Каква облека носите во есен? ЈАс би сакала да си купам некои фустанчиња слатки со чизмички кратки, и секако, со подебели хулахопки или хеланки. Каде би можела да најдам низ продавниците по скопје такви фустанчиња?? Вие ги носите ли во есен?? КАде ги купувате.. Ги има во тера нова или ОВС индустри?? Или манго ..каде ги има??? И секако ке ги носам со хулахопки подебелки, некое слатко фустанче, пократки кафеави чизмички и некоја јакничка кожна... НЕкое фустанче во есенска боја сакам кафеаво, зеленко, крем боја... И постирајте и други слики од парлчиња облека кои ги носите во есен... Се надевам ова е корисна тема за дискусија за есенска облека
есенска облека малце е рано ама можеш да искомбинираш едно убаво фустанче хеланки и убави чизмички во тера нова и елит гарант ќе донесат нешто
есенска облека побарај на страницата на polyvore има доста интересни парчиња на облека. мене следниве, најмногу ми се допаднаа за есена доба... http://www.polyvore.com/hi_little_ponny/set?id=27838935 http://www.polyvore.com/beauty_in_cream/set?id=30153104 http://www.polyvore.com/nostalgia/set?id=30378778
Мојот плакар Епа вака ... мојот плакар не паѓа врз мене кога ке го отворам ... а можам да кажам дека е полу празен. Но сега работата е во тоа каква облека треба да носам за во есен ... која ке биде во стил. Каква боја преовладува во носјата во есен? Бидејки не ја следам модата и не ги следам модните трендови затоа ... ни не се разбирам
Мене ми се допаѓаат некои нежни бои на фустанчиња со туфни аа која боја на хеланки ке дојде во комбинација со твојот предлок?
Бока ако не пратиш мода тогаш не би требало да се интересираш што е во мода, а ако те интересира ќе треба да почнеш да пратиш. Облечи си тебе што ти одговара и што според тебе е модерно и да е тоа по последна мода. Од есенска облека се знае, да не е многу дебела, ни многу тенка, да те топли, а пак да не ти биде жешко. Комбинација на маички со кратки ракави со сакоа, маички танки со долги ракави, танки пантолонки, сукњички со хеланки или хулахопки и чизмички или штикли, имаме голем избор.