Што мислите за наметките, кои се повеќе модните дизајнери ги вклучуваат во нивните креации и кои ќе бидат хит оваа есен? Дали би ги носеле истите? Дали веќе ги забележавте низ продавниците и по која цена?
Мене многу ми се допаѓаат посебно кога се во тиркизна боја....кај мене во мојот град цените се околу 800 ден ама ги нема во многу бутици и нема баш голем избор.
Какви се тие наметки ? ако може слика да видам дали се тие што ми се свиѓаат веќе подолго време .. но тие и минатата година се носеа изгледа не мислиме на исто ...
Ако под наметки подразбираш пончо, како што е погоре постирано, тогаш да ми се свиѓаат и би ги носела и веќе некое време се канам да си купам само што нигде низ градов не сум сретнала Дизајнерите веќе некое време ги вметнуваат во нивните есенски колекции не знаев дека и оваа сезона ќе бидат пак актуелни. А доколку не станува збор за пончо-наметки, постирај слики за да видиме на што конкретно мислиш
Да, мислам на такви наметки како постираните, но за жал се уште ги нема во мојот град... пред малку ги барав низ продавниците, ги немаше, забележав само волнени блузи на кратки или четврт ракавчиња. Спојлер http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B0/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-hm-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD-2011
Имаше во ланската колекција на Калиопе модел на пончо. Штосна работа ама не му стои на некој. Некои се движечко мече во нив Јас немам во мојата гардероба ама ако ги донесат оваа сезона кај нас, дефенитивно се подновувам со некое. Освен пончо ми се свиѓаат и ваков стил на наметки или болера во што и да спаѓаат Ова за доцна есен, ама заљубена сум во него
Па... имам едно, подарок ми е од братучетка ми. Црвено и плетено, лабава плетка, како со дупки му доаѓа, горе малце како ролка, ама не залепено за вратот, туку лабаво. Оваа есен т.е. зима ќе му биде трета по ред како го носам. Совршено е за во есен, а на зима го носам под капут, да ме топли. Спојлер Вакво е слично, само како што веќе кажав, полабава е плетката, не е вака збиена.
Не носам. Не се за моја возраст некако, не знам, како за повозрасни ми изгледаат.... Но сепак се до вкусот...
Лани си купив од Еуро Азија пончо.Навистина е убаво,темнокафеаво,ама еднаш го имам облечено Тогаш ме фати мерак за пончо,и ене го стои .Мислам дека не стои на секој,убаво му стои на висок човек,а јас не сум многу,165цм,па се осеќам како да се губам во него. Инаку многу ми се допаѓаат. Спојлер
Имаше во Певекс вакви палерини,абе одма се потрошија,Во моментот немав пари следниот ден ниту една,Многу ми е мака.