Еразмус програма

Дискусија во 'Образование' започната од sonuvacka, 13 октомври 2010.

  1. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    29
    Дали некој искрористил стипендија од оваа програма ? Што мислите за неа? Дали има некој што е повеќе запознат со неа?
     
    На lovely92 и howdoyoudo им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    42.321
    Пол:
    Женски
    ЕРАЗМУС

    Со Еразмус програмата ме запозна една професорка додека студирав. За жал не се пријавив, бидејќи и покрај стипендијата, трошоците за живот во странство се многу големи, и во моментот немав можност.
    Програмата е неверојатно квалитетна, има многу смерови, и тука е собран одличен кадар не само на професори, туку и студенти.
    Ако имаш можност, не размислувај, подобра можност од оваа тешко дека постои.
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    3.537
    Еј, добро постои темава, додуша прилично неактивна :)

    Ај да ве прашам сега јас дали знаете некој или самите можеби сте биле на Еразмус размена на студенти??
    Баш гледав и од 8 Ноември го отвараат конкурсот за пријавување за да одиш на рамена наредниот зимски семестар.

    Мене лично ваквата идеја многу ми се допаѓа и планирам да аплицирам, ама не сум запознаена со луѓе од Македонија кои што биле на размена. За во странство знам дека функционира ама како стојат работите кај нас???

    Па секој одговор е добредојден :D .
     
  4. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Колку што знам, на секој факултет има професор кој е одговорен за програмата Еразмус каде би можеле да се информираме. Конкретно, јас лани бев да разговарам и да се распрашам за детали, но за жал ме известија дека во Македонија тоа се' уште не функционира и дека работите се заглавени на некое повисоко ниво, а не на факултетите. Професорката ми спомна некоја државна агенција за не знам што каде завршуваат апликациите и од каде процесот не може да продолжи заради некои проблеми. Не знам дали годинава нешто се потсредило, ама во секој случај, ако профункционира е шанса која не се пропушта.
     
  5. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Erasмus - Ерасмус

    Не знам колку имате слушнато за програмата Ерасмус, се работи за програма за мобилност на студенти да поминат најмаклу 3 месеца во друга држава изучувајќи го факултетот, па еве шанса некој ако знае да ни каже искуства , како и начини за апликација бидејќи многу сакам да аплицирам а не знам ни што ни како :( па ајде феминки кој знае нека повели :) :)
     
  6. flower-92

    flower-92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Erasмus - Ерасмус

    Тука може ќе најдеш конкретно тоа што те интересира. http://www.na.org.mk/pochetna.html
    Инаку, од студентските организации за кои сум слушнала, посебно сите ја фалат ИАЕСТЕ. Еве и линк http://www.iaeste.org.mk/
    Поздрав :)
     
  7. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Има ли некој што бил на постдипломски некаде преку еразмус? и каде се аплицира?Сакам да одам :)
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    1.755
    Не можеш да одиш на постдипломски преку Еразмус.
    Можеш да се запишеш на постдипломски на некој универзитет во Македонија(мислам дека само Кирил и Методиј работат со програмава) и потоа кога ќе објават конкурс да аплицираш за Еразмус размена и да поминеш еден или два семестара на друг факултет во странство.
    Си ја плаќаш партиципацијата на твојот факултет тука, а студираш таму.
    Добиваш стипендија секој месец додека си таму, зависно од државата имам информација дека се движат од 250-300евра стипендиите.
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Конкурсот за учебната 2012/2013 е во тек. Стипендијата е 355евра месечно со кои треба да си покриете сместување, храна и слично каде што ќе идете, а за школарина не се плаќа ништо. Со среќа на сите што ќе конкурираат :)
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.691
    Допаѓања:
    22.147
    Пол:
    Женски
    Не работат само Кирил и Методиј, и други универзитети работат.
    И лани и оваа година отидоа од кај мене од универзитет едно 3-4 студенти, една во Холандија знам а за дргите мислам Чешка, ама не ме фаќајте за збор.
    Јас сакав да алицирам ама се предомислив се распрашав убаво и бидејќи правото као право секаде е различно и немаше да ми ги признаат пола од предметите, па ќе морав тука да ги преполагам, па се предомислив.
    Обично даваат по еден семестар, и секој месец по 300-400 евра месечно.
    Еве ви веб сајт http://www.esn.org/ па разгледајте.
    Ама треба да имате доста добар просек, нема тука врски, туку малку среќа и знаење и труд, една познаничка од кај мене од факултет со просек 9 нешто ја вратија, гледаат и СVто како ти е напишано па проценуваат.
    И зависи доста од факултетот кој го студираш.
    Даваат доста за природниве науки и за економски и правен се наоѓа понешто барам јас си најдов во Холандија 8)
    Кај нас на факултет не силуваа со еразмус асистентите, бидејќи доста од нив преку ова отишле на размена и беа презадоволни.
     
  11. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Каде има подетални информации?
     
  12. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    ^ На страната на уким, кај меѓународна соработка, се' е убаво објаснето :)
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    1.755

    Читав пред некој ден дека и ФОН почнал да работи. Имав во предвид од државните, Гоце Делчев сеуште нема, другарка ми сакаше да аплицира за оваа година, а Климент Охридски само 2010/2011 имале конкурс.
    Кај нас можеш по свој избор 1 или 2 семестара, ама полагаш на крај на прв семестар и ако имаш добри резултати остануваш и втор семестар исто со стипендија.
    Зезнато со Еразмус е што треба добро да се распрашате за признавањето испити, зошто може кога ќе се вратите да ве тераат да дополагате некои испити.
    Познаничка од архитектура после една година во Данска и ги признаа испитите, но ја тераа да ги прави одново сите проекти тука. Паралелно студираше 5та година и посетуваше 2 предмети од 4та.
    Инаку и таму се на принцип на кредити, си избираш онолку предмети доволни за да си покриеш 30 кредити.

    Еразмус завршува во 2013, потоа ќе продолжат со слична програма под различно име.
     
  14. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ве молам ако некој знае дали ќе има продолжување на рокот за аплицирање нека пише.
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    3.537
    Бидејќи јас преку еден тип на ЕРАЗМУС си дојдов во Италијава, да ви кажам дека се отворени конкурсите и за оваа година. Еве линк кој сака нешто повеќе да се информира.
    http://www.joineusee.eu/
    Се надевам ќе се реши некој да аплицира, навистина е добра стипендијата и не е ништо тешко и комплицирано. Дополнително, за наредните години нема да ја има оваа стипендија, Македонија најверојатно ќе ја има класичната ЕРАЗМУС програма каде даваат многу помалку финансиски средства.

    Ако му треба помош на некого/прашања и слично, бујрум
    Ајде женски освојувајте ја Европа. :D
     
  16. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Може некој да ми каже колкав просек е потребен? колку изнесува стипендијата?
     
  17. Liebe

    Liebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
    Еразмус програмата вклучува и други потпрограми на пример како сигма или басилеус.
    За да можи да се аплицира треба да се има завршена најмалку една или две години на домашен универзитет. ете ви најточни линкови директно од страните па побарај те си шо ви треба :

    http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/258_ ... _sigma.pdf
    http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/258_ ... O_TOUR.pdf
    http://www.basileus.ugent.be/index.asp
     
  18. historian

    historian Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Еразмус програмата успешно функционира веќе втора година по ред и на Универзитетот Гоце Делчев, тоа е супер програма, на УГД просек не бараат за аплицирање, меѓутоа го земат во предвид доколку има пријавено повеќе кандидати од твојот факултет. Инаку најбитна им е мотивацијата твоја, како и препораките од професори. Исто така стипендијата месечно не е од 250-300 евра, туку варира во зависност од тоа која држава ќе ја одбереш. Од УГД знам дека за во Естонија даваат 410 евра месечно, Словенија 370 евра, Хрватска 500 евра итн.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    2.715
    Допаѓања:
    2.977
    Гледав на сајтот на Агенција за мобилност. Добро ова е само за студенти, така? А за дипломирани , за пракса некоја во странство има ли такво нешто?Кој имал искуство нека пише. Инаку се е многу сложено на сајтот.
     
  20. AudreyHepburn

    AudreyHepburn Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    15
    дечки дали некој има искуство со Ерасмус ,јас сум тотално изгубена со овие апликацииве и дозволи мозволи. Утре ке зборам со координаторот нешо да ми разјасни ако може:) Има ли некој искуство да пише како е? Што има предност ,просекот или мотивационото писмо?