1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еротика Фест во Скопје

Дискусија во 'Секс' започната од Saya, 12 април 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    и јас сум опенмајн 8)
    Kамшици,лисици,робови, садо-мазо во нормална величина и такви работи, се е ок, ме привлекуваат и палат :rofl:
    Aма дефинитивно не ме палат овие работи како Eротика фест :D
    далеку од конзервативче сум јас, ама не би идела на вакви свечени 'церемонии'
    искрено не би сакала да гледам како се е*е некој пред мене!
    Eдноставно тоа сум јас, не ме привлекуваат тие работи ;)
    досега никогаш не сум гледала порно со дечко ми заедно, не сум изјавила желба, а ни тој.... :rofl:
    Aма ако некој сака и се возбудува на овие работи, нека си земе билет за Eротикава
    зашто сигурна сум дека ќе биде прва и последна :D
    Aма знаејќи го Mакедончето (машкиве)
    можам да замислам дека ќе нема внатре место ни да се пр*не :lol:
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ако добиете било каква информација за цената, одма пишете.
    Само да е прифатлива, одам со еден дечко и после дома..... аууу не знам. 8) :lol:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686

    Изввртени, болни, гнасни сексуални посакувања...
    Многумина ги имаме очигледно

    На страна, кога ќе отворите веб браузер и на гугл ќе пишете порн(нешто).цом ја поддржувате порно индустријата, ги промовирате сексуалните изведби и обзервирате луѓе кои се платени (или присилени) и ако сте против проституција, тоа е лицемерие.

    Истото и со фестивалот, значи со самото учевство во еротика фест во ск, со гледање порно филмови и сл, вие афирмирате дека ја поддржувате порно индустријата и проституцијата.

    Од економски аспект
    побарувачка=понуда

    Зголемената побарувачка ја зголемува понудата, во овој случај поради вашата голема заинтересираност бизнисот цвета, се отвараат нови добро платени работни позиции за вреден кадар (вредни работнички), а кога спомнав дека тоа може да биде вашата ќерка, зошто не би била кога тука лежат парите? Кога ќе порасне сама ќе си избере пари или морал, 200 евра месечно или 200 евра дневно. А бизнисот ќе постои затоа што некогаш мама и тато го поддржувале.
    И не сакам некој да ми зборува за морал, дека ќе пренесува морал на своето поколение додека поддржува неморал. Тоа е себично и лицемерно.
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Ве читав сите внимателно и не ми се верува до каде ја однесовте темата. Јас ќе кажам за себе, ДА сум била и пак би одела. Е сега неможам да поверувам како можат девојки кои воопшто немаат деца да си дадат за право да коментираат дали мама и тато одат, и дека со тоа бизнисот цветал. Еве јас имам 5 годишна ѓерка и незнам она каков пат ќе одбере во нејзиниот живот. Јас сигурно ќе ја учам што е добро, а што е лошо. Јас лично на порно индустријата гледам како на секоја работа. Одат на работа (снима филм), зимаат плата за тоа како и сите ние. Тие го одбрале тоа за работа ( професија), а јас мојата професија. Секој кој што чесно заработува не треба да се жигосува, без разлика на тоа што работи. И уште нешто пострашно ми е денешните девојчиња што си ги продаваат телата за едно пиво или за еден мобилен, него некоја проститутка која си заработува за да си ги прехрани децата.
     
    На Theodora, Strumfeta93, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се извинувам за реакцијава, ама, Faye, да не си претера ти малку со овие споредбиве однесени во крајност?
    Што е болно и гнасно? Анален? Или поза освен мисионерска со цел на затруднување? Се надвор од тоа е болно, гнасно сексуално посакување?

    Знаете, не ми е гајле ако некоја девојка е верник да речеме, чисто како пример, и сака да има само еден партнер, мажот, и ми рече - слушај јас сум вака и вака воспитана, патријархално, не сакам да го искусам сексот пред да се омажам, не сакам да одам по саеми, не сакам да гледам порно итн. ок акцептирам. Има став и цврсто си стои зад тој некој став и пред се не се срами да го каже гласно и јасно. Се додека не почне да ми проповеда за морал а зад затворени врати прави нешто можеби три пати полошо од тоа што го правам јас, или пак го посакува, тука ставам знак еднакво. Чисто теоретски, а има вакви луѓе. Лицемерие од кое ми се прип*де да ми простите.

    Е од ова се ежам.

