Јас немав потешкотии во одењето, ама затоа неможев да седам се додека конците не ми паднаа и не ми заздрави раната како што треба
Честитки мајка да е живо и здраво бебчето, тешко ќе ти биде првите 3,4 дена со одењето, седењето ќе потрае малку повеќе ради раната и конците, не се секирај, ништо страшно не е, се се заборава за брзо, ќе леташ по дома за бебе хехе
Иста бев првата недела , а после тоа ако пешачев по долго тогаш имав многу болка( ама јас бев и внатрешно шиена плус)
Пред 23 дена породена уште не можам убаво да седам. При одење имам болки само во карличните коски, исто и при мала нужда.
Јас со големото долго имав проблем многу бев сечена, лежев додека јадев, на шолја немаше шанси да седнам, дека имаме када, маж ми ме креваше да се истуширам, после 6 недели на контрола уште не бев заздравена целосно, гинекологот се чудеше што ми направиле, се на се околу два месеца поминаа, ама јас бев три пати сечена, со малото само еднаш и за две три недели се вратив во нормала
Така е првите денови, јас недела дена ко раштрафена бев, седев на страна, одев и си офкав. Ама ќе помине
Здраво мајки, барам ваше мислење. Породена сум пред скоро 9 недели. Раната сеуште не ми е заздравена, поточно гледам дека е отворена кај ваг. отвор надолу. Бев кај матичниот на преглед нели оној што е после 6 недели и ми рече дека раната не е убаво зашиена според него и треба презашивање. Ми даде упат за Чаир, бидејќи таму се породив и рече да ме прегледаат. Бев таму, ме прегледа др. Емил и му ја објаснив ситуацијата, почна да вика какво презашивање, нема тоа, цитирам “како си е - така си е” и буквално ме набрка. Не можам до толет да одам бидејќи ме пече, а редовно одржувам хигена, прскав спреј, миев со борна. Не знам веќе, полудев.. Секој совет е добредојден..
Јас го имав истиот проблем по првото породување т.е. раната не задравуваше и имав болки со месеци. Седење на задник ми беше невозможно 4 месеци. Правев 100 промивки на ден со физолошки раствор. Кога бев на ГАК после 3 недели од породување ми рекоа ако мислам да раѓам второ дете да не ми прават ревизија зошто ќе ме болело многу, кога ќе сум го родела второто ќе ме сошиеле убаво Жално и вистинито. Матичниот ми рече: има и многу полошо. Мнооогу време ми требаше да заздрави раната и да не ме боли на седнување, подоцна и при однос. Пред да се породам со второто и напоменав на докторката за раната и ја замолив ако може да ја порави штетата од првиот пат. Ми рече резов си е супер, нема што да се поправа Ако ти е утеха после второто породување го немав истиот проблем, а и второто породување беше со епизиотомија. Појди до ГАК ако си во можност ама не очекувај ништо.
Знам дека никој нема да се позамара со ваква за нив ситна работа а за нас голема.. поради тоа што е така отворено имам и премногу зголемен исцедок.. постојано сум со влошка. Дали кога ќе заздрави ќе се среди истото? Го имаше и ти овој проблем?
Со влошка бев 2 месеци од породување. Ама добив и циклус некаде 45тиот ден. И потоа знаеше да се јави крварење/исцедок од време на време, ама секој пат поретко и помалку. И за тоа бев на матичен, ми рече нормално било.
Бев на преглед после 50 дена кај матичен - кажа дека раната е супер заздравена ама не ме сошиле убаво. Тоа потенцијално значело дека можела да ми 'падне' бешика во иднина - што и да значи тоа. Е сеа имало две опции - да ме средат на пластика или кегелови за да се зајакнат мускули ама тоа пак не било сигурно. Некој со сличен проблем?
Мајки породени со епизотомија после колку време имавте секс?И какво беше чувството дали имавте болка при односот?Многу се плашам да не испука раната(40 дена поминаа) а хормоните лудуваат