Јас од 20тиот ден почнав со кантарион кога веќе се што може испробав, а на контрола бев после 17 дена ...
Ова единствено ме плаши од целиот пораѓај. Не знам дали ќе сум природно или царски, рано е. Би сакала природно. Не се плашам ни од болките ни од ништо. Ама сечење,шиење, такви работи ме плашат мноогу.. Обична игла ако видам вперена накај мене се преплашувам.. Шиена сум неколку пати на други места и ми било премногу болно, се надевам нема да ме шијат и на пораѓај..
Два пати во животов имало потреба да ме шијат,на прст и на чело,од страв не дозволив. Исто како тебе имав уплав и 100 пати при пораѓај повторив за анестезија при шиење. Сечењето не го осетив воопшто,претпоставувам контракциите беа поболни,а за шиење ми стави анестезија на местото. Не осетив болка,ама како одеше надоле,при крај така осеќав тегнење и пецкање. Не беше страшно како што замислував.
Ме сецнаа и испукав, верувај ништо не се осеќа во тие болки. Со анестезија ни шиењето нема да го осетиш. Зависи каква кожа имаш, јас мака со седење имав неколку дена, после буквално ништо не осеќав. Ништо не ни ставав ма раната, така ми препорачаа.
Dva dena se prsnav po dva pati dovolno bese se da zarasne, sega mi tekna da pisam da se zablagodaram me spasi posle 2 dena ko nova, dzabe se mackav gluposti eden mesec
Женички ве читам за раните, јас испукав одоздола цела сум лом, кај што бев сечена од првиот пораѓај таму и плус низ цела вагина. Срамни усни внатрешно надворешно. Бев многу отечена од шиењето дури и помодрено, сега е малку повлечено ама ништо не ми дадоа да мачкам или да прскам. Само при вц кога одам одма истурам вода да не ме пече, ама ме боли кога седам и потешко се движам. Вие како сте со одењето?
Само миење со вода се препорачува колку почесто толку подобро. Можеш и бетадин да ставаш. И јас не можев да се движам ни да седам,за 7 дена беше подобро за 14 многу подобро.
Ако случајно имаш перница за доење седнувај на неа, спас е дека дупка во средина има. Иначе само со вода е најдобро, по можност по секое одење во вц. По 7-10дена ке биде подобро.
Пробај ова. Добар совет ти даде Мариз. Мене ептен ми помогна со перницава. Иначе немаше шанси да седнам. @ddevojce
Добро ако мислиш помага ставај. Многу што ставале креми, маст и др работи потешко заздравила раната. Раната и треба да се исуши за да заздрави, а вака од мене и од други искуства без ништо најдобро и најбрзо заздравила..
За отокот ациди борици. Јас во болница дента коа се породив многу отеков, ми донесоа 3 шишиња од по 1л ациди борици да се одмивам на секое одење во вц. Сабајлето спласна. Јас не сум многу шиена, дома кога дојдов 3тиот ден веќе бев вратена во нормала. Ни за седнување немав проблем, можда малце ме затегаше првите денови меѓутоа не беше болно.