Тие на газа и врз раната...ама дали може за таа не знам немам користено ,јас ставам за испуштени вени...
Во болница првиот ден кога се породив ми ставија знам, ама како, колку искрено не се ни сеќавам незнаев кај сум тогаш..
Јас на секое одење во вц, натопував мрежаста влошка и ја ставав врз самолеплива за да не ми пропушта.
Девојки здраво , дали имала некоја искуство со гранулом или топчињата месо што настануваат од недобро шиење ? Ги имам 2 мали се и црвени , со се баш на влезот на вагината , си мислам проблеми да не ми прават . Дали се повлекуваат со тек на време и дали треба нешто да ставам ?
Значи шо не кажувате дека после природен пораѓај е вака мачно. Сечена лепена и монтирана сум . Абе ова помачно отколку самиот пораѓај. Шиена сум и внатре и надвор. После 7 дена од пораѓај катастрофа сум. Првите денови имав болки во стомак...се среди. Сега почна раната да ме пече, тешко заздравува. Се премачкував два дена со јод...ништо. Вчера ми дадоа оксикорт....дома дури скроз гола шетам без ништо за да не ми лепи на улошката. А кога ќе ја ставам улошката смрт ми е. Не можам да седам ни на страна...само шетам низ дома и офкам. Ми рекоа сега оксикорт два пати на ден и физиолошки. Искуство некое?
Јас ако ти кажам нема да то бидам утеха И јас имав супер, лесен, брз пораѓај што дури и не се ни сеќавам на него и на болки, ама шиењевоо уффф... Еве после 30дена имам подобрување. Нема што не пробав, хепатромбин маст, јод, кантарион, виоплекс-т спреј, солена вода.. И да ти кажам незнам што ми помогна или самото време што поминува. Еве моментално само со солена вода се мијам сеуште, и јод ставам малку. Вторник ќе одам на гинеколог па ќе видам што ќе кажат. Јас имам мака кога ќе подвижам повеќе. Наутро кога станам ехе како ништо да не ми е, ама после некој сат чувствувам како некоја тежина надоле. Не е болка. А тоа оксикорт што е? Спреј? Или?
Да спреј е со антибиотик. Синоќа на урегентно бев, ми го дадоа. Па ова боли бре. И внатрешно и надворешно сум шиена. Внатрешно не осеќам болка. Ми се среди се. Ама ова раната надвор ужас. Не можам да седам, не можам да лежам, склет ме фаќа кога стојам или движам дека ми лепи улошката на раната. Јадам стоечки.
Јас 14 дена шетав без гаќи и јадев стоејќи... Исто раната повеќе ме болеше од пораѓајот ми се чини ,не знам колку конци ама знам дека беше и внатрешно и надворешно. И знам дека ми беше како потечено. Само виоплекс ми помогна после секое одење во вц мислам прскав и ја сушеше раната. Јодот и кантарионот ја влажната и уште повеќе лепи ,после кантарион Чак и влошката ми се залепи еднаш. Сега од жешкото дополнително се воспалува ,само одмивање почесто и ставај од спрејот како што ти препишале за некој ден би требало да мине
Знам како е. Додушајас не бев така,седев од прв ден, може не убаво ама се местев лево десно и фаќав положба. А улошкава уф и јас неможам да ја поднесам. Добро до кога се крвари аман за да се носи Е првите дена и јас така лежев на крпа. Али сега беба веќе повеќе време ми е разбудена и мора в раце и нема лежење повеќе хахахах
Треба да седиш убаво за да може и раната побрзо да зарасне. Кога седнуваш седни со газот до крај, цели бутови да бидат "седнати" да не биде тежината само на гзниот мускул. Нозете да бидат излезени од креветот само од коленици надолу. Така се стега побргу раната, совет од акушерка. Јас веќе петтиот ден седев нормално, многу ми помогна ова. @Naatashka123 не ставај јод, тој се става ден-два после пороѓај како антисептик, инаку цело време ќе ти влажи раната. Веднаш батали го. Или само одмивање со вода почесто и оставете само да зарасне, или антибиотски спреј како Виоплекс за да ја исуши побргу. Но од мое искуство од Виоплекс подолго одеше заздравувањето и подолго ме болеше.
На секое одење во вц се одмивам со вода ... Јас мислам заздравена е раната, не ме боли веќе, само некогаш како топче нешто осеќам дали така е заздравена раната, дали е оток што не верувам, или гној недај Боже појма немам... зошто немам храброст да се видам
Топчето е зафатеното ткиво што го сошиле. Со тек на време ќе спласне. Да беше оток ќе те болеше многу.
Леле како да седнам убива тоа мава во глава. А ако седнам раната ептен ми е навнатре и ќе се спури ми се чини.
Мајки, дали е нормално ранава после породување уште да чеша? 3 месеци поминаа и од пред некој абе чеша, убива.