Da ve prasam sega dali mora do kraj dodeka krvaram da stavam vir/boni vloski ili moze obicni kako za ciklus? Me nerviraat ovie vir/boni nekako e grub materijalot
И на бони е груб? Вирот порано мн покрути беа, а бони многу поубави и помеки... природно си или царски?
Природно сум. Вирот се како погруби ама некако кога седам со таква влошка ми се трие повеќе засекот. Може треба да седам повеќе на страна свртена за побрзо да помине и да не сум дирекно на раната
Јас носев некои 10тина дена Вир/Бони и си преминав на обични. Ама слабо крварење имав. И не ми правеа ни едните, ни другите проблем на раната.
Јас зедов венера од зегин и се меки... еве втора недела почнавме немам мака веќе со раната ама сеуште има ксцедок по малкку.. некако по ми е убаво со овие влошки него ли обични
Здраво. Направен ми е мал засек од неколку конци.(и сама нез колку е многу а колку малко бидејки ми е прва бременост) пред околу 40 дена. Прашањето ми е дали на некоја и се случило да чуствува болка од како ќе носи мидер. Имено од 1 ден немав гајле можев да седам само благо пецкање но веќе од вчера одкако за молитвата ставив мидер имам болки кои ги немав а на допир местото е како надвор да е испакната вена.( што знам нема логика). Како да ја намалам болката? Фала виии
Од првиот пораѓај имам околу 12 конци,по ваше на вториот пораѓај после 6 години би испукало само на тоа место или ?
Здраво женски. Породена сум пред 2 и пол месеци и шиена. Денес приметив кај што завршува шиеното на крајот од вагината имам како израсток, како мевце што виси, темно црвено е. Немам болки, понекогаш само како да ме штипка. Секако ќе одам на гинеколог ама не ме држи место. И се десило на некоја вакво нешто?
До кога користевте бони/вир влошки и мрежести гаќи? 8 дена како сум породена, мислам дека не ми се сите конци паднати ама многу минимално крварење имам што дури и со дневна влошка би поминала колку за секретот. Дали е ок да преминам на памучни гаќи?
Jas skoro 40 dena gi koristev i gakite i uloskite . Koga kje oblecev pamucni gaki mi beshe pretoplo kako da ne disi ranata i povekje me bolese .
Девојки скоро два месеца како сум породена, имав 1-2 кончиња, малку пукнав. Конците паднаа пред недела-две ама јас осеќам пецкање при мокрење. Баш се гледав минијатурно е ама црвено е местото и ме пецка на идење во вц. Нормално ли е тоа? Матичната ми рече да прскам спреј vioplex.
Zdravo, po kolku pati na den prskate vioplex sprej na ranata? I dali nekoja mackala kantarionovo maslo za pobrzo zazadravuvanje. 9 den posle poragjaj do sega nemav nikakov problem, sega pocna da me pecka, cesa i naboluva. Neznam dali da odam do maticen da me vidi ili normalno e.
Боље не ставај ништо, само одмивај се (со солена вода, физиолошки со вода на крај од бањање). Јас ништо не ставав и многу брзо ми помина. Ни спреј. Само обавезно по секое мочање, се миев. Инаку заздравува затоа пецка, чеша, нормално е... и отокот е нормален. Битно да не гнои, да не мириса лошо.
2 пати на ден мислам дека прскав од спрејот, мачкав и кантарион и оканисепт. Нешто од ова ми помогна. Викаат само измивај ама неможев само така, имав потреба да ставам нешто да се смири местото. И мене после 2 недели ми се воспали. Ќе помине.