколог сум дури следната недела, па ме интересира дали има некоја мама со вакво искуство?
Може и да не ти е зарасната убаво раната, јас кога отидов на контрола гинекологот ми рече дека уште не ми е зарасната раната тоа беше некаде после 40 дена, почекајте си со маж ти уште малку
Мене ме породија со вакуум, значи епизиотомијата беше неизбежна . Претходно д-р не планираше да ме засечи но кога ги изгубив контракциите ајде ножицата и вакумот и се заврши работата .... Односи имавме првпат по седум недели и болки имав неверојатни , впрочем првите 3-4 пати после пораѓајот ми беа ужас . Сега после седум години од пораѓајот мене сеуште ме боли местото, посебно на промена на време и тоа такви болки да неможам да седнам . Поздрав
Истото беше и кај мене. Се породив со вакуум и затоа докторот ме сечеше. Не почувствував болка при сечењето, бидејќи докторот ми го намачка местото со раствор. Имав 4 конци, кои ми паднаа после точно една недела. Немав проблеми со раната, освен што ме печеше кога седев, кога одев и кога се смеев.
I mene me secnaa no i malku si raspukav ama ne dobiv za sreka tamu konci rekoa nemalo potreba ... E sega na secnatoto mesto i den denes na promena na vreme osekam nekoj neopisliv srbes i odi na nervi... Sienoto me bolese tocno 10 dena i edvaj sednuvav ...polesnomi bese da odam negoli da sedam....Da imase kako kerka mi vo stoeka polozba ke ja doev....Se pominuva koga togas E sega jas dobiv eden sovet od patronaznata da si napunam malku kadata so topla voda i da kleknam , pobrzo omeknuvale koncit i ne stegale tolku....Zatoa sto koga zarasnuva koncite stegaat i srbi .... E jas samo ednas go napraviv toa mozebi trebase pocesto ama ajde de nemav volja za poveke valjda.... So nisto ne mi rekoa da se mackam ni pak mi predlozija nesto za svaki slucaj.... Za prviot pat koga se ljubevme so mm bese posle gink.pregled kade sto mi kaza gink.deka e zarasnato i deka moze ama deka ke boli malku...E sega me bolese mene prvite dva tri pati
јас не сум породена со вакум, ама природно и нормално со епизотомија. Кога на мм му викам дека уште ме боли раната тој не верува. Да на промена на време после толку години мене ме боли раната.
Фала Ви многу на одговорите. Јас мислев дека се доволни 2 месеци за зараснување на раната, но не било така. Денес бев на гинеколог и ми рече дека уште не е убаво зарасната, што и си претпоставив по крварењето, кое за среќа престана, па ќе си почекаме уште малку со мм Поздрав
Жени гледам темава не е одамна активна,јас сум една недела породена,имав епизиотомија и тоа ми рекоа дека сум била повеќе шиена бидејќи ме правеја и ревизија.До пред два дена неможев да станам ни да лежам,ниту пак да седам,а морам да ја дојам малата па така кога седам ја притискам и гледам дека ми пукнал еден конец и како отворена ми е сега малку раната.Имал ли некој искуство со ваков случај,не ме боли на тоа место,само ми е страв ако треба пак да ме прешиваат,секако планирам да отидам,но сакам да чујам и ваше искуство
Одма кај матичњн, јас добив како мали бели мозолчиња и покрај бетадине и одмивање често. Ми рече матичниот фобра била раната. Јас сум страшно испукана и епизиотомијата помалку боли од страничната рана.
@azelea не би требало да те прешиваат, само ќе зарасне местото, но сепак исконтролирај на лекар, види шти ќе ти каже гинекологот. Сакав само да ти дадам совет да го доиш бебето легната. Легни си го до себе странично, ем полесно и ќе можеш да одмориш, ем нема да ја стискаш раната. И јас на почетокот се мачев све седната, па дури и ноќно време, главата ми паѓала од што ми се спиело. Откако почнав да легнувам сум наспана ко чоек
Од искуство за еден конец нема да те прешиваат, ама оди нека те види гинеколог. Јас чаре најдов во перница за доење од тие големите, од стружанка- 600 мкд. Грбот добро е потпрен, не боли, рацете двете потпрени и уживам додека дојам. Така и спиеме, ама за толку мало бебе треба повеќе да се внимава било како да доиш, не дај Боже да заспиеш подлабоко....
Бев до кај матичната пред некој ден,ме виде кажа дека е отшиен еден дел и ми даде еден спреј оксикорт и да се прскам после секое миење повеќе пати и да ставам кантарион на газичка,ако нема подобрување за неколку дена да одам пак во Чаир може и да ме прешиваат.уф како се нервирам.А и не се пазам многу ја притискам малата неможам да ја дојам легната не ми е згодно,неможам да се намаестам
Porodena sum pred tochno dve nedeli, prirodno, I normalno,so rutinska epiziotomija, po nashi standardi. Vecherva zabelezav dve tri kapki krv na mestoto, verojatno mi puknal nekoj konec. Shto da prezemam dodeka ne pojdam na doktor? Inaku, ushte mi e strav da sednam, ili lezam ili stojam, I malava ja dojam od lezenje.
Јас знам кога мајка ми се опериса од тумор, исто конци и беа испукани и се плакнеше со млака камилица. И тоа таа од доле до попок беше со конци
Незнам како си забележала крв, бидејќи јас кога се породив ми направија епизиотомија имав 4 - 5 конци ама јас крварев 40 дена отприлика и ми кажаа дека тоа е нормално, во соба веднаш после пораѓајот бев со две жени од кои едната гинеколог а другата фармацевт и баш они ми кажаа дека е најдобро да се одмивам со физиолошки раствор си купив од аптека најголем шприц и така ја миев раната, првите десет дена беа непријатни и се осеќаше некоја затегнатост но откако престана крварењето се беше ок. После 8 недели раната беше потполно зарасната, и не осеќам никаква болка сега дури не ми се ни приметува.