Вакво шишенце е спас да знаете. После секое одење вц(мала или голема) одма миење додека сте на школката, ептен помага. Млака вода во него и не мора одма да се туширате.
Потврдувам Не ми текнало да пишам ама и јас го земав од Тему пред пораѓај уште (со првото имав епи и сигурна бев дека и сеа ќе имам) многу ми се најде ,уште знам некогаш да си се одмијам со него онака а и за хемороиди е добро
Има ли вакви кај нас? Кога веќе спомна хемороиди, да ми дадеш некој совет ако знаеш за да си помогнам, освен измивање да мачкам нешто? Имам внатрешни ама после пораѓај имам и едно надворешно и знае да ми се воспали, да пече и чеша. Користеше нешто за мачкање да препорачаш за да се намали или уште подобро да исчезне?
Не знам искрено дали има во аптеки да прашаш... Користев крем на frezyderm - rectanal aid се вика. Ми се смири чешањето ,се повлече ама чим имам потврда столица се враќа... Ама не чеша. За внатрешни имам слушнато ама немам пробано ,жив компир да го исечеш во форма на тампон да речам и да го ставиш директно вонатре. Ако сакаш пробај.
Низ Македонија нема имаше во ДМ ама кога прашав не носеле веќе... А прашај во аптека Пери шише се чудат како од Марс паднати... Пери шише се вика... И сега жалам што не си порачав ама тоа е тоа... За хемороидите Дуколакс чепче... Во бременост ништо не препорачуваат. Инаку со павловичева намачкај се да омекни местото.