На 39от ден, што престана крварењето сосема. Јас немав никакво посебно чувство, маж ми рече дека внатрешно различно за него се осеќало и неколку месеца после пораѓајот, што не ме изненадува. Конкретно кај што бев шиена ништо посебно различно не беше од пред раѓање.
Здраво породена сум пред 1 недела направена ми е епизиотомија но незнам колку конци премн ме боли прскам спреј за рани но осејкам како конец да виси и е тврд дали ќе паѓа? И како ја третиравте раната искуства?
Јас не користев ништо за раната, конците сами паднаа незнам ни кога паднаа..Еве и 4 месеци после пораѓај местото кај што сум шиена е тврдо на допир.. Ако ти е мисла појди кај докторот што те пораѓал нека те види..
Мене така ми висеше конец, се јавив кај докторот што ме пораѓаше, рече ништо страшно, да прскам спреј или борова вода да ставам. После ми падна, се беше ок. Инаку и јас имав болки одреден период.
So srekja , da ti e zivo i zdravo bebuceto ♥️ jas se porodiv pred 3 meseci , bev isto so epiziotomija . Sve sto koristev no nisto . pocnav so varena voda so sol , i sekoj menuvanje na vloska si se mijev so vrela voda . Okolu 2 nedeli idese , i se popraiv vozev i kola. Ako uste ti interesira nesto pisi mi na privatna
Devojki pak jas pocnav da se mijam i so kamilica i podobra e ranata no denes me cesa i peci dali e normalno?
После 2.5 г собрав храброст да видам што се случува таму... Многу лошо изгледа од конците лузните се хаос огромни развлечени...
Девојки. Породена сум пред еден месец но имам дел од епизотомијата кој што ми е отворен веќе подолго време. Некогаш дури и има крв на раната. Матичниот ми рече дека нема потреба за повторно шиење а јас на своја рака зедов силбен нано спреј. Работата е што откако почнав да прскам мене раната почна да ме пече.Како да препознаам дали зараснува? Дали некоја има искуство со ова ?
Бетадин подобро ставај, но течност. Мене долго време сама ми пукаше, крвареше (1ипол год ). Имав место лошо сошиено и се додека не се развлече и зарасна без да се тегне, на секое ми пукаше при односи, па дури и при нагло седнување... матичната мене ми рече тогаш бетадин да ставам.. Инаку кога веќе нема да крвари, тогаш ќе знаеш дека е зарасната.
Здраво девојки Не знам дали го поставувам прашањето на вистинско место во форумот но се надевам на помош доколку некоја го имала мојот проблем. Породена сум точно пред три месеци природно. Шиена малце но раната ми беше отворена и дури сега започнува убаво да заздравува. Проблемот ми е болката која ја осеќам на самото заздравено место, на допир боли а при мокрење печи не се издржува.Исто при мокрење осеќам некој нелагоден притисок. Дали можно е да е некоја инфекција бидејќи имам и претерано многу исцедок а првиот обид за секс беше неуспешен од премногу болка па дали има врска едното со другото. Ќе одам на гинеколог но прво сакав да слушнам од лично искуство совет
Колку е максимумот за кој што треба да заздрави раната? На 11ти Април сум породена, болка имав 2 недели, а после тоа цело време имам печење/чешање, а на моменти раната пушта како гној и крвари. Пред недела дена ми падна конец на туширање. Максимална хигиена одржувам, прскам Виоплекс и џабе. Не знам веќе што да превземам, почнува да ме загрижува ова..
мене ми заздрави после 10 ден почна да ме чеша. и откако почна да ме чеша немав никаков проблем. користев и јас виоплекс и ациди борици ставав на улошки.
Мене за 14 дена ми заздраве. Најмногу ми помогна Терезиново масло од него за два дена ми помина. По два три пати се туширав дневно со Еуцерин сапун.
Немој сапун, само вода. Инаку маслото е доста ефикасно, го има во Зегин. Скапо е малку. 5 мл беше мислам 800 ден. Ама ќе ти помине и со толку.
Пробај со Еуцерин сапунчето и од него доста ми олеснуваше. Во Зегин го има и земи најмала количина што имаат пошто е доста скапо а за кратко ќе ти го треба. Зошто да не? Тоа е медицински сапун.
Мила ако пушта како гној и крвари јас би отишла да ја ѕирнат за секој случај да не е некоја бактерија па да има потреба за некоја антибиотска маст или нешто слично.За околу 2 недели ми заздраве скроз мене,не користев апсолутно ништо само миење со вода и убаво сушење со крпа
И јас мислев така, гинекологот ми забрани. Секој сапун има тенденција да предизвика иритација. Само со вода.