ЕРДЕЛ ТЕРИЕР Стандард: бр 7 - Велика Британија Краток опис: Ердел Териер (често се скратува и се вика „Ердел“) е раса на куче која потекнува од Ердел, географска област во Јоркшир, Англија. Традиционално е наречен „Крал на териерите“ бидејќи пред создавањето на Црниот Руски Териер. Од страна на KGB во Русија, Ерделот беше најраспространета раса од семејството на териери. Ерделот исто така едно време беше познат под името „Waterside Terrier“, бидејќи обично бил дресиран да лови видри во и покрај реката Ер која поминува низ Ердел. Во Англија оваа раса на куче е користена и како полицииско куче. Воопшто, тој е многу жив пес со решителен израз. Постојано е внимателен, не е агресивен ниту плашлив. Глава и череп : Черепот е долг и рамен. Не е широк меѓу ушите, а кон очите благо се стеснува. Главата му е пропорционална, без јасна разлика во должина, а има сосем малку видлив стоп. Носната габа му е црна. Очи: Темна боја. Уши: Имаат облик на буквата V. Врат: мускулест, средно долг и јак. Предни нозе : Долги плешки, рамни, коси, добро поставени наназад. Предните нозе се потполно рамни, со јак скелет. Грбот е краток, снажен , рамен и мазен без олабавеност. Градите се длабоки но не широки. Задни нозе : долг и снажен, со мускулна потколеница, и со добро аглест коленски зглоб кој не е ниту надворешно ниту внатрешно нагласен. Шепите се мали и тркалезни и компактни, со добро изразени и потполнети перничиња. Опашката е високо всадена. Се купира, не е свиткана над грбот, има добра маса и снага. Влакна: Тврди, густи и еластични, но не и толку долги. Тие се мазни и рамно прилегнати, потполно ги покриваат телото и нозете. Боја: Седлото е црно или со боја на гризли. Црни се и вратот и горната страна на опашката. Ушите имаат потемно пламена боја. Висина и тежина : висината на гребенот кај мажјаците е 58-61 цм, а кај женките 56-59 цм. Како што знаете, јас чувам примерок од расава. Кучињава се ИНАТ. За да се издресира Ердел треба да се има цврст карактер. На овие кучиња ако им се попушти еднаш, тоа ќе го злоупотребат и ќе ја прават истата грешка на која сте им попуштиле повторно. Уште од рана возраст треба да им се покаже дека сте посилни од нив со тоа што ќе видат како го предводите вие вашиот чопор. Од мене и татко ми најмногу се плаши, но и најмногу не' сака. Како? Со наметнување на авторитет. Ние сме тие што најмногу и' забрануваме. Исто така, кога би земале Ердел териер треба да знаете дека мажјаците се повеќе свесни за нивната сила од женките. Женките остануваат мирни и мили, а мажјаците се уозбилуваат повеќе и се рамнодушни кон непознатите. Но, и мажјаците и женките ја задржуваат разиграноста. Беки, на пример не е свесна колку е голема, сака во скут да ми седи како мачка. И пред да земете Ердел Териер, треба да знаете дека овие кучиња ќе ви го исполнат животот со смеа и радост, зошто се едни од најдуховитите и најнеозбилните кучиња меѓу кучињата. П.С. Може да отаварме повеќе теми за одредени раси на кучиња/мачки за да дискутираме повеќе во врска со нив.
Каде ми е паметот мене... Заборавив слики да постирам. Кучињава се неверојатни. Од лов на видри, до лов на мечки, па полицииски англиски кучиња, па работни кучиња (влечат мали приколки, исто така на тие ердели целосно се кратат опашите), дури и во прва светска војна шетале на бојно поле за да однесат лекови на војниците, а денес во повеќето домови како лојални сопатници и чувари на домот. Најмногу ме воодушевува нивната издржливост на болка, многу се толерантни кон болка ерделите. Но, и ме загрижува зошто не секогаш Беки покажува дека нешто не е во ред.