Ве молам дајте совет во средата се породив, испукана бев и со епизотомија, мнооогу ми е страв од одење по голема нужда, јас посекако цел живот имам запек и бавен метаболизам. Ве моооолам за совет.
Нека е живо и здраво Јади потечна храна, земи и ленено семе, суви сливи обарени пиј ја водата, плус и сливите јади ги. Воопшто не си била во вц по голема од кога се породи?
Не, воопшто, под голем стрес сум бидејќи детето ми е на интензивна нега, имаше проблеми со дишењето и адаптација, јас сум под огромен стрес. Денес ќе ме пуштат од болница, ќе си одам без него и деновите ми се кошмар, плачам 24/7
Ова беше мојот хорор. Потешко од самиот пораѓај. На крај пак со клизма завршив. Ама после тоа многу ми помогна ленено семе со јогурт, супи, течна храна, лажичка рицинусово масло. Честитки, нека е живо и здраво.
Мислам дека ќе им побарам клима пред да ме испуштат од болница, барем тоа да ми олесни.. Многу распукав при пораѓајот и епизотомија имам плус.
Ооо душа Тогаш дома прави како што ти реков, потечно јади, земи прогуглај плус што помага за запек, еве и советите на Мариа искористи ги... Бебче ке е подобро, ке се грижат за него. Дома ке си имаш и поддршка, па ке ти биде малку психички подобро
Да, фала ви на помошта мили, мноооогу е тешко, да си го гледаш бебчето само два пати дневно, преку стакло, со цевчиња во носето, ваков хорор никому не му посакувам. Плус поради корона вирусот ги редуцирааа посетите.. Фала ви 
Нека е здраво и живо малечкото. Ајде полека бебето е во најдобри раце и се ќе биде во ред. Деновиве мораш да посветиш внимание на себе да ојачаш за да можеш добро да се грижиш за него кога ќе дојде од болница. За здраво и среќно бебе е потребна здрава и среќна мајка. Пред да се одлучиш за клизма, би те советувала да земеш од аптека од прашоците на природна база за омекнување на столицата. Колку можеш пиј повеќе течности, компоти од круши и сливи. Тиква исто така многу помага. За јадење повеќе супа, јогурт со овесни снегулки и ленено семе, многу овошје и зеленчук. Избегнувај банани, ориз, компир, конзервирана храна, пржено. Се ќе биде во ред за неколку дена, ќе видиш.
Фала ти мила, пробав со чепчиња, апчиња на природна база и ништо не биваше па ги замолив сестрите за клизма, се преродив. Сепак во болница не можеш да бираш што ќе јадеш, ќе продолжам само со течности и овошје. Чекам моето ангелче да се опорави комплетно за да нѐ пуштат дома.
Жени после колку време ви паднаа конците? 38 дена откако сум породена имам уште плус еден сега ми виси. Тоа што ме мачи е дека повторно неможам да си седнам убаво на газ таму кај шо сум шиена многу ме боли. Плус не сум изгледа убаво сошиена, имам на десната срамна усна долу кај влезот на вагината тврдо парче месо, кое многу ме боли и на допир и кога седам го чуствувам. Не знам како ќе биде понатака, не верувам да смени оти така е сошиено и одтанато парчето. Сте имале ли сличен проблем? И како сте го решиле?
Конците не ни осетив кога паднаа. А така тврдо парче месо имав и јас. Ама тоа не значи дека не си убаво сошиена. Ќе се опушти местото и нема да боли толку. Ако приметиш дека не поминува, консултирај се со докторот.
@wannaBeMomma Морам да ти се заблагодарам што имаше споделено за спрејот Толку брзо се опоравив што се чудев како е можно да е толку ефикасен. За недела дена бев како да не сум се породила воопшто.
Бев пред десетина дена на редовна контрола по пораѓај, рече дека ќе се опушти ќе омекнее, а ако не помине и ако ми смета, тогаш со мал оперстивен зафат ќе се сецне тој дел и ќе се зашие тоа место од ново. Треба време да помине и да видам кскп ќе биде
Конците после колку време ви паднаа 8 ден како сум породена веќе нема конци, ми е страв да не се рано паднати, а веќе не ме боли раната, почнува да чеша, крварење уште имам.
Чеша зошто поминува, брзо паѓаат конците, а и проѕирни-месо боја се може и да има а да не ги приметуваш
Повеќето конци се ресорбираат затоа не си ни приметила. Јас не видов конци воопшто, двата пати, иако некои кажуваат дека виделе паднати конци. Инаку супер е тоа што чепша, значи поминува. За жал за крварењето ќе почекаш месец и пол