На стерилна газа ставав и директно на местото го оставав така некои пола саат. Јас немав гној, ама цел месец ме болеше, и докторката ме виде и рече со тоа да се мачкам. Ми помина брзо после тоа.
Јас болки немам, на почеток првите две недели имав само. Се надевам маслото ќе помогне, камо порано да ве прашав.
2 ипол месеци откако се породив и ме шиеа сеуште крварам но темна боја и по малку. Повторно почна да има непријатен мирис и благи болки. Ќе одам наредна недела на гинеколог, ваше мислење?
Здраво, дали има некој породен во Систина со прво дете што не му направиле епизиотомија? Го прашав докторот во Систина и ми рече дека тоа е скоро рутинска постапка кај првородки, но ме интересира дали се чека да пред да се направи додека се види дека има можност за пукање или има опасност по здравјето на бебето или се прави секако? Дали можам да кажам дека не сакам епизиотомија освен ако е бебето во опасност и дали ќе ме послушаат? Многу ми е страв од оваа постапка што дури се мислам и за царски поради тоа, иако првично бев за природен пораѓај. Фала ви многу.
Правила нема. Јас сум породена во Систина пред месец дена и сум сечена. Втор пораѓај ми беше, првиот не бев сечена ама помало бебе родив во 33та недела, со претходен фетоцид ради аномалија итн. Овој пат кога бебето се спушти доволно за да излегува докторката ми кажа дека мора да ме сецнат за да не распукам (тоа е далеку полошо). Вака они имаат контрола и сечат само толку колку што треба. Рана е и треба време да заздрави, боли, кај секој индивидуално, ама во секој случај јас ако пак раѓам би одбрала природно со епизиотомија пред царски. Сепак не е операција и нема сериозни последици.
Душо моја се поминува и се заборава. Јас сум сечена плус со вакум а бебе мало 2800, нема правила таму. Болки да, јас во болница станав уште првиот час и си реков џабе стравот. Но кога се вратив дома не можев да стојам подолго од 2мин. Бебе не можев да го соблечам стоејќи. Еве ме два ипол месеци сеуште благи болки. Немој да бираш сама царски, болките таму ќе ги видиш после некое време. Ќе боли епизиотомијата но покрај себе ќе го имаш најголемото богатство кое секоја болка ќе ти ја топи. Ти посакувам со лесно♥️
Јас не сум породена во Систина, ама ќе се убацам неповикана за епизиотомијата. Мене ме сецнаа кога видоа дека има ризик да испукам и тоа беше многу малку, буквално 2-3 кончиња. За 5 дена бев супер, само со вода миев. 100 пати би родила пак вака, ептен брзо се опоравив.
Мене за вториот ме сецнаа на истото место кај што бев со првото, а за третото немаше време да ме сецнат па сама распукав, сечена сум на десна страна, а испукав сама надоле, лом ми е
Jas za prvoto me secnaa i rekoa lele raspuka. Mislam deka nenavreme me secnaa.. zatoa mozi i podolgo vreme nemozev da se oporavam
3 недели денес точно како сум породена, пак ме фати раната, како печење чувствувам и пак неможам убаво да седнам. Се си беше во ред скоро 2 недели, што значи сега ова после толку време?
Зависи. Мене не ме правеа, туку малата малку ме поткачи со рачето кога излегуваше, дали пола сантим беше, не ме шиеја, за два три дена заздраве раната.
Neznam kade da go postavam prasanjevo. Se porodiv prirodno na 26.05 So epizotomija sum. Mi popustija dva konci i ne sum zarasnala kako so treba i sega imam rascep kako V bas kaj vaginata. Ne sakaa da me sijat povtorno, mi dadoja da go polnam rascepot so peruvianum balzam, i demek ke zalepi. Dali nekoja ima slicno iskustvo.
Mila kako e sega epizotomijata? I jas imam isto kako ti del ne se zatvori radi popusteni konci. Stavam nekoj peruvianum balzam demek ke zalepi ama ete nisto ne gledam podobruvanje, a ne smee da se stava poveke od dve nedeli toj balzam.
Жени немав епизиотомија ама сум пукнала малку. шиена сум ама дали лошо сум шиена доле имам како три израстоци. мислев хемороиди се.ама не се кожа е се гледа убаво веќе. ќе се повлече ли ? или така ќе ми остане доле некој со слично искуство? инаку веќе не ме боли раната одма заздраве. ко да немам родено.
Зависи и како е шиено, обично се повлекува отокот од шиено да кажам ама дека скроз мазно како лепено ќе биде малце потешко. Кај мене царскиот што е правен нема израстоци воопшто ама затоа слепо црево што ми вадеа 3 конци имав и баш кај што шиеле е по набабрено.
дааа фала богу. се нервирав за џабе хахах . се повлекоа само едно топче мн мало остана скоро неприметливо. Ваљда ќе се повлече и тоа. колкави беа јас мислев хемороиди се и се мачкав со крема за хемороиди џабе сум се мачкала.