Zdravo mamichki, vekje 5 dena kako sum porodena, secnata sum stranicno na desnata strana. Dr mi reche samo so solena voda da ja mijam ranata, no sega zabelezhav ispaknatko (nalik hemoroid). Shto da stavam za da se povleche i dali e mozhno da mi se pojavi toa od shto nosam gakji?
Сега за сега ништо, прави само она што ти кажал докторот. Сеуште е рано да се каже, почекај да спласне отокот и да зарасне убаво. Гаќите не се причина.
Здраво мајки ве молам за одговор дали првите денови осеќавте кога ви се оди во вц, јас сум два дена породена и ништо не осеќам доле кога ќе седнам на шолја само си тече,како отрпнато е и ни можам да пуштам ни да запрам дали е тоа нормално првите денови, незнам дали е од тоа што е отечено или!!??
Да нормално е ,мислам дека е од отокот. И јас исто само притисок осеќав ,а еднаш и испуштив среќа не се повтори
Јас пак цел ден мисла ме мачи да не ми згрешиле нешто да си остане така Сите пишуваат само колку боли а никој дека неможе до вц да се иде
Да сте здрави и живи Па и да мочнеш тоа е ,ќе си исчистиш ,се надевам брзо ќе помине. Земи си виоплекс т спрејче ,помага многу
за колку време почнаа да ви паѓаат конците? и од кој спреј сте најмногу задоволни? јас користам некој што почнува на окс... ама искрено не можам да проценам дали делува.
отокот ми е веќе спаднат од облоги ациди борици на влошките, сега кога седнувам осеќам некое боцкање што претпоставувам се конците. сами ќе си паднат или треба да ги повлечам/сецнам јас ако ги забележам? виоплексот се користи само за отоци или и за да ја снема лузната?
Виоплекс ја суши раната и нема да боли,а побрзо заздрвува. А конците сами ќе си паднат ,јас освен подврзокот друг конец ни видов ни сетив. Лузна секако ќе остане.
За две недели сами паѓаат, ама исто и јас не видов ни конци ни ништо освен подврзокот, и тој ми падна кога се миев, а лузната останува не мине тоа. Да прашам дали осеќате како боцкање или пецкање на местото каде што сте сецнати. Јас од време на време, ретко се дешава не знам дали од промена на време или поима немам од што осеќам како благо пецкање на тоа место.
Да ,осеќам. Сум приметила дека е кога ќе седнам на ќош. Кога се менува времето. Пред да добијам. И ако не сум истуширана два дена почнува да пецка.
5 месеци. Бев на гинеколог ја гледаше ,рече се е во ред ,ама ич не ми текна да прашам за пецкањето ,мислев нормално е
Кај мене 3 месеци се поминати, ама кога бев на преглед ми рече раната многу убаво ти била сошиена и убаво е заздравена, дури и не се познавала многу. Ама ете од време на време како благо пецкање осеќам на местото кај што е сецнато.