    Во случајов, споредбата не ти е на место, и единствен некој кој морализира овде си ти. Тато и мама ако гледаат порно не мора да значи дека сите деца им се потенцијални Роко Сифреди или Џена Џејмсон спремни за првата клапка. Смешно е луѓе, дајте :) Не знам за другите, ама јас кога гледам порно, па јас сакам да сум ко Џена, море и поарна! Кој не сака порно глумица во спална, ај кажете ми? :D

    Абе гласам за здрав сексуален живот и крај! Дајте повеќе вакви саеми, ќе биде интересно :) Не мора сите да одат, нормално, никој не го ни очекува тоа, ама дајте да не морализираме и проповедаме небаре сме испратени од некоја црква да шириме морал меѓу луѓево, пошто благодарение на фестов, некако ни забегаа а? :^)
     
    На girl1985, Estelle, Theodora и 3 други им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Каде пишува дека сум против проституција?...Јас лично не сакам да се занимавам со тоа, но ако некој смета само тоа сака и може да го прави, само напред, нека повели...
    Едно е гледање, друго е учество, проституцијата постоела отсекогаш и ќе постои, мама и тато се само набљудувачи, зошто да не видам нешто што е несекојдневно и интересно... Да, мене ми е интересно да видам нечија ќерка и нечиј син како изведуваат нешто што не го правиме сите јавно, можеби нешто и ќе научам, ќе подобрам мојот секс. живот, сепак тие сами тоа си го избрале, без разлика на мотивите или причините, затоа реков секој со свој памет ....Секој си го бира начинот на живот и зработувачката, која сум јас да судам, која сум јас да ширам морал наоколу...
    Моја должност како мајка е да ги учам моите деца, да ги воспитувам и образувам, да им всадувам морални вредности, да се сакаат и почитуваат себе се, колку ќе прифатат тоа зависи од нив, зависи што и колку ќе сакаат да прифатат, јас можам и на трепки да стојам, да се откажам од нив, но ако сами решат дека сакаат 200 евра да заработат а при тоа да не им гајле што мисли околината и дали ќе бидат за потсмев, за гледање и пипкање, или пак ќе се гордеат со тоа што го прават ...јас тука ништо не можам. Отсекогаш проституцијата била најлесна и најбрза заработувачка, зарем јас не можам да раширам нозе и оп 200 евра во џепче....можам ама не сакам...не ми е предизвик ниту пак вокација...
    Ако гледањето порно е неморално, тогаш и сексот е неморален...
    Вака излезе дека сите што гледаме порно сме неморални, себични и лицемерни. :x
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    http://zazabava.com/erotika-fest-vo-skopje

    Значи секс пред вас нема да има, не се плашете.
    Се изнапишавте на темава коментари како сексот да е некоја црна чума, крст однопаку опнете ако не. :D
    Ќе има нешто како стриптиз, што е тука страшно? Не сте сакале некогаш да отидете во некој стриптиз бар и да погледате секси убави тела?
    Не бидете како некои баби аман. Не сте гледале порно филм досега? Мене повеќе ме плашат девојчиња на 14 години што се облекуваат ефтино, и излегуваат со машки за пари, за скапо парфемче или за парче облека. Е тоа ми е страшно што го има, а ова е само фест.
    Опуштете се малку, многу сте стегнати ебаго. :D Пууу какви парти грлс сте вие бе?
    Па и проституција, би сакала да се легализира. Тоа е најстариот занает што го имало и ќе го има. Барем вака нема да има гнасни пред мтв, ќе бидат здравствено проверени, и ќе си биде како секоја работа. Кој не мора, нека не работа.
    Разликата е во тоа што секретарката што работи во биро ќе ја оговара легализираната проститутка, а таа истата се секса со шефот во канцеларија и ќе ми шири морал. Смешки. :lol:
     
    На Theodora, Trendafilka, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.063
    По 100 оче наш дневно во рок од 100 дена и купка во када со темјан и крстена вода.Зејтин у петок и лепче на пеење до Велигден.Ајт.

    Клуч!Пости се луѓе,аман.
     
  9. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Како прво немаме култура за вакви фестивали. Можам да претпоставувам што ќе се случува... 95% напалени ергени кои што со око не виделе жена застанати у прв ред и урлаат.

    Па нели тоа се случува и по дискотекиве наши кога ќе се доенсе некоја танчерка, само машки зркнати и на секои 10 мин трчаат во wc.

