Би ме шиеле ако распукав.. На почеток тука горе имав болки, ама не се замарав многу ,мислев општо боли, човек излегол од мене. Ама еве денес со печењево. Страв ми е пак да мочам Ќе помислев и јас на бактерија ама зашто ме печеше и водата кога поминуваше.. Катастрофа
Ставаат. И јас од тоа имав уплав. Додуша јас испукав незгодно и на некои места ја осеќав, ама во споредба со тоа што претходеше шиењето беше лабавица, јас со мм на телефон зборев додека ме шиеја
Какви искуства имате со Виоплекс спрејот и доење? На упатството читам дека не се применува додека доиш, а на своја рака го зедов, имам голема рана од епизиотомијата ама не е воспалена, едноставно сакам побрзо да заздрави, веќе поминаа 3 недели од породувањето и споро заздравува.
Ставаат обично. Мене еднаш ме шиеја под целосна (дека ми ставија целосна поради компликација една), па после 2ч кога ја тргнаа газата од доле видоа крвареше раната ме шиеја на живо на скроз оладена рана... (сега не се сеќавам на болката, ама тогаш го отерав у пм.. буквално.. докторот )
Не знам дали е соодветно прашањето за тука, ама не најдов друга тема. Се породив на 27ми... ме сецнаа, ме сошиле(колку толку). Конците ми паднаа/испукаа по 5 дена негде, бев кај матичниот гинеколог и беше фрапиран од целата УМЕТНОСТ што ми ја имаа направено. Ми рече да мирувам, да не се ширам, да не одам..бла..бла..бла... Не е возможно сето тоа пошто сепак имам новороденче кое има потреба да го преслечам, да го надојам... Згора на тоа ми загнои раната, не многу, но има гној..прскав виоплекс до скоро но матичната ми рече да го исклучам од употреба и да ставам само бетадин. Сакам да ве прашам дали некоја имала вакво искуство и после колку време профункционирала нормално?
Многу рано си му отишла на матичниот, па затоа бил фрапиран. Тоа тек ке спаѓа, оток има плус, тегнето, шиено, што мисли он како треба да изгледа? Јас се миев на секое со вода само, одма и по мокрење миев и ништо не мачкав и брзо ми помина. А бев доста шиена (два пати), па дури и накај клиторис горе. Ке помине по 20тина дена (ке можеш веќе и да седиш убаво) , најдобро се осеќав кога бев спремна и за на депилација.. А тоа беше по 2м.. До тогаш налет додека помине, прво конци чуда, па крварење, па после чеша кога зараснува, се на се ств месец дена треба за скроз добро да се осеќаш.
Како се снаоѓавте за одење по голема нужда првите денови после пораѓај? Јас сум тазе втор ден постпартум и имам проблем со мокрењето, само во стоечка положба можам . Ми е страв да помислам на голема нужда како ќе преживеам
И јас едвај седнував на шоља и се молев само да не морам да вршам голема нужда додека сум во болница. 5 дена од породување не бев испразнета ,ми беше тешко на стомакот,ставив чепче и со помош на мм дремев на шоља. Дури на крај ми помогна со бришење,колку и да изгледа тоа бљак, јас бев толку расечена што првата недела ми требаше помош и за седнување и станување од кревет. Инаку и јас стоечки мочав во туш кабина и одма после се миев,што почесто миење подобро за раната. Втората недела бев многу подобра,третата веќе сама дома со бебе си извршував обврски,мм тргна на работа
Значи да не се мислам да си земам чепче. Фала ти ми даде некоја надеж, се надевам и јас ќе бидам подобра следна недела
Еве јас да се пофалам денес успешна мисија за прва нужда бр.2 без помошни препарати Многу ми помогна туширање после секое одење во вц за брзо зараснување на раната. Еве денес 5ти ден од шиењето веќе немам никаква мака .
Девојки После природен пораѓај кога бевте во вц по број 2. Дури страв ми е да помислам на вц од што ме боли уште доле...
Првиот ден дома кога си дојдов Си се опуштив дека дома си е дома, во болница се ‘молев’ да не ми се приоди. Само ќе си ја пазиш убаво раната. Јас и после бр.1 одма под туш и првата недела ациди борици ставав на влошка (зашто доста оток имав и убаво ме ладеше и ми помагаше тоа). После бев на контрола и со зелено светло продолжив со кантарион на влошка. Раната си помина и зарасна супер.
Два дена откако си дојдов дома.Јадев само супа, јогурт, така по течна храна и си завршив работа без проблем. Недела дена јадев така ,за да имам мека столица После недела дена нормално одев. Не ме болеше,ама не напнував. Си чекав само да бидне,по 15мин дремев во вц А за мочкање, мочкав под туш со водата пуштена, инаку ме печеше
Јас пак... Дали е нормално да пече доле раната? Не користам ништо после секое вц се туширам..ми е страв дали печењецо е нормалбо 5-6 дена после пораѓај
10дена после пораѓај легнував и станував со помош за седење немаше шанса, ме болеше ме печеше до смрт бев многу шиена. Веке на 15 ден беше полесно за од 20 натака да бидам скрос ок. Еве скоро година помина сум немала никаков проблем со раната се заздрави како шо треба.
Овде имам читано од мајките дека мочкаат со уклучен туш во тушкабината и дека не ги печело (лично не знам, царски се пораѓав). Пробај може ќе ти е полесно