Епизиотомија

Дискусија во 'Бременост' започната од girl.23, 13 октомври 2011.

  1. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    1.436
    Пол:
    Женски
    Го зедов спрејот пред малку, вечер пред спиење после туширање ќе прскам, се надевам ќе олесни.
    Инаку и јас со првото добив одма после 40 дена.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам како тазе породена пред 3 дена.

    Денес си дојдовме дома, раната ми беше под контрола дур бевме во болница ама денес ме боли премногу.
    Со самото тоа што сум цел ден на нога, ја осеќам како потечена и не можам ни да стојам ни да седам од болка.
    Исто така имам мака со одење по голема нужда, не можам да се олеснам како што треба и од напон мислам дека ранава ќе ми прсне и тоа ја иритира уште повеќе. Се плашам да не сум си пукнала некој конец.
    Како се справивте со овој предизвик, има ли нешто што можам да направам да се смири?
    Се напив парацетамол пред 3 саати ама ко ништо да не помогна…
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.203
    Допаѓања:
    27.360
    Пол:
    Женски
    Нормално е се тоа. Гледај да не си на нога и да одмараш. За олеснување, потечна храна.
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.214
    Допаѓања:
    192.180
    Нема потреба 3дена родилка да бидеш на нога цел ден
    Лежи одмарај и земи Виоплекс спреј одмивај само со млака вода суши рана и шприцај 3пати дневно спреј
    И за некој ден ке помине
    П.с
    Секој можен момент без гаќи и шири нозе да,се суши раната
     
    На H.VAGA, rainbowec, BellaBibi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски
    Знам ама вчера таков беше денот, спремање во болница за испис и спремање на дете, разговор со доктори и сестри па после дома.

    Дома доејќи го додека седев мн притисок врз раната имав и осетив дека ми потече. Од тогаш наваму сум со ненормални болки, освен да лежам на страна друго не можам. Ни на грб не можам да лежам пошто ми притиска на раната. Пиев парацетамол ама не помогна, а запекот исто си го направи своето, не знам колку пати бев на шоља се мачам да се прочистам и тоа дополнително ја влоши ситуацијата.

    Докторката ми рече да земам Силбен нано спреј, измивам со млака вода сушам и прскам и останува да се молам што побрзо да се смири раната пошто не функционирам… носам мрежасти гаќи со улошки пошто крварам.
     
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.790
    Допаѓања:
    19.915
    Честитки мајка!
    Јас поучена од првиот пат, дома почнав ефекол да пијам само што дојдов од болница и гк пиев некое време многу ми помогнаа затоа за да одам полесно во вц.
    Не те сфатив природно си или царски?
    Јас природно бев и ништо на раната не ставав болеше да ама тоа е. И јас од прв ден дома со готвење и со уште едно поголемо дете немав луксуз да лежам. Ми помогна тоа што се туширав по 3 -4 пати се измивав мислам од тоа побрзо заздраве
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.

    Природно се породив, ме сецнаа и ме сошија.
    Сега се пишав со докторката, ми рече ако не се трпи да земам бруфен од 400 мг да се напијам ама немам дома, не знам дали има некоја аптека ако работи денес да оди маж ми да земе.
    И за нуждата глицеринско чепче да земам за да се прочистам да земам рече.

    Не можев да го дојам синко од вечерта навака на формула е пошто нит можам да седам нит да стојам од болка. Шише Филипс авент со проток 2, се премори кутриот се измачи за да испие млекце и затоа ја преспа цела ноќ и еве го уште спие. И за него сум загрижена, па го пратив маж ми вчера купи цуцли со проток 3 за да може полесно да влече, со проток 2 само се мачеше и се премори, затоа ја преспа цела ноќ кутрото.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Прво, живи и здрави да сте! Како некој што имаше проблеми со столица со месеци после пораѓај и хемороиди поради тоа, би ти кажала да внесуваш мелено ленено семе голема лажица секој ден, најдобро во мало канче кисело млеко измешано изеди. И суви сливи по неколку секој ден. Јас се плашев да користам помагала за да не се навикнам на нив и со ова се потсредив.
    Раната само миење со вода после секое одење во тоалет.
    Толку мали бебенца знаат да се успијат цела ноќ, ама јас би го будела на почетокот за хранење, премногу е мало. За шишенце, ние го сменивме авент зошто по 1ч пиеше млеко и не ни допиваше, а не знаеше да цица на почетокот, само врескаше на града. Ќе се средите полека.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    15.549
    Пол:
    Женски
    Смени проток во 3ка, и буди бебе ако е на ад на 3 саати. Премногу е мало да спие толку многу, нека спие ама обавезно на три саати да јаде. Ако цица, нуди града на саати пол до два, ќе качи килажа доволна за месец и после нема да треба да го будиш. Не ми помогна мене лично чепче, сменив исхрана, па така немав проблем. Одмарај колку можеш повеќе, не се оптеретувај, ќе заздраве побрзо раната така. Со лесно, за брзо се поминува.:l:
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски

    Фала ви многу ♥️

    За хранење го будам обавезно на 3 саати максимум, поточно не се будеше вчера во сон пиеше млекце ама битно без јадење не го оставам.
    Пишав погоре, маж ми вечерта отиде зема цуцли со проток 3, одма почна да влече и пие нормално, пошто со проток 2 скоро цел саат тегнеше и уствари само се измори а ништо храна не внесе и затоа после спиеше цела вечер.

    Ќе се средиме со тек на време знам, не се сомневам во тоа. Само со ранава што побрзо да се оправам, да си застанам на нозе како што треба и да си се фокусирам на мајчинството.
     
    На Cherry333 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Па обично кога се новороденчиња ретко и се будни, нема врска ден ноќ, не се секирај. Ако пиело млеко нормално е што спиело. За некој месец ќе бараш да спие цела ноќ :rofl:
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.790
    Допаѓања:
    19.915
    За од 1мес цуцлата нека ја земе и јас се изнамачив со тоа од 0мес на авент.
    Во Скопје имаш дежурни мислам и по моловите, а и аптеките кај градска, буњаковец,тафталиџе...
    И Ефекол не е штетно никако едино да прашаш со доење да не е проблем, јас не дојам и ефекол ептен ми помогна. И син ми на 4г ефекол има пиено за тврда столица не ствара зависност лекот а многу е од помош. Со лесно
     
    На fana и rainbowec им се допаѓа ова.
  13. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    5.577
    @rainbowec Јас немав проблем со раната, 2 кончиња беше ама затоа хемороидите… :worried:. Можно е и ти да имаш, затоа да ти е дополнително болно и тешко да се испразниш.
    Инаку, бруфен е скроз безбеден и за време на доење ако ти помага за болката не плаши се да го земаш. Мене докторката на испис ми рече дури и пожелно е да земам ако имам било каква болка, одколку да трпам.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    6.935
    Ефекол и доење никако не одат заедно. Посебно не со новороденчиња.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.068
    Допаѓања:
    124.236
    Пол:
    Женски
    Апсолутно Ефекол и доење може заедно. Ефекол е лек за запек за доилки, меѓудругото.