    Јас немам ништо против, дури сметам дека со тоа ќе си го подобрите сексуалниот живот, дури и ќе соберете храброст и вие да му одиграте нешто у спална. :))

    Ја лично имам појдено во стриптиз бар во Струга со мојот дечко и со уште еден друг пар, и кога влеговме во локалот луѓето почнаа да шлапкаат и да извикуваат кога видоа дека во барот влегуваат женски, седнавме на една маса и сите беа зркнати кон нас, бевме поинтересни и од танчерката која се вртеше на шипка, дечковците зажалија што не донесоја, место тие да оплакнат очи , цел бар машки плакнеа очи со нас (да не испадне муабетов дека ние бевме поубави, ама бевме атракција до тогаш највероватно женски не стапнале у барот) .
    На ваков фесттивал би пошла НО во друга држава, кај нас СЕУШТЕ не
     
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Доколку сум во можнист би одела зошто да не....Сакам нешто различно,да разбие монотинија.Све нешто исто се дешава во нашава држава.Зошто па и да не посетиме ваков настан.Интересни ми се тие настани со стриптизерки и слично.Барме кај нас кога ке донесат некоја танчерка интересно ми е да ја гледам. :D
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Дали некој знае кога ќе се пуштат картите во продажба и по која цена. Инаку му го кажав фестиваличето на мажулето и е кандидат за одење :rock: :rock: :rock: само реков ако се пристапни цени :devil:
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    еве се информирав за цените :lol: :lol:
    Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 20.04.2011 (среда), по цена од:

    * 1000 денари обична

    *1250 галерија

    * 1500 vip
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Аууу и Тамара Тодевска ќе се соблекла на фестивалов. Невероватно :)
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.409
    Пол:
    Женски
    Малку скапички :o а баш сакав да одам и да го почестам мажулето.
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    А во што е е разликата, како можам да дознаам?....Скапички се да...ама ако веќе одиме би избрала вип, се би сакала да видам... :)
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас давам голем аплауз за идејата :clap: Не ми е јасно зошто луѓе реагираат срамота било, гадно било, вакво било такво било. Прва работа ова за нас е нешто ново и интересно поготово затоа што се уште има луѓе што си го тераат нивното МЕНЕ ШТРКОТ МЕ ДОНЕСЕ. Ептен ми е криво што картите се вака скапи иначе одма ќе отидев.
    А најтрагично е тоа што ако отиде машко на ваков настан одма му се лепи етикета Највечи фраер у друштво, а ако отиде женско кур*а. Епа дами мои за ова никој не ни е крив сами си го правиме тоа. Јас колку што знам кога ќе му кажеш на машко имам гледано порнич никогаш не те прцка со света вода него баш ти се восхитува затоа што не се глупираш да лажеш.
     
  17. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    Идејата можеби е пресмела за поконзервативниот карактер на нашето поднебје,но таа е интересна и истовремено ја носи и матрицата на последното табу од ,,west world,,пред нашите врати.
    На вас девојки најискрено не ви е лесно,бидејќи воглавно поголемиот дел од вас имате желба да присуствувате и едноставно да видите, но стравот од реакцијата на средината,од можноста да бидете видени на место кое,,не е за вас,, ве спречува во намерите,што е доказ дека на сите нас ни треба време, кон овие работи да започнеме да се однесуваме понормално,односно на ова да гледаме како на составен дел од нашето живеење.Правото на избор секако дека постои.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  18. persivojka

    persivojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    kako da e otidam na vakov nastan? seksot e sosema normalna rabota i erotikata istoo.. nema shto da se sramime od toa .. site go pravat toa nema zashto da mi bide glupo da go posetam festivalov :)))
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Секс во живо ќе гледаат посетителите на првиот еротски фестивал "Еротика фест", кој ќе се одржи задутре во Скопје, во Метрополис Арената. Организаторите на фестивалот најавија дека по еден часот по полноќ, повеќето од учесници ќе имаат секс во живо меѓу себе, за уживање на посетителите.

    :puke: Е ова е веќе одвратно
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Се океј, али секс во живо, не фала :)
    на страна моралот и друго, него јас не се осеќам пријатно да гледам. Абе луѓе сакате речете ме баба али мене ми е срам да гледам секс во живо :D си гледам и јас порничи по дома, ама не е исто. Дома си сам, или евентуално некој близок, а не на саем со 2000 луѓе околу тебе. И јас треба да зјапам ко да незнам што е тоа, да пукам сеир, да учам нешто или да уживам? па ништо од ова не би можела вака јавно
    Друго е стриптиз, фаќање по малку, голи цицки, па играчки некои, презентирање, али апла чист секс....не, не

    Замислете ситуација, се сексаат двајца на сцена, а илијадници очиња ѕверат во нив. Ова ми е болно (со извиниение на тие што ќе одат да гледаат). Воајеризам. Јас пре би отишла на стриптиз и би му платила lap dance на дечко ми, чисто ради стимулација, па после јас дома ќе за завршам работата :D

    И цениве се високи
     
    На Estelle и thatsmysecret им се допаѓа ова.