4 ипол месеци крварам, кога многу кога капки, кога крварам многу раната како да ме пецка бев вториот месец ми кажаа се е во ред. Зарем е во ред волку долго време, ма дај сестра ми после 5 месеци остана повторно бремена јас не можам да си фанам позиција на кревет за спиење од болка, чешање. Ми здосади веќе, напорно и врелооо
После колку време престана да ве боли раната? Јас уште одам како патка скоро две недели поминаа, уште се одмивам со вода не можам да се избришам ме боли...
После 12 дена одеднаш како магично да ги снема болките , можев да си седнам нормално, највеќе ме болеше валда кога испаѓаа конците негде 10 ти ден ,дека остри кончињата како да ме сечеа и после толку ќе видиш одеднаш ќе престане да боли.
Јас пред 4,5 години кога ме сечеа, од после, по пороѓајот од раната се создаде компликација и имав операција... Инаку раната до кај 6 недели боли, затега, пече, конци паѓаат/вадат Тие што се лошо поминале, обавезно тоалетата секоја вечер да им ја прави сопруг, негователка, што знам, некој друг. Чај од камилица гилтер 2,3 ќесилки у тенџере да зоврие исто како за чај и цела шака сол да се истури во врелото Да се олади на млако, колку ви одговара топло ама никако ладно и легнати друг да ве исчисти со таа промивка и со газа, памук само да истапка. Неколку минути да се исуши и после облекување. Можете ваљда и сами, ама јас не можев Ова за тие што не можат Инаку и ден денеска на промена на време ме здоболува и при некои пози знаете веќе за која активност
Дали тие што сте поодамна породени (3 ипол години сум јас) чувствувате пецкање на раната од време на време? До сега сум немала ништо, летово прв пат забележувам пецкање ме штрека, и знае да ме подчеша понекогаш. Вака визуелно ништо немам, ама чудно ми дојде после скоро 4 години да ми се случува ова. Имам побајаги рана, доста бев сечена, ама никаква мака немав со заздравување, ни до сега..
Брисеви може треба, ама почеток на годинава бев на годишен преглед на гинеколог, а последно време ми е збоктисано од доктори за други работи и ич не ми се стресира за ова плус.. Мислиш може и некоја бактерија да предизвикува вака?
Читав, можно е нешто поврзано со нервите после години штом почнува. А и мајка ми вика од царскиот со мене после 10 години почнала да ја сецка вака раната, и ден денес и се случува.. Фала ти во секој случај .
Да ве прашам повеќеродките. Тие што сте сечени при прво породување, дали тоа место може само да попушти, да прсне при второто породување? И дали второто породување повторно на истото место сечат... некако еднаш рана пак да ја сечат си велам што ќе биде со неа после
Ја сум на различно место сечена, со второто имав само 1 мало конче, не на истото место, индивидуално е, не верувам дека може да распука, кај мене не распука а бев со првото со 5-6 конци шиена.
Мене не ми прсна, а се пораѓав после 2 год од првиот пораѓај. Со вториот исечена сум на истата страна 1 или 2цм подолу, мислам 1цм
Јас досега немав мака со лузната, но откако останав бремена како почувствително да ми е тука па затоа си помислив што ќе биде кога ќе треба да се рашири повторно
Со второто сум сечена на истото место, со третото кога се пораѓав немаше време да ме сецнат па испукав, ама не кај што сум сечена, туку на друго место
Мајки здраво. Во една недоумица сум, треба деновиве да одам на прв преглед после спонтано породување и ме интересира дали пред да одите се средивте доле? Малку ми е неизводливо од ранава не би чепкала сега доле ама па и непријатно ми е од докторот, месец дена има поминато од породувањето и баш сум за средување.
Мене не ми ја видоа раната на прегледот. Само на ехо ме видоа. Нема зошто да ти биде незгодно ама ако ти е шубе со брич, можеш со машинка за бричење да скратиш само. Јас со машинка се средив. А за депилација рано е уште.
Прв преглед оној што е подле 30-40 дена одпораѓај? Тогаш само ме видоа на ехо, ама на стомак, гледаат како е матката и дали се враќа во првобитна состојба, можеш полека да се средиш со брич, сега за депилација е рано, а машинка ми беше страв исто да употребам.