Zdravo devojki. Jas sum nova vo temava porodena sum pred 3 nedeli ranata mi e zatvorena osven eden del kaj usnata, bev vo cair na kontrola mi rekoa deka mi e super ranata i deka treba da se strpam, a maticniot mi rece deka ne zatvorila nadvoresno celosno i deka moze so vtoroto ke me zakrpat podobro. Koristam sprej vioplex-t. Dali ke se zatvori i toj del so vreme, dali e uste rano ili ke si ostane toa taka?
Zdravo devojki,se porodiv pred 2dena mi napravija epizotomija na mestoto mi se napravi hematom,mackam so hepatrombin po preporaka na doktor,osekam golem otok,pocna hgb da pajga e sega neznaat dali od hematomot ili od dodeka se pravese epizotomijata izgubiv mnogu krv,iskustva slicni ve molam da spodelite,mnogu sum uplasena
Снаа ми породена пред месец дена имаше оток така. И помогна Vioplex T спрејот. И многу бргу и помина. И јас го користев за мојата епизотомија. Пробај! И честитки мами!
Да одиш и на др место за мислење? Или се уште си во болница? Хематомот е од самата епизиотомија, не знам дали лошо те сецнале, барај и др мислење, дали имаш болка, дали си мн шиена? Што ти кажаа околу тоа?
После колку време ви престана крварењето? Јас не крварам туку повеќе како кафено црвено ама сепак имам и уште користам бони со мрежичка. Се породив пред 40 + дена..
Мајки осле природен пораѓај стававте нешто или прскавте со нешто да полесно мочање? да не ве боли раната
Првите денови и во болница и дома мочав стоечки во туш кабина и одма се миев. После првото породување едвај седнував,ми беше страв конците да не испукаат.
Здраво женски, Веќе 8 месеци поминаа од мојата епизиотомија и сеуште имам непријатно чувство доле, на одење во тоалет ја чувствувам раната. На гинеколог рекоа се е ок од нивни аспект, проблемот е во мене најверојатно. Дали имала некоја вака искуство, дали ќе помине ова чувство и кога...? Сакам да си продолжам нормално и со останатите работи, а ми е многу страв.
И јас имав непријатно чувство по раѓање на првото и раната при односи и при седнување на шоља ми напукнуваше... минимално, ама пак ќе се растегнеше и крвче, па печеше... ќе заздравеше, па пак ќе напукнеше и така се до раѓањето на второто. Најверојатно сошиено незгодно. Јас не се навикнав на тоа, второто тек кога го раѓав (2.5 ми се разлика), ми ја пукнаа раничката при преглед со рака. Не родив природно, итен царски имав. Ама раната од кога ја пукнаа, си заздраве сама и од тогаш не сум имала ни непријатно чувство, ни тегнење, ни пукање... Пробај секојдневно мачкај некоја мрсна бебешка крема за да биде кожата поеластична таму...
Ти благодарам за искуството. Ептен мака си имала и ти, добро е што се средило за стално... Ќе пробам со крема, до сега не сум пробала така... Навидум е обичен рез, а толку мн боли и е на толку лошо место, се надевам дека оваа пракса ќе почне да се избегнува и тука доколку е тоа можно.
Како седнувате правилно после епизиотомија? Имав проблем првите денови не можев да си го дојам бебето, сега некако се потпирам со перница на кауч кога седнувам и кога станувам малку стегам со задникот. Дали е ок или има нешто поудобно? Инаку имав читано дека не може да пукне конец со одење по голема нужда? Инаку ставам ацедиборици ладни облоги, се промивам со секое одење во тоалет и користам крема хемотромбин за синкавица.
Јас на пола задник седнував едвајј, првите 5 дена, после полека полека седнував на раната. За голема нужда исто првата недела пазев со исхрана, да имам помека столица, да не напнувам многу. Прскав само спреј виоплекс. За доење топ ми беше легната да дојам, јас на страна легната и бебето до мене. Ем одмарав ем бебе цицаше раат и по 40мин
Ако имаш перница за доење можеш да ја ставиш под тебе и да седнеш. Така делот кај што ти е раната ќе ти виси во воздух,односно нема да се допираш на кревет. После првиот пораѓај седнував на страна и вака на перница. Иако овде читав дека побрзо ќе заздраве ако си седнеш директно на рана. После вториот пораѓај седнував директно и немав мака. Јас капнував бетадин на улошка и редовно се миев после мокрење.
Не со епизиотомијата, ама имав сериозен проблем со хемороиди. 95 посто од времето само лежев, ако ептен сакав да седнам се местев на перницата за доење и перницата за трудници, фактички да седнеш само на карличните коски, а во средина да е дупка. На шиеното се миев само со солена вода на секое идење во тоалет и после 2-3 дена мачкав кантарион додека да паднат конците.
Здраво мајки едно прашање. Породена пред три дена на осум саати пијам апче против болка кетонал ама кога ќе заврши дрјството од апчето премногу боли раната дури неможам да се движам од болка. И после со апче се смирува . Дали е нормална толкава болка што неможам да ја истрпам?
Прво бебе ти е? Нормално е,мене првиот пат многу ме болеше,некои 7 дена. Јас пиев парацетамол за болката. Како изминуваат деновите ќе заздраве раната и помалку ќе боли.
Па ваљда секој пораѓај е различен, секое тело има различен отпор на болка... еве не знам нека споделат мајките