Не е штетно, јас го коридтрв скоро цел месец оти компликации имав, па послр преминав само со кантарион и јод додека скроз не заздраве.
Жени, почна да ми гнои раната и отворена ми е по само 6 дена од пораѓај. Утре одам на преглед, дали при повторно шиење многу те задржуваат пошто имљм бебуш за дљ знам што да правам
@forumce гледам во стари мислења мака си мачела со гноење на раната. Мене на едно место ми е како точка гној ама пржи пече вака не се трпи. Што ти дадоа за одмивање памтиш ли? Спреј прскам не помага, а хартија и влажни не сум употребила,само вода и ниту гаки не носам, јас не знам од што се направи вака, толку пазам... @IChika што ти рекоа на лекар? Еве и мене ми почна гној малку....
Само со топла вода се миев и после бетадине,така ми кажа мене докторот ,нег ставав јас одма спрејот.А инау и мене ме печеше еден период и ме чешаше.
Кај мене најверојатно беше алергија, ама тогаш не знаев. Матичниот гинеколог ми даде течност Видермина која тогаш ја немаше во аптеките, не се произведувала повеќе.
Кај мене внатрешно исто беше, не да печеше и болеше и крвареше по можев да седам и да се движам тазе породена кога бев отколку после 4 недели. И матичната ми рече спреј да прскам, ама отидов кај докторот што си одев на приватно и ми рече крварењето не од матката туку од раната, и ми извади еден конец он ми загнолил. Ми рече никаков спреј ништо да не ставам. Само јод, и после тоа за 1 недела скроз заздраве.
И кај мене така додека паднаа конците имав проблеми. Кога ставав од таа течноста ми испаднаа конците и се се среди. Мака мачев скоро 2 месеци. А сега со овој пораѓај само 1 конец имав, малце само ми гноеше ама беше незабележително. Конецот падна по 2 недели од раѓање и немав никакви проблеми. @jarec6 ти колку конци имаш? Бааги ли си шиена?
Јас мака мачев, ме примија посабјле и ми рекоа ќе ти ставиме едно конче почекај за пол саат на ургентно. Чекав саат и кусур со изговор дека биле на состанок, на крај ме виде една и тоа една секунда и ми рече ништо не ти е не треба да те шиеме. Дојди пак на контрола за два дена. Глупости. Ми даде среј и едно масло, али нема влијание. Вчера баш пробував со јод на газа и ми седеше на раната и се потсмири и не е толку отворена. Пробај така.
Јас прскам спреј Виоплекс, мијам со физиолошки, се надевам ќе помине, мислам дека ми се откачило конче,а може и филм си праам,не ми се оди на лекар ако ептен не морам,пак да ме чепкаат немам сила више.
Пробај со јод да ти седи на мрстото кај мене имаше подобрување. Ја користам спреј сливер нано и тересиан оил али јодот ми имаше ефект.
Шиена сум 10 конци, 7ми ден денес веќе, пецка доле, језиво чувство, но приметувам како да тече од шиеното течност, проѕирна, се сум мокра, не е крв. Се немам видено, на допир сум отечена од десната страна кај што сум шиена и уште ми е страв да седнам да не пукне раната и ме боле плус. Некој вакво искуство?
Како знаеш дека е проѕирна течност додека крвариш? Оток е нормална појава, сеуште е тазе. Во врска со седнувањето јас добив совет од акушеркатс обавезно да седнувам како што треба со цел гз, така побрзо и зараснувало. Значи нема да седнуваш на раб од кревет туку со цел газ но и цели бутови да бидат потпрени (седнати) на креветот, само од коленици надолу да висат нозете. Кај мене ова имаше ефект и веќе петиот ден немав болка при седнување.
Јас сеуште имам проблем со раната, а поминаа 9 месеци од породувањето. Два пати ми ја шиеја раната, ама не се затвори пак. Има неколку топчиња што се гледаат со розевкаста боја. Пет месеци ме чешаше и пецкаше раната и сега почнува пак чешкање. Многу е непријатно, мислам чешањето настанува ако малку зарасне, па пак се отвори, па пак малку зарасне, и така во недоглед. Дали треба нешто да се интервенира пак, не можам да замислам повторно сечење и шиење, или може вака да си биде подотворена со топчиња, нема крварење, дали има некоја искуство.
Мајки по колку време ви заздраве раната? Мене 15ти ден ми е после пораѓај уште неможам слободно да седнам Првите дена ме болеше да, потоа не, нп денес повторно како да ме пецка доле уф.. Бетадине, кантарион користам, незнам уште што веќе да почнам.. мислам никогаш нема да се среди
Сега со последниов пораѓај до 20 дена и мене ме болеше , 10 дена чекав конци да паднат , претходните два пати побрзо некако ми зараснуваше ама бев странично сецната , овој пат дали дека ме сецнале малку па сум испукача плус затоа болеше повеќе...
И мене и ме сецнаа и јас си распукав малку и мислам дека сум повеќе шиена и затоа подолго време ќе треба... но ова ми изгледа како да нема крај