Јас на туширање ја приметив дупката. Дека пукнале конците. Ништо немав осетено. Ме заболуваше мене, ама нели и сечено, шиено, па и неможев да приметам.
Не мора да значи секогаш, болка имаш од самата рана, секоја жена е различна. Појди на гинеколог, ќе те презашијат ако треба.
После колку време од шиењето примети дека е пукнато, јас веке почнав 4та недела, ама не знам не сум сигурна.
Денес видов како ептен мало дупче накај газот нагоре и при бришење имаше како крв една две точки, минимално, премало е дупчето, ама ме загрижува, матичната ми рече не било ништо, ама да чујам и некое искуство, што би можела да му ставам?
Колку пати се прска од виоплекс спрејот? Пред 3 недели сум породена, до сега само со вода се измивав , но имам болки се уште понекогаш и почнав да прскам по еднаш на ден. Ме пече по прскање дали е тоа нормално?
Јас веќе 5 та недела тераам, и прскам по секое туширање за да ја суши раната, и ден денес некогаш знае да ме пече, ама не многу како на почетокот што беше бидејќи јас уште од болница го користам. Конците ти паднаа?
Моето искуство е додека имав конци имав и болка. На 40 дена кога бев на преглед ми го извадија последниот конец веднаш имав олеснување.
Уште малце 40 дена па ќе одам на преглед, прскав виоплекс но немам некое подобрување. Приметив дека малку има крв од местото, дали е можеби од тоа што седам и правам притисок додека дојам на местото? :/
2 недели по пораѓај, а имам одбивност од шиење и не можам да ја видам раната зошто не можам да гледам такви работи. Ме фаќа страв, не знам дали се е во ред. Дали да закажам преглед порано а исто ми е страв со брич да се средам за да не се исечам ако одам на преглед баш сега . Исто читам дека се прскате со спреј, а мене докторката ми рече само одмивање со вода, ќе и се јавам утре да ја прашам баш за спрејов
Депилација или брич, ќе си почекаш. Не мора да ја гледаш, на миење ќе осетиш ако има нешто. Јас така приметив. А спрејот кој го измислил, Господ здравје да му дава.