1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еразмус програма

Дискусија во 'Образование' започната од sonuvacka, 13 октомври 2010.

  1. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Ако некој оди во Англија нека ми пише :)
     
  2. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Би ви била многу благодарна ако некој се потруди да ми ја објасни ова програма.
     
  3. loca7

    loca7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Колку само слабо сме информирани за ова,се гледа по форумите..Ако знае некој дали и кога ќе има презентација од страна на Еразмус Мундус нека пиши :)))
     
  4. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    здраво,
    сакам да аплицирам за еразмус за нареден зимски семестар, но некако не се заинтересирани од мојот факултет да ми помогнат. Постои ли друг начин да аплицирам а да не е преку мојот факултет?? и ако некој бил на размена било каде, секако, ако може да ми објасни нешто подетално, да сподели искуство и тн. Би сакала да аплцирам или за Словенија или за Германија.
    Благодарам
     
    На iamnotaquitter му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stella1

    Stella1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Здраво, гледам дека темава не е баш активна но ако може они кои што биле или се информирани за аплицирање преку УГД да напишат што треба.. Од која година можеш да аплицираш, дали бараат просек и сл. :)
     
  6. teddiii

    teddiii Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    од втора година веќе можеш да аплицираш, значи да имаш 3 семестар запишан, просекот не е битен, но мора да имаш диплома англиски 4 степен минимум
     
  7. iamnotaquitter

    iamnotaquitter Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    20
    Здраво феминки,

    Ако сака да ме просветли некоја за тоа дали во тек се пријавувања за некоја програма за мобилност бидејќи еразмус повеќе не се одвива, а гледам дека и за базилеус нема веќе.
     
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Дали студент на УКИМ на мастер при аплицирање на Еразмус програма во Љубљана, потребно е да има сертификат англиски јазик, и ако да кој е баран?
     
  9. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Може ли повеќе пати да се аплицира за еразмус програма или само еднаш може да одиш?
     
  10. ..Queen..1998

    ..Queen..1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Здраво...јас годинава се запознав со оваа програма баш е супер. Имав предлог да се пријавам за во Сплит, Хрватска ..во последен момент се предомислив ..сега малце ми е криво...Тоа е тоа...ако имате шанси не се мислете воопшто ...веднаш пријаветесе. Јас чекам наредна прилика и одам ;) :$ Од двај чекам наредна прилика :$
     
  11. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Зашто бе никој не пишува за темава? :rofl:
    Ме интересира дали можеш и да работиш некаде дур си на разменава? Има ли некој такво искуство ?
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    @Freja.Stella можеш вкупно 10 месеци, т.е. два семестри. Прв пат доколку аплицираш имаш многу повеќе шанси, за разлика од вториот пат.
    Предност им се дава секогаш на оние што аплицираат по прв пат.
     
  13. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активирам темава......дали некој знае да помага за апликациите....комплоцирано ми изгледа
     
  14. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    290
    Ах, боли темава, оти само што се вратив од Еразмус, и ме фаќа веќе познатата Post- Erasmus Depression :D

    Од мое искуство, не знам што сум чекала до сега, мене последен семестар ми беше, ама ајде здравје на постдипломски пак. Јас бев во Загреб, Хрватска, и немам еден лош збор да кажам за целото искуство таму. Преубав град, шетање, факултетот релативно лесен дека си малку ко привилигиран, или можи дека мене последен семестар ми беше, малку имаше останато, све у свему, супер. Јас избрав Хрватска, реално ради јазикот иако зборувам англиски, и слушав настава и полагав на англиски, сепак мислам дека мислев дека секојдневната комуникација ќе ми биде полесна.Второ, мојот факултет конкретно немаше потпишано договор со факултети пошироко од балканов, така да немав и многу избор.

