После колку време успеавте да седнете? Мака ми е не можам убаво дда си ја надојам не ми ја фаќа градата ако е легната на спална па морам во раце станата да ја дојам а раната ме боли..
И јас ја доев само легната, седнував само на страна. После 8-9 дена мислам дека седев скроз убаво. Малку по малку. И ако седнуваш седни од страна на некој ќош па исправи се. Знам како е ама за некој ден ќе ти олесни. Прскај виоплекс и цело време под туш замивај со чиста вода и добар млаз.
Да пробаш да седиш на гума за пливање или од ќебе да си направиш таков круг со празнина во средината, многу го олеснува седењето. Јас само така седев може некои две недели.
Прскам 3 пати на ден, измивам редовно, тазе ми е ептен на 6ти се породив. Верувам кај сите е индивидуално, кај раната јас и хемороид имам и мислам дека вечно ќе трае ова. Ќе пробувам барем утре задутре по малку да седнувам..
Верувај дека кај сите е индивидуално. Јас имав доста тежок пораѓај ама можам да кажам дека лесно се опоравив. Нормално е, си поминала низ голем процес и дај време да се врати во нормала. Нема да е вечно,за 3 4 дена ќе ти биде многу полесно Ако пробуваш ко што кажав на страна само, јас така правев и многу полесно ми беше , од одма не ни помислував да седнам право. Ќе биде се, нека цица бебе додека лежите полесно ќе ти е.
Пробај да седнеш право убаво исправено со цела тежина,незнам дали ме свати Јас секако пробував на страна кога седнував најмногу ме болеше,после почнав нормално да седнувам многу подобро беше
Јас имав лесен пораѓај а тешко опоравање, имав и хемороиди плус и мислам 2,3 недели не можев да седнам убаво туку цело време на страна. За доење ако не си сама и ако имаш помош, мене ми помагаше да седнам на спална потпрена на задниот дел од газот со перница позади и ми го даваа бебето и после го земаа за да можам да станам.
Како примети дека треба да појдеш пак на шиење? Малку како набабрена ми е на допир и ме заболува 11 ден после пораѓај, го користев спрејот ама мм сега ме исплаши дека може била малку раздвоена