Мене искрено ме болеше многу само првите два три дена по породувањето, тогаш едвај станував за во веце, пола саат малку по малку станував ама со оглед на тоа што цело време си шетав низ ходник, се туширав 3 часа по породувањето значи не било толку страшно и болка за умирање. Како што кажав интензивна болка само првите недела дена, потоа беше ко некое чешање кога зараснуваше раната. Мене па пострашно ми беше самиот чин на порагање отколку сечењето не ни осетив кога ме исекоа, шиењето малку ме болеше ама дека си помина дејството на анестезијата а јас не сакав нова..
Јас не сум сечена Можеби како мене ќе бидеш, не плашете се одма. Јес да пукнав перинеално или како се вика, шиена сум, ама ножица немав Ни болка. Апсолутно никаква, освен малку нелагодност кога одев во вц, но занемарлива.
ми спомнаа целосна и затоа не сакав, имаше дејство уште спиналната ама веке поминуваше и се осекаше болка по малку.
Женски немој да се плашите. Сите жени сме различни. Еве јас поминав без епизиотомија без надворешни конци. Само малку внатрешни имав, и не земав ништо за болка бидејќи немав никакви болки. Одма си седнав. Чуствував само мала нелагодност. Вчера бев на контрола по месец ипол и докторката вели ништо не се познава исто како да немаш родено. А пред пораѓај се плашев многу бидејќи читав се и сешто, и во главата си имав направено слика од хорор пораѓај. Дури почнав да плачам В болница ме фати паника и само викав леле што ме чека. Но кога помина пораѓајот се зачудив колку лесно поминав, очекував да биди многу лошо. Не мислете на лошо и се што ќе прочитате немој да мислите дека вас ќе ве снајде истото. Со лесно да ви биде ве читам уште колку што можам
Така е кај секој различно... мене еве па најстрашно од се ми беше што вториот пат кога ме шиеја, ме шиеја на живо... не викав, не плачев на раѓањето.. тогаш кренав во вис се пострашно, поболно од се ми беше... (може дека веќе на оладена рана ме шиеја..).
Мене шиењето не ме болеше до толку, дека одма после раѓање докторот почна со шиење. Осеќав само како мал убод на кожата, не ми беше страшно. Ама после тоа почнаа болките.
Ви се случило ли од раната да ви тече по малку гној и крв? Ставав спреј, цело шише потрошив и се префрлив на кантарионово. Почнува да зараснува ама има еден дел со малку гној и крв. Еве 3 недели скоро и уште ме боле. Ќе престане малку и потоа пак ќе боле. Ќе му се јавам подоцна на докторот да прашам, ама ако има некоја слично искуство нека пише.
Ќе му се јавам после да видам што ќе рече. Ич не ми се оде, кој ќе се расправа таму со жените, на секој преглед се расправам, ни разбираат од закажано, ни ништо, секогаш закажувам и пак има коментари од типот Дека ти преку ред, они 2,3 саата чекале. А и не ми се остава малата.
Немам моментално. Сакав сабајле да си ставам ама видов дека ми е потрошено. Гној има само една точка на бришење со тоалет. После одење во тоалет секогаш се измивам со вода. Оф не знам како стана ова, ама предолго трае веќе и болката и сѐ Ете сега се слушнав со докторот утре ќе одам да ме виде.
Откако ќе се измиеш ставаш ли веднаш Бивацин? Ја би рекла да баталиш кантарион, измиј се, осуши добро и напрскај Бивацин.
Да, прскав бивацин на секое одење во вц, но престанав и продолжив со кантарионово. Грешка направив и ете што се случи. Не ставам веќе кантарион пак бивацин ќе прскам. Се надевам дека ќе се оправам во скоро и функционирам нормално. Преку ден не ме многу боле, туку навечер. И од топло многу боле.
Бев сабајле, ме погледна докторот, инфекција било. Да се мачкам со бетадине и спреј Оксикорт да прскам. Ќе правам така и се надевам дека ќе помине веќе еднаш, не се трпи ова.