Мислам еднаш пишав. Мене ми се отвори надворешниот дел што е шиен. Бев на преглед и повторно ме шиеја. Третирав со физиолошки и уште една течност, што ми ја дадоа. После продолжив со Виоплекс и откако ми кажа дека е се во ред, Витамин Ц апмула ми даде, по малце со шприц ставав. Вчера после точно 2 месеци од пораѓај бев на преглед, мат гинеколог рече дека сум преубаво сошиена и средена доле. И тогаш кога пиша, ти пишавме неколку да идеш на преглед, да те приверат убаво и внатршно и надворешно како ти е раната.
Колку време е поминато од пораѓај? На контрола зашто не одиш? И да немаш никаков проблем по 40дена се оди на контрола. Кога имаш проблем одиш одма, не чекаш да помине само од себе. Конците ти паднале од кантарионот порано, кантарион се става после мин.2 недели од пораѓај, кога веќе е зарасната раната.
Така се осеќав и јас дека може подобро ќе беше царски бидејќи многу другарки околу мене со царски како помалце мака да видоа со заздравување. Но тоа сега воошто не е важно, требало да биде како што требало да биде. Фокусирај се на опоравување и оди на лекар, без дополнителни стресови, раната боли но со соодветен третман нема да се искомплицира и со време ќе заздрави убаво.
Бев тогаш ме погледна и рече ставај хидроген неколку дена и бетадин рече има едно конче се држи,ќе помине така не треба шиење, сега е подобро ама уште не е ккао што треба, мислам се затвори дупчето,ама ме мава психа и имам некое чешање. Продолжив со бетадин ама сега 2 дена го оставив како да ме гори од него. После 2мсеци отиде на контрола? Се мислам дека нема да можам долу да се средам ни за 2 месеци. А како некоа грмушка сум,страв ќе ми биде. А влакната од чешање мислам сами почнаа да паѓаат. Нели гледаат само не ехо? Нема уште 40, уште малку месец. Да за кантарионово доцна дознав дека де имам зафркнато изгледа од него полошо си направив ама кој да ти каже... се што слушнеме сакаме по ргу да залечи.
На два отидов, дека нели ме шиеја повторно, па добив после тоа и на два месеци бев. Комплетен преглед имав, со вагинално ехо, брисеви и пап. Тоа што те чеша, може имаш и некоја инфекција.
Ми треба помош. Породена сум во петокот. Шиена и вагинално (внатрешно) и надворешно ама ептен малку. Сега на последната влошка имав конче долго околу 1-2 cm (најверојатно од внатре) бидејќи сопругот ја виде раната од надвор и рече дека нема паднат конец. Исто така, прееска заспав на кратко и станав со многу јаки грозници, а немам температура, се плашам да не се од некој процес внатре. Дали е нормално за толку кратко време, 6 дена да падне конец од вагиналното шиење, а на последната влошка некако и крварењето ми изгледаше поголемо? За колку време ви паднале конците ако сте биле и внатрешно шиени? Се консултирав со доктор ми рекоа до утре да почекам за на ГАК, ама пусти страв ме јаде... P.S. Имам слика од кончето на влошката, ако некоја од вас би можела да процени за што се работи пишете ми да ви ја пратам, да не ја ставам овде, малку непријатно за гледање е.
Паѓаат конци ако добро заздравува. Нема ништо за паника. Крварењето ќе ти биде еднаш појако, еднаш послабо. Ми се случи и како чешма да тече со парчиња, па се намали скроз, па само по некоја капка, па пак имав обилно и се така до кај некој ден пред 40 дена. 6 дена си само породена, нормално е.
Да, малку паничам и јас од страв да не ја распукам раната и траумите од тешкиот пораѓај, сега ќе следам како ќе биде ама најверојатно не е ништо страшно.
Нема да шириш нозе. Нема клекнување, нема како пеперутка нозете. Ќе седиш на спротивна страна од шиеното. И само виоплекс спреј. За 3-4 дена си како нова.
Како знаеш дека си шиена внатрешно и надворешно?! Ја појма немам ккао сум шиена инаку почнаа уште првата недела кратки а а третата веќе еден голем. Исто конец, ако сакаш можеш да ми пратиш и ја си го чувам. Или тука во спојлер.
Не ти кажаа? Мене ми ставија анестезија и ми рекоа ова фаќа на внатрешниот дел , таму нема да те боли, а надворешно кога ќе ја шиеме кожата, малце ќе те заболи. По ово сфатив, а и после кога ми пукна надворешниот дел, др ми кажа дека внатре сум супер сошиена и дека држи.
Ја по тоа шо слушав Дај игла за дебела кожа дај игла за тенка кожа дај за.... Ја прво почнав да пукам и после ме исекоја шкрап шкрап слушнав не болеше
Мислам дека секоја епизиотомија се шие и внатрешно и надворешно, ама мене и внатре вагинално ме шиеја во каналот, ми кажаа на визита, не знам оти, веројатно сум распукала некаде. Инаку бев на ГАК, отворена сум малце ама не ме шиеја, рекоа ќе зарасни само, само одмивање многу често и сега се одмивам на два саати со физиолошки, а кончето било од внатре, како што претпоставував.
Можно е грозницата да е поврзана со воспоставување на лактација, надоаѓање на млеко и слично, ми се случи и на мене, не мора да значи дека е последица на некаква несакана состојба со раната.
Да, испадна дека од млекото е, сега ми престана, само уште многу потам навечер, а немам гној од раната, само минимално е отворена, значи и грозницата не е од тоа.
Ништо не ми кажаа, во Чаир се породив многу сум незадовлна незнам др каконсе задоволни дали сите се со врски незнам ама катастрофа никој ништо не ти кажува таму. На боксот ее мачев 5 6 саати и не се симнуваше детето а бев 9 см отворена изгледа незнаев да туркам... се мачев и паѓав во транс само видов кога ги донесоа ножичките и знаев што ме чека и ме чкрапна еднаш и се не бидна па ајде уште два пати слушнав,го извадија детето само го погледнав ама не бев многу свесна и потоа ми ставија маската ама осеќав скоро се како ја вадеа плацентата, како ме шиеја осеќав и видов кој доктор ме шиење како ме префрлија на кревет ама само на моменти нели како да се будиш и пак паѓав и знам дека барав многу вода ама неми даваа и реков само да ме потпрат со вода и потоа бев мокра и кој знае колку време лежев мислам дека триипил саати и барав да минуваат провокација ама немаше никој со една др лежевеме и се прашувавме колку е сат и кога ќе дојде некој. Ми имаа ставено катетер. И сите се чудеа зошто природно а со катетер,два дена неми го извадија. Страшно еј и никој не дојде да каже што како на визита си идеа они си погледнат картонот си направат муабет на албански и одат на следна ако знаат некоа се задржуваат кај неа и обраќаат внимание...