Јас само вода се миев со секоја тоалета и 10 дена осеќав болки после помина, не бев сечена ама распукав, во болница така ми рекоа. До душа јас уште се мијам ама сега раната не ја осеќам.
И мене ми беше кажано да се мачкам со маст од кантарион или невен, за да омекне месото таму и да стане поеластично.Ми беше препорачано да не се стегам, и малку поагресивно со прстите да мачкам. Навистина не ме сечеа, поминав многу убаво.
Ехеее не зезај, која вагина е спремна да избаци 4 и пол кила Нема бегање од сечење кај големи бебиња.
Една роди бебе 5 кг, несечена. Моево 2 и пол па волкав рез И на нас на часовите ни кажуваа да се мачкаме со масло.
И ја мислам дека мачкањето немаше да ме спаси, моево 2.900 се роди ама излета цело по 2 саати мачење на бокс за да последниот напон го истера, летна како супермен.
Мами после колку време ви паднаа конците? Ме чеша баш кај конците и непријатно ми е дури и од гаките а само спреј ставам на рана и се мијам...
Многу чести промивки со физиолошки раствор. Никакви масла и гелови освен ако не ти се препишани од доктор. Навистина е делотворно, камо мене некој да ми кажеше порано од кога се породив со првото
Докторка ми препорача да мачкам терзиен оил, во еурофарм го имаше пред 2 год, мн е скапо ама мн помага, јас имав голем рез кој 4 недели ми правеше мака, уљево ми го олеснуваше она чувство на затегнатост и резот зарасна ептен добро, едвај линија гледам сега.
Не паѓаат, се реапсорбираат. Одамна си прашала, па до сега веројатно ти поминало сѐ. Ме чешаше и мене цела недела, тоа значи дека заздравува. Мојата рана беше скроз помината за 10 дена, без никакви спрееви, само се миев по 2-3 пати дневно со вода. А првиот пат кога прскав Бивацин, ѝ требаше три недели да заздрави.
Јас се миев после секое одење во тоалет и се одмивав со ациди борици. Имав еден рез ама многу испукав внатрешно, а бебе 2770 г. Брзо ми зарасна, дали два три дена имав нелагодност кога седнував.