Дали некој искрористил стипендија од оваа програма ? Што мислите за неа? Дали има некој што е повеќе запознат со неа?
ЕРАЗМУС Со Еразмус програмата ме запозна една професорка додека студирав. За жал не се пријавив, бидејќи и покрај стипендијата, трошоците за живот во странство се многу големи, и во моментот немав можност. Програмата е неверојатно квалитетна, има многу смерови, и тука е собран одличен кадар не само на професори, туку и студенти. Ако имаш можност, не размислувај, подобра можност од оваа тешко дека постои.
Еј, добро постои темава, додуша прилично неактивна Ај да ве прашам сега јас дали знаете некој или самите можеби сте биле на Еразмус размена на студенти?? Баш гледав и од 8 Ноември го отвараат конкурсот за пријавување за да одиш на рамена наредниот зимски семестар. Мене лично ваквата идеја многу ми се допаѓа и планирам да аплицирам, ама не сум запознаена со луѓе од Македонија кои што биле на размена. За во странство знам дека функционира ама како стојат работите кај нас??? Па секој одговор е добредојден .
Колку што знам, на секој факултет има професор кој е одговорен за програмата Еразмус каде би можеле да се информираме. Конкретно, јас лани бев да разговарам и да се распрашам за детали, но за жал ме известија дека во Македонија тоа се' уште не функционира и дека работите се заглавени на некое повисоко ниво, а не на факултетите. Професорката ми спомна некоја државна агенција за не знам што каде завршуваат апликациите и од каде процесот не може да продолжи заради некои проблеми. Не знам дали годинава нешто се потсредило, ама во секој случај, ако профункционира е шанса која не се пропушта.
Erasмus - Ерасмус Не знам колку имате слушнато за програмата Ерасмус, се работи за програма за мобилност на студенти да поминат најмаклу 3 месеца во друга држава изучувајќи го факултетот, па еве шанса некој ако знае да ни каже искуства , како и начини за апликација бидејќи многу сакам да аплицирам а не знам ни што ни како па ајде феминки кој знае нека повели
Erasмus - Ерасмус Тука може ќе најдеш конкретно тоа што те интересира. http://www.na.org.mk/pochetna.html Инаку, од студентските организации за кои сум слушнала, посебно сите ја фалат ИАЕСТЕ. Еве и линк http://www.iaeste.org.mk/ Поздрав
Не можеш да одиш на постдипломски преку Еразмус. Можеш да се запишеш на постдипломски на некој универзитет во Македонија(мислам дека само Кирил и Методиј работат со програмава) и потоа кога ќе објават конкурс да аплицираш за Еразмус размена и да поминеш еден или два семестара на друг факултет во странство. Си ја плаќаш партиципацијата на твојот факултет тука, а студираш таму. Добиваш стипендија секој месец додека си таму, зависно од државата имам информација дека се движат од 250-300евра стипендиите.
Конкурсот за учебната 2012/2013 е во тек. Стипендијата е 355евра месечно со кои треба да си покриете сместување, храна и слично каде што ќе идете, а за школарина не се плаќа ништо. Со среќа на сите што ќе конкурираат
Не работат само Кирил и Методиј, и други универзитети работат. И лани и оваа година отидоа од кај мене од универзитет едно 3-4 студенти, една во Холандија знам а за дргите мислам Чешка, ама не ме фаќајте за збор. Јас сакав да алицирам ама се предомислив се распрашав убаво и бидејќи правото као право секаде е различно и немаше да ми ги признаат пола од предметите, па ќе морав тука да ги преполагам, па се предомислив. Обично даваат по еден семестар, и секој месец по 300-400 евра месечно. Еве ви веб сајт http://www.esn.org/ па разгледајте. Ама треба да имате доста добар просек, нема тука врски, туку малку среќа и знаење и труд, една познаничка од кај мене од факултет со просек 9 нешто ја вратија, гледаат и СVто како ти е напишано па проценуваат. И зависи доста од факултетот кој го студираш. Даваат доста за природниве науки и за економски и правен се наоѓа понешто барам јас си најдов во Холандија Кај нас на факултет не силуваа со еразмус асистентите, бидејќи доста од нив преку ова отишле на размена и беа презадоволни.
Спојлер Читав пред некој ден дека и ФОН почнал да работи. Имав во предвид од државните, Гоце Делчев сеуште нема, другарка ми сакаше да аплицира за оваа година, а Климент Охридски само 2010/2011 имале конкурс. Кај нас можеш по свој избор 1 или 2 семестара, ама полагаш на крај на прв семестар и ако имаш добри резултати остануваш и втор семестар исто со стипендија. Зезнато со Еразмус е што треба добро да се распрашате за признавањето испити, зошто може кога ќе се вратите да ве тераат да дополагате некои испити. Познаничка од архитектура после една година во Данска и ги признаа испитите, но ја тераа да ги прави одново сите проекти тука. Паралелно студираше 5та година и посетуваше 2 предмети од 4та. Инаку и таму се на принцип на кредити, си избираш онолку предмети доволни за да си покриеш 30 кредити. Еразмус завршува во 2013, потоа ќе продолжат со слична програма под различно име.
Бидејќи јас преку еден тип на ЕРАЗМУС си дојдов во Италијава, да ви кажам дека се отворени конкурсите и за оваа година. Еве линк кој сака нешто повеќе да се информира. http://www.joineusee.eu/ Се надевам ќе се реши некој да аплицира, навистина е добра стипендијата и не е ништо тешко и комплицирано. Дополнително, за наредните години нема да ја има оваа стипендија, Македонија најверојатно ќе ја има класичната ЕРАЗМУС програма каде даваат многу помалку финансиски средства. Ако му треба помош на некого/прашања и слично, бујрум Ајде женски освојувајте ја Европа.
Еразмус програмата вклучува и други потпрограми на пример како сигма или басилеус. За да можи да се аплицира треба да се има завршена најмалку една или две години на домашен универзитет. ете ви најточни линкови директно од страните па побарај те си шо ви треба : http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/258_ ... _sigma.pdf http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/258_ ... O_TOUR.pdf http://www.basileus.ugent.be/index.asp
Еразмус програмата успешно функционира веќе втора година по ред и на Универзитетот Гоце Делчев, тоа е супер програма, на УГД просек не бараат за аплицирање, меѓутоа го земат во предвид доколку има пријавено повеќе кандидати од твојот факултет. Инаку најбитна им е мотивацијата твоја, како и препораките од професори. Исто така стипендијата месечно не е од 250-300 евра, туку варира во зависност од тоа која држава ќе ја одбереш. Од УГД знам дека за во Естонија даваат 410 евра месечно, Словенија 370 евра, Хрватска 500 евра итн.
Гледав на сајтот на Агенција за мобилност. Добро ова е само за студенти, така? А за дипломирани , за пракса некоја во странство има ли такво нешто?Кој имал искуство нека пише. Инаку се е многу сложено на сајтот.
дечки дали некој има искуство со Ерасмус ,јас сум тотално изгубена со овие апликацииве и дозволи мозволи. Утре ке зборам со координаторот нешо да ми разјасни ако може Има ли некој искуство да пише како е? Што има предност ,просекот или мотивационото писмо?