Здраво мајки. Еден месец како сум породена и пред една недела на епизиотомијата ми се појавија две бели точки кои потоа пукнаа и сега се како црвени ранички(како при повреда кога се излупи кожата) и на допир ме боли, пече.. дали некој имал сличен проблем? Болката на раната ми помина за 6 дена функционирав нормално, можев се да правам и после една недела ми се направи ова. Од што може да биде?
Posle kolku vreme vi zarasna ranata? Ja posle 3meseca resiv da vidam sto e kako e dole gledam uste e otvoreno i ima kako bel iscedok valda ne e gnoj
Дали ви е изгубена формата доле? Кога ќе се видам доле на ништо не личи, се нервирам, ужас. Се плашам и за односите во иднина со сопругот, сигурно нема да биде како порано,
Јас имам едно многу малецко парче од срамната усна што ми штрчи, кога ме шиеле тоа го пропуштиле. И баш мм се зафркаваше дека со нова особа ќе има односи А за односите на почетокот што се стегавме двајцата од страв, после тоа се си се враќаат во нормала дури може и подобро
Zdravo.moze prasanjevo ne e za tuka ama ne znam kaj da pisam. Pominaa 5meseci od kako se porodiv. Secena sum siena 6 7 konci. Rezot mi se poznava i toa sienoto. I kako sto se gledam se uste e kako otvorena i ima nesto belo vnatre. A na ginekolog poradi situacijava ne sum bila se uste... dali nesto slicno ima kaj nekoja I se uste ne sme imale odnosi od pusti strav da ne se sluci nesto hhh Vie posle kolku vreme se odlucivte za odnosi i dali ima bolki ili? Sto da ocekuvam zdravje za ponataka
Не може после 5 месеци да е отворена, а бело изгледа гледаш некое лузнато ткиво, сепак треба лекар да види. За односи, ние имавме по три месеци исто заради страв од болка, но не беше болно.
Женски кога почнавте да се депилирате долу? Има 11 дена како сум породена, ме нервираат влакната, ако ништо повеќе бар со бикче да се поминам, ама ми е страв да не е рано?
После 5 месеци и тоа маж ми ме чекаше надвор со бебето за секој случај ако почне да плаче ..отидов тазе депилирана на порагај и после ама воопшто не ни помислував на депилирање...еве и сега не ми е на памет тоа..но бричот може да заигра...
Јас сум 9 месеци породена и уште ми е страв да одам на депилација. Се средувам дома со машинката на мм
Многу ми е тоа, ќе полудам со влакна Прво се мислев после 40 дена да одам на депилација, ама не можам да издржам, сега сакам бар со бикче да се поминам, ама страв ми е. Ја мачкам раната со кантарион. Не гледам конци да имам, ваљда паднати се. Или внатрешни се конците па не ги гледам?
Конците се месо боја така да не можеш да ги приметиш. И сами се распаѓаат. Мене на бришење ми се имаше залепено на марамицата еден па го видов. Можеш со огледалце да се средиш и да го избегнеш делот кај раната. Како што прочитав мала ти е, кај мене беше партали
Малечка е, 3,4 цм. Ќе пробам денес малку да се поминам, колку успеам толку Фала на подршката Штом не се гледаат значи ми паднале. Јееј Јас внимателно ја тапкам раната со кантарион, се гледам на огледалце. Само една линија имам малечка
Само да знаеш,и мене ме караа на форумов кантрион се става откако ќе заздраве, зошто може пред време да ги стопи конците. Подобро да ставаш бетадин
Пред 2 дена почнав да ставам кантарион. Кога видов дека нема крв, дека нема конци. Сега ме исплаши, ќе сменам на бетадине веднаш
Здраво,породена сум 15дена природно и шиена. Немам болки но сега приметив дека на раната имам бели крукчиња. Дали некоја од вас имала исто.
@merina.93 Јас немав големи породилни болки, го осетив сечењето баш поради тоа. Болеше не викам не, ама не е нешто што не се издржува. По мое ако имаш големи породилни болки нема да осетиш Сега едно прашање . Сечена сум долу накосо. Раната вака ко што ја гледав супер е, не ме боли, зараснува. Ама горе под клиторисот до пред некое време имав крв. Денес се туширав и долу додека поминуваше вода на тоа место ме печеше а и додека мочав баш на тоа место ме печеше. Како црвенкасто ми е. Горе да сум шиена нема шанса, ќе осетев.. За една недела ќе одам на преглед , ама да ми каже некој дали имал вакво искуство?