Па нормално е. Уште е рано за да се каже дека не е норнално. Дали напоредно почнува и да чеша? Со првото имав и печење од уретрата додека одев по мала нужда но најверојатно ради тегнење кога го вадат бебето.
Уште не осеќам чешање. Само болка-печење. Сега малце се поднамали. Забележав и конче дека падна веројатно почнале да паѓаат.
Здраво.Породена сум пред месец време.Раната ми е зарасната но на крајот од раната пред некој ден ми се појавија 2 бели кругчиња и пукаат и се прават како ранички и кога се бришам тече крв.Но потоа пак се ствара бело најверојатно е гној.Ве молам за помош или некој да сподели ако има слично искуство.Благодарам
Мајки тие што завршиле со епизиотомија, имате ли проширување на дупката? веќе 20 и некој ден, раната брзо ми зарасна без болки супер функционирам ама ова ми мати мозок
Maж ми вика немало разлика пред и потоа А мислам дека нема врска проширување на дупката со епизотомијата. Си шие докторот до кај што сецнал.. повеќе не верувам дека би шиел
Истиот проблем го имав и јас. Ми беше земен брис од рана и испадна дека има бактерија. Каде се породи ти?
Jas se porodiv vo Sistina.Bev na ginekolog da mi ja vidi ranata i ustvari problemot bil do koncite, neznam kakvi konci koristele i od toa se stvarale kako ranicki so gnoj no nisto opasno.Imav ostanato uste nekoj konec i mi gi izvadi i premacka so betadine.Taka da sega i jas se mackam so betadine i se oporavuvam
Super. Se nadevam ke ti pomine. Jas se porodiv vo Remedika.Isto mi gi vadeja koncite i me ubeduvaa deka nisto nemalo, no nikako ne pominuvaa ranickite. Zazdravuvaa i pak se javuvaa. Se dodeka ne se otkri deka ima bakterija i primav antibiotik i mackav masti. Sega sum podobro, za edna nedela treba da pravam kontrolen bris.
Blagodaram sto mi kaza deka e taka.I bas ke ti pisam kako ke bide.I tebe ti posakuvam brzo oporavuvanje
Една недела после пораѓај, се одмивав и на крпата видов нешто како... Парчиња розево нешто. Конците? Никој ништо не ми кажал за одржување на раната, освен да се мијам често во вода и да менувам влошки. Седев уште првиот ден. Немам некои болки, ама осеќам како да ми тежи кога стојам подолго. Вчера бев на гинеколог, ми рекоа дека можеле подобро да ме сошијат, конците почнале да олабавуваат, ама не би требало да имам проблеми. Сега конечно собрав храброст да се видам себеси доле, имам нешто како топче месо, баш таму кај што ка осеќам тежината. Не знам што е нормално и како треба да изгледа.
Тоа што чувствуваш како да ти тежи е раната која повремено ќе затега, нормално е. А тоа топчето веројатно е лошо сошиено, но би требало да спласне кога целосно ќе помине отокот. Се уште е рано, заздравувањето трае подолг период. За оддржување прашај гинеколог за Виоплекс спреј, брзо ќе ја заздрави раната и нема да доведе до компликации, како инфекции и отворања.
Мене денес ми е втор ден како сум породена и раната ми е уште свежа, сега пред една недела што се породи една другарка ми кажа за спрејов, мм ми го купи јас се одмив само со вода и после прснав, ама премногу ме печеше, дали е нормално да пече толку многу од спрејов или мене бидејќи ми е премногу свежа раната затоа толку ме печеше?
Јас прснав од спрејот третиот ден мислам дека умрев од болка, не знам дали е до тоа ама не се осудив да ставам пак
Не се прска внатре во отворот на вагината. Ако си прснала внатре тогаш можно е да печело, се прска исклучиво надворешно, површински на кожата.
