Па после прегледот од 6 недели на гиниколог и одобрувањето од негова страна имавме односи.Боли првиот пат.Користите лубриканти.Мене ме болеше раната при однос некој 6 месеци.
Многу се плашам од епизотомија..дали сите што се породиле природно им е правена епизотомија или може и без нејзе ?
Претежно сега скоро секаде прават. Зависи колкаво е бебето. Мајка ми кога се породувала со мене природно не е правена.
So prvo bebe najcesto mora. Imas dve opcii ili da raspukas sama (polosa opcija) ili da te secnat tie. So prvoto imav epiziotomija, so vtoroto ni me secea ni raspukav. Prvoto bese 2.800 vtorot 3.300
Не верувам дека некоја ја има осетено воопшто епизотомијата. Болките кои се чувствуваат споредено со тоа, се прејаки така да, немој тој чин да те плаши. Нема ни да знаеш пред докторите ти кажат дека е време за шиење. Мене шиењето повеќе ме болеше отколку породувањетто
Има 2 и нешто години поминати, пррд некое време приметив топче мислев е влакно па бубулица, сега го гледам стои и е меко. Малку е непријатно на допир. Негде е кај што завршува епизиотомијата. Скоро 1цм и има некоја розевкаста боја но не налик бубулица. Знае ли некој што може да е?
Сега се појавило ли го имаше цело време? Јас имам исто топче на влезот од вагината, изгледа така неубаво го фатиле ткивото при шиење. Ти пречи?
Сега ми се појави пред месец најмногу. Убаво сум сошиена не де познава. Меко е и мазно на допир. Наболнува
Тогаш не е од шиењето, незнам што би било... Ако не се повлече за некој период тогаш прашај лекар, претпоставувам прво гинеколог би било најсоодветно.
Девојки кај кои е правена епизиотомија како ја негувавте раната после, на мајчина школа добивме совет да не се мачка и прска со ништо доколку не ни нагласи докторот, едниствено треба често менување на тие медицинските влошки и миење на раната со сапунче детско најмалку два пати на ден. Јас си спремив бебешко сапунче Мерима за на болница и планирам тоа да го користам, а за тело си спремив Даве сапун кој и така го користам и сега. Па сакам од искуство некој да ми кажи како ја негувал раната од епизиотомија?
Јас ништо не ставав, само со вода се миев на секое, во секое одење во вц си се миев. Немав никаков проблем, иако доста бев испукана + сечена. На тело ставав сапунче, купка, од тоа ке отидеше надолу малку, но не е страшно.
Пожелно е само со вода раната да се мие, сапун ќе те пече иако е детско. Јас пробав така и ме печеше многу.
Многу хигиена на ептен високо ниво.Јас се миев со солена вода 3 4 пати на ден.Обична морска сол растворена во млака вода.Исто и бетадине ставав но со тапкање,турав на тоалетна, и потапкував на местото.Менување влошки почесто.
И кај нас во мајчината школа кажаа да си носиме шишенца од 0.5л со растворена солена вода и да се одмиваме со неа повеќе пати дневно.
Може да си купите раствор за инфузии натриум хлорид од аптека и еден голем шприц и да се миете со него. Шише таков раствор е околу 50тина денари.
Одмивање неколку пати дневно, јас со интимен гел се одмивав, баш ја прашав докторката дали треба само со вода, ми рече да си користам гел за интимна хигиена. Ми кажа и да прскам со еден спреј во портокалово шише, замена за бивацин мислам дека беше, како пудра се прави кога ќе напрскаш. Многу брзо ми помина раната.
Никакво сапунче, само вода. Незнам зошто вака ве советувале, мене сите доктори ми рекоа никакви средства. Сапуните, без разлика дали се бебешки, посебно не се погодни за интима, баш од Мерима имам лошо искуство со иритација. По десетина дена од пороѓајот освен со вода продолжив да се мијам со интимен гел.
И мене уште во болница ми рекоа дека може да користам гел. Нормално туширање ми рекоа. Но јас со денови имав страв и да се допирам па само со вода се миев.
@mariz мене исто ми рече докторката и така правам само со вода по секое одење во тоалет..само не знам до кoга треба така? Утре правиме 3 недели