Здраво дали има некој од Медицина за да ми каже како и што треба да да имаш за да можиш да идеш на еразмус? Или било кој што се разбира доволно. Ве молам за помош
Најдобро ти е да прашаш директно на факултет, секој факултет има одговорен професор (на Медицински може и посебно да има одговорно лице зашто е поголем факулет) за Еразмус програми и меѓународна соработка. Они најубаво можат да ти кажат што е активно во моментот и кај можеш да аплицираш, плус дали/како е системот на признавање на кредити. Дополнително, на веб страната од МОН објавуваат конкурси од време на време, ама мислам не се најажурни и редовни и од мое искуство не одговараат често на мејлови. Сепак вреди да се погледне за информација.
Здраво дечки. Дали има некој што студира на родови студии и бил еден семестар во друга држава? Преку Еразмус секако.. бидејќи во никој од договороте на уким со други факултети нема родови студии.
Дечки дали случајно имате искуство со еразмус мобилност, смер маркетинг? Дали има конкуренција, каков е изборот на универзитети и слично?
Ме интересираат неколку работи. Дали доколку имам стипендија од МОН морам да се откажам за да земам стипендија од Еразмус? Дали истите предмети од конкретниот семестар се учат и во другата држава и после ми се признаени тука? Што се случува ако ништо не положам? Има казна некаква? Дали е доволно познавање само англиски јазик или мора да се знае и јазикот на државата во која ќе учиш?
Дали има некој што бил семестар во странство преку Еразмус? Би сакала да ме исконтактира, јас бев заинтересирана па сакав искуство од прва рака.
Исти предмети може не, ама слични сигурно ќе најдеш спореди во силабусот, не се води по името на предметот. Ти потпишуваат документ од твој институт пред размената, што ти е некој вид на "гаранција" дека раководителот ги одобрува предметите. Во поголем дел од случаите ги признаваат целосно, реткп некој да те врати да доправиш семинарска, труд и сл. Може и предметите да ти бидат и од следните семестри, не мора да значи дека треба да се од истиот семестар (што е и логично, бидејќи две исти програми нема). Исто ќе си бараш од другиот факултет предмети од сите години, само семестарот да е тековниот, зашто ретко да ти излезе пресрет ако не е предметот од тековен семестар (зимски/летен). Казна немаш, само нема шанси да не положиш ништо. Зависи од Универзитетот/државата, ама некаде се многу интересни неформални предавањата, некаде поактивно со истражувања, предавање, тестови, ама скоро и да немам слушнато никој да се пожали. Поразговарај со раководителот/профрсорите да видиш некој да не случајно не ти дозволи на крај испит да полагаш. Има поедини професори со вакви услови. Јазик бараат англиски, за тамошниот ако сакаш треба веројатно сертификат да приложиш. Мислам дека кажав се', ако имаш прашања дополнителни пиши.
Дали ако имаш заглавено на факс пример полагаш уште од трета година а требало да завршиш пред година две, дали може да се иде на еразмус и кои се постапките за сето тоа? Помош
Сум била. Програмата е супер, но скоро сите несериозно ја сфаќаат откако ќе стигнат. Не ми се допаѓа тоа што само неколку сработуваат (на прсти се бројат), а другиве да не речам само шетаат. Ама па кога ќе видам, нив поубав им излезе животот. Ех!
Некој да сподели искуство, како е, дали вреди и дали ги рефундираат целосно средствата? А и како иде тоа со платена пракса преку еразмус, дали има идено некој?