Повеќе треба ко ладно да осетиш него печење, пробај со бетадин на улошката првите 2 3 дена па после со спрејот. Јас така направив и за 1 недела веќе не осеќав никаква мака
Здраво abvggvba. Би сакала да те прашам како си. Јас еве веќе 3 месец уште се борам со инфекцијата. Третманот ептен тешко оди бидејќи сум алергична на пенкцилини само локална терапија ми е препишана. Ме интересира дали и ти примаше нешто терапии или помина без? Позз
Здраво на сите. Веќе неколку дена ја читам темава и има многу информации. Се породив пред 20 дена и ми правеа епизиотомија. Се породив во Ремедика кај Хаџи Лега (тој беше дежурен, а јас стигнав веќе отворена 9 прсти и се породив ептен на брзинка, без епидурална). Породувањето помина добро, особено што не бев со епидурална. Искрено, за тоа колку многу се плашев, супер поминав. Меѓутоа, маките почнаа кога веќе се вратив дома. Епизиотомијата почна да ме боли страшно петтиот ден. Се погледнав и видов дека во надворешниот дел кожичката е одвоена, а се гледаше и конецот. Нема што не пробав: Бивацин спреј, хидроген за подмивање, крема Хепатромбин... Десеттиот ден бев на преглед во Ремедика, кај докторка што не ја знам (прегледот ми беше веднаш после педијатар на малиот, па не можев да прибирам). Докторката ми кажа дека конците ми биле пуштени подолго, па тоа правело иритација и ми рече дека требало да се извадат. Мене ми паднаа чудни неколку работи: • Зошто да треба да се вадат конците, па зарем не треба да си паднат сами? • Зошто конците воопшто се гледаат и зошто се црни? Па, нели треба да се со кожа боја? • Како ќе се вадат конци кога раната не е заздравена? Затоа што бев исплашена, докторката ми препорача да се вратам друг ден кај доктор што ми е од доверба, а за во меѓувреме ми препорача да користам спреј Silben Nano, тој бил со сребро, за да се затвори раната. Го користев спрејот недела дена и навистина се затвори тој дел од раната што беше отворен, а за кој ми кажаа дека било само надворешен, површен и мал отвор. Раничката се затвори, но црвенилото си остана, а конецот сѐ уште се гледаше. Затоа вчера, на 18 ден, отидов на преглед кај д-р Петрова. Таа ги извади конците и ми препорача само да се прскам со солена вода и ми рече дека за 2-3 дена требало да ми помине. Денеска се гледам во огледало. Црвенилото е малку спласнато, ама уште стои. Сега гледам дека се извадени и конци од внстрешниот дел на долните усни. Епизиотомијата е на десната страна и од тоа што го гледам - има како некој засек на долната десна усна, како пресек му доаѓа, несиметрични се усните во тој дел, иако порано беа. Не знам дали тоа така треба да изгледа, дали е привремено или за стално, ама сеа и тоа ме секира. Болката ми е во надворешниот дел, на перимеумот, ама ептен во внатрешната страна, во непосредна близина на вагината. Ќе чекам да видам што ќе се случи, но да бидам искрена, имам некое претчувство дека нешто не е во ред. Или не сум добро зашиена, или настанала некоја компликација, инфекција или нз што, пошто овој тек на настаните едноставно не е нормален. Се плашам да не ми останат трајни последици, како за многутемина за кои прочитав овде, а кои со години си патат со таа болка, осетливи се на промени на време, имаат болни односи и сл. Затоа и ви пишувам, сакам да прочитам ваши искуства или познавања на темава. Зошто конците се вадат, а не се оставаат да паднат, како кај сите други? Имала ли некоја слично искуство и кои се советите што би можеле да ги споделите? Ви благодарам однапред.
Здраво. Потполно ист случај имав како јас да сум го пишувала прашањево. Во поглед на конците истото и мене ми се случи. Прво раната беше отворена па користев силбен нано. Со тоа штп јас плус имав и белко како загноено. Со спрејот се повлече гнојот и раната се затвори, но црвенилото остана по што на наредна контрола ми беше препишан антибиотик. Меѓутоа и тоа не помогна па ајде брис ми земаа и испадна дека имам бактериска инфекција Streptococcus aureus (болничка) и Enteroccocus (цревна). Е нејсе ми дадоа антибиотик што делувал на стрептококата, меѓутоа поради алергија на пеницилин за др бактерија само локална терапија. Не знам колку масти не испробаа и ништо еве 4 месеци јас уште сум со терапија, последно белогент и полигинакс вагиналети. Среќа стрептококата се излечи. Конците ништо страшно, исто и мене ми беа така па и нив ми ги вадеја. А за усните и јас тоа го забележав кај мене. Ти препорачувам да ти земат брис и вагинален и од рана за да се види навремено, да не се труеш со несоодветни антибиотици ко јас. Исто и јас сум породена во Ремедика. Ако те интересира нешто пиши ми во лп. Поздрав