девојки помагајте се породив на 1ви и епизиотомија ми направија но денес гледам дека местото ми е отечено многу и неможам да одам во вц ве молам кажете ми некој спреј или маст што да ставам или било каков природен лек
Бивацин спреј. Мене од тоа ми помогна. Памучен комотен веш. Исто така јас и дома си ги користев влошките со мрежичка.
Gledam dolgo vreme ne e aktivna temata no se nadevam nekoj ke mi odgovori praveno mi e epiziotomija 2 pati mi pukaat koncite i me sijat i sega 3 pat pak imam kako puknat konec na krajot kako eden santim ima dupka se gleda vnatre mi vika doktoro deka ne treba da se sie spored vas sto treba da pravam dosta šum uplasena dali ima nekoj so vakvo skustvo i kako se lekuval ve molam za odgovor
Незнам каде да го поставам прашањето па овде ке прашам Тие што се породиле природно а биле сечени и шиени што користевте за побрзо зарасување на раната?
Мене во болница ми кажаа ништо да не ставам и ги послушав иако од дома си имав спремано ациди борици, физиолошки, кантарион, некако ми беше страв да ставам. Се миев само со млака вода по неколку пати во ден т.е. на секое одење во ВЦ и раната за релативно брзо време ми зарасна. Инаку многу бев сечена и болеше многу првата недела дена, на 2 пати мислам и парацетамол се напив од болки, но еден ден мислам после 10тина дена се разбудив и веќе не ме болеше, како преку ноќ ми исчезна болката.
И мене ми рекоа ништо да не ставам, ми потенцираа, можело да се распаднат конците пред време. Ако има некаков оток само можело со физиолошки и толку. Ме болеше две недели може, не знам колку време не можев да седнам. Најлошото нешто од целиот пораѓај. И сега имам лузна малечка, ама опиплива.
Да си земеш кантарјон и да си се мачкаш по повеќе пати на ден после подмивање. Многу помага верувај а и многу побрзо ќе ти зарасне .
jas bev lom secena siena epten, sekoj den samo se izmivav so cista voda i stavav na pamucna vloska kantarion. Za epten brzo vreme mi zarasna duri se cudev kako tolku brzo
Одмивање со физиолошки раствор,или со чај од камилица,потоа бетадин 10% и на крај со спреј бивацин или оксикорт како замена за бивацин,а со масло од кантарион не се мачка додека има конци,откако ке паднат.
Ужасно ме боле и пече раната од епизиотомијата. Одржувам хигиена, ставам бивацин, ама пак пече. Се мислам кантарионово масло да ставам. Ужасна е болката, не можам ни да седам ни да одам.. Во болница и нифлам против болки ми ставија од што толку болеше. Најлошо нешто од сѐ дефинитивно.
Јас само кантарионово масло ставав, брзо ми помина. На влошката ставаш по неколку пати во денот. Најприроден и најефикасен лек за зарастување.
Ох,потполно те разбирам,мене ова ми беше најтешката мака од цело породување,јас два месеци неможев да си седнам,мене па и ми се отвори,ужас,се миев со хидроген па со јод и џабе ништо не ми помогна за болките,после само од себе.Гледај да седиш на страна да не ја притискаш таа страна кај што си сечена и ми кажаа на гума за пливање најдобро да седеш.
Јас ништо не ставав и супер поминав со раната. Така ми рекоа, само често одмивање и тоа само со вода (се миев после секое одење во вц).. а за болење болеше една недела мн, не перница, не кебиња под задник.. џабе се, само време помина и престана да боли (а два пати шиена бев...). Ми идеше стоечки да ручам
Никако кантарион, предвреме ги топи конците. Прскај бивацин и одмивај со хиперманган. Тоа од Петровска ми е кажано
Не се сите конци исти, затоа најубаво е да се праша во болница со што да се третира раната. Ете мене тогаш ми рекоа овие конци се такви што ништо, апсолутно ништо не смее да се става зашто ќе паднат побрзо, само одмивање после секое одење во вц. А за болење боли, пече, пржи. Тоа е, ќе помине.
Мене од болница ми беше кажано ациди борици, а откако ќе зарасне раната кантарион. Ама мене не ми зараснуваше, па на своја рака зедов бивацин и се препородив. За неколку дена ми зарасна раната, потоа продолжив со кантарион.