    Настрана од ова и преубавото искуство, да ве соочам со реалната голгота на процесот, невидени фрустрации и сакање да потепаш се` што е од тетки по факултети и администрации. Толку неинформираност, да се запрепастиш. Најреално, сама спремав се`, сама се акав по институции, има милион процедури, посебно ради тоа што сме non - EU државјани, дадов незнаени пари за преводи, и пак имаше компликации.

    Јас аплицирав минатата година во мај, заминав во февруари оваа година. Да не должам на постов за се` детално, оти има да пишувам до утре, кој го интересира нешто конкретно слободно нека ме контактира преку лп. Јас дојдов уствари да ја пофалам програмава, зошто реално, да не беше Еразмус јас немаше да имам шанси да заминам настрана да студирам, дури и на 5 месеци како сега. Добивав стипендија од 500 евра месечно, што релативно ми беше доволно за се`, освен што не ме известија навреме дека ќе добијам само 3 рати од истата, а другите ќе ми бидат исплатени по завршување. Тоа ме закочи малце, ама се снајдов.

    Убаво е да се искористи, некој ти плаќа да одиш да видиш светот што се вика :D е сега, не дават на сите, треба валјда да исполнуваш некои критериуми. Јас искрено не знам кои се, зошто сум релативно добар студент, се ми беше исчистено и мојот факултет е реток, така да, нема многу конкуренција. Ама ако се решите за аплицирање, бидете спремни дека ќе наидете на многу неинформираност и долг и тежок процес.
     
    На TrinityNeo и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. ..Queen..1998

    ..Queen..1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Здравоо и од мене ...јас точно пред три недели се вратив од Erasmus програмата. Јас имав аплицирано за во Сплит, Хрвтаска. Искуството е непроценливо. Да, има многу документација која треба да се среди пред да се замине, но мојот факултет беше доста организиран и за се навремено ме извести па дури и ми помогна, ме подучи како таму да ми биде полесно. Имав голема среќа за смештајот, го најдов пред да заминам.
    Единствено не сум задоволна од полициската администрација, никаква органзираност и се помало, помало, што би рекле самите они. Секојдневно се склучуваат нови пријателства, што можеби ќе траат цел живот. Шетање, патување ...животот на море е навистина прекрасен. Имав можност да ја прошетам скоро цела Хрватска. Недела дена во Осијек и едно прекрасно село Дарда, Задар каде бев на концерт на Петар Грашо, Омиш, Солин, Трогир, Скрадин и националниот парк Крка, Превлака што е скоро на граница со Црна Гора и Конавоски двор во близина на Цавтат каде бев на неколку дена, Дубровник, Макарска. Прошетав и на Супетар на островот Брач. Сплит е прекрасен, голем град. Град кој треба да се посети, има каде да се прошета, Сплитската рива (шеталиште), Диклицијановата палата, Маријан кој е парк на природата. Секој град своја приказна. Има голем број на кафиќи.
    Се на се прекрасности, прилика која не треба да се пропушти. Ти велат еве ти пари, ти само шетај и учи, ништо повеќе, дури после толку многу шетање и пари останаа. Сите испити на време положени, што е супер. Има уште многу работи за кој можам да пишувам, кој е заинтересиран или има некое прашање слободно нека ми пише во лп. Лијеп поздрав. :* :$
     
    На TrinityNeo, Priroden и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што се бара меѓународно признат сертификат за познавање јазик, за кое ниво полагавте и кој вид на тест? Благодарам :)
     
  17. Kate89love

    Kate89love Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2017
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    25
    Нечие искуство со Еразмус? Особено со универзитетот во Марибор (Словенија), или пак општо знаење за тоа?
     
  18. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    152
    Дечки има некој што преку Еразмус заминал во Англија?
     
  19. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Дали има некој што заминал како волонтер преку еск проекти поддржани од еразмус?
     
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со стаж или престој во Ирска?
    Даблин и Белфаст конкретно.

    И уште нешто помеѓу Виена и Загреб, и Љубљана исто, каде е подобро да се отиде, настрана факултетот?