Пак јас Раната не ми е зарасната, а местото до неа ми е уште отечено и на допир е тврдо, како некое топче да има. И кај вас ли беше вака?
Па може едно 2м и требаше да ми зарасне убаво, затоа и не се депилирав долго време. Инаку рапаво, отечено, тврдо ми беше доста време.. И да почне да чеша да не се плашиш, нормална појава е и тоа, ке зараснува и чешка...
Ни бетадине, ни оксикорт, ни виоплекс т, ништо не ми помогна, пак си гноеше раната. Пред некој ден пак бев кај матичниот, ми даде една течност за вагинална промивка. Од едното место кое гноеше излезе конец и не гнои веќе. Ставам и внатре во вагината, се надевам ќе излезат и тие внатрешните конци, зашто сум сигурна дека од нив гное. Добрата работа е што не боле, туку малку само пече.
@forumce се измачи Золва ми и другарка беа така. Не можеа да седат две недели. Во тоалет -научна фантастика Ајде побрзо да мине
@eli25 5 недели до утре. До пред недела не можев да седам, сега колку толку подобро е. Не можев да функционирам, ја доев малата во лежечка положба. Маки големи, не дај Боже на никој. @fana Му кажувам некни на докторот дека месец дена ми е вака, ми вели добра си, има некои што 6 месеци мака мачат со раната. Баш ме утеши. Се надевам ќе помине во скоро.
Повеќе не ми гное раната и ми заздравува. Не ме боле, малку некогаш како да ме чешка. Од течноста што ми ја даде матичниот се препородив.
ајде ете готово е ке помине за недела време ке бидеш исто ко да немало рана никогаш се изнамачи бе женче
Мајчички, имам прашање за ранава: се погледнав, не е толку страшно. Но, денес имам чувство дека ми е потечено. И како да ми е запурено местото. Што да ставам? Измивам со солена вода. Ставав ациди борици ден два ооткако дојдов дома. Кантарион пак прави влажно......или?
Ќе се одмиваш со топла вода и нема да се бришеш со тоалет туку со некоја крпа или тетра пелена. Од влошките со мрежа ќе ставаш,не обични. Кантарион не сега. Можеш на влошката ациди борици да ставеш. Нормално е да е потечено.
Odmivaj se so hipermangan i prskaj bivacin sprej (ne se vika bivacin ama toa mu e sostavot, portokalovo e sisenceto)
Мене ранава еве 7ми ден уште ме боли, сега повеќе пече и чеша, мада имам напредок и можам да седнам на меко од страната без рана Од болница ми рекоа после секоја нужда да се измивам со вода и да ја држам сува раната.тоа и го правам а се измивам и со физиолошки раствор.ајде од искуство мајки, кога ќе престане да боли и да треба да се измивам по секие мокрење?
Za bolenje ke si boli uste period, za da ne te pece dur mokris ke si kupis sisence voda so cucla i pri sekoe mokrenje ke si poturas voda istovremeno A za ranata pobrzo da ti zazdravi kupi bivacin sprej od apteka. Odma kje osetis podovruvanje
Јас не сум се измивала на секое мокрење, но убаво бришење да не остане влажно. Болеше отприлика две недели но штом почнала да чеша веќе поминува. И јас ти препорачувам Бивацин да прскаш, побрзо заздравува.
Има овули Видермина, иста функција имаат веројатно. Инаку Октенисепт спрејот е одличен за вакви ситуации, јас го користев за раната од царскиот.
Мене ми дадоа виоплекс во аптека место бивсцин, ама читам во упатството дека не треба во бременост и доење да се користи...зашто таа од сптека тогсш ми го даде...на два ума сум дали да ставам или не
Bivacin ne postoi, toa e zamenata ama toj e sostavot. Mene ginekolog mi go preporaca i e sosem bezbeden. Plus ne go piea tuku e lokalno A deluva magicno